Македонски форум за електроника

Електронски уреди => Компјутери и галантерија => Topic started by: Acki2009 on 26.09.2013, Thursday, 20:25:39

Title: Потребна ми е помош за сервисирање на полнач од лаптоп Asus PA-1650-66
Post by: Acki2009 on 26.09.2013, Thursday, 20:25:39
Значи се работи за полнач од лаптоп марка асус модел PA-1650-66 out 19V 3,42A. Проблемот на овој полнач е тоа што сигналната диода трепка нонстоп т.е не полни. Прво што направив го измерив електролитот 120uF 400v еср метарот кажува дека е добар исто така го проверив и електролитот од 22uf 50v и тој е добар, ги измерив сите полупроводници транзистори диоди све е исправно отпорници и т.н. Дали некој се сретнал со ваков проблем, што би можело да го прави падот на напонот.
Title: Одг: Потребна ми е помош за сервисирање на полнач од лаптоп Асус
Post by: Hahahaha on 26.09.2013, Thursday, 20:28:08
Да не ти е скинат некаде кабелот да се спојуваат плусот и минусот  :)
Title: Одг: Потребна ми е помош за сервисирање на полнач од лаптоп Асус
Post by: Acki2009 on 26.09.2013, Thursday, 20:38:40
Го пробав и тоа ја откачив масата пак е исто.
Title: Одг: Потребна ми е помош за сервисирање на полнач од лаптоп Асус
Post by: LordZi on 26.09.2013, Thursday, 21:03:56
Пред да мериш ЕСР итн. дали провери со сигурност дека нема никаков напон на излез, да не е проблемот во лаптопот...?
Title: Одг: Потребна ми е помош за сервисирање на полнач од лаптоп Асус
Post by: Acki2009 on 26.09.2013, Thursday, 22:45:09
Полначот е дефектен на него трепка лед диодата не на лаптопот, тој си е океј.
Title: Одг: Потребна ми е помош за сервисирање на полнач од лаптоп Асус
Post by: Toma on 26.09.2013, Thursday, 22:54:07
Русите велат дека шемата во прилогот треба да е иста со твојот полнач!

Code: [Select]
https://www.megacloud.com/s/5bC3sg6OUiN/ASUS_PA-1650-56LS_Charger_Schematic.rar
Code: [Select]
http://www.rom.by/forum/Na_vyhode_Asus_PA-1650-66_plavaet_1_5_2_8_V
А оваа треба да е едната страна од полначот!

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/e12a87987d.jpg)
Title: Одг: Потребна ми е помош за сервисирање на полнач од лаптоп Асус
Post by: Acki2009 on 26.09.2013, Thursday, 23:03:33
Па да ист е како на сликата
Title: Одг: Потребна ми е помош за сервисирање на полнач од лаптоп Asus PA-1650-66
Post by: GigaWatt on 27.09.2013, Friday, 03:13:31
Полначот е дефектен на него трепка лед диодата не на лаптопот, тој си е океј.

Си го пробал да го полниш лаптопот со друг полнач?

И не ми е јасно, која диода трепка? Под претпоставка дека шемата што ја има post-ирано Toma е онаа која ни треба, на неа има две LED диоди, едната е за power а другата... не знам за што е, означена е како optional. Најверојатно е некоја LED диода за индикација. Која од нив трепка?

Исто така, IC301 од шемата не е означено. За кое коло станува збор?
Title: Одг: Потребна ми е помош за сервисирање на полнач од лаптоп Asus PA-1650-66
Post by: SKOLS_OLD on 27.09.2013, Friday, 12:18:04
Gigawatt,изгледа тоа не е диода(што пишува optional) тоа не е оптокаплер?Нека го провери тоа LTA809 ,тоа да не е прегорено,бидејќи интергрираното коло(ЛТА809) осцилира,го отвара и затвара МОСФЕТОТ и трансформаторчињата спроведуваат.Но,недоволно брзо (затоа трепка диодата),па паѓа напонот и ја активира само диодата.
Title: Одг: Потребна ми е помош за сервисирање на полнач од лаптоп Asus PA-1650-66
Post by: GigaWatt on 27.09.2013, Friday, 12:48:09
Да, изгледа си во право, изгледа R304 е optional, а диодата е дел од оптокаплер ;). Го најдов „остатокот“ од оптокаплерот на шемата ;D.

А ако трепка диодата за индикација на power, бидејќи изгледа само таа е, да, SKOLS е во право. Треба да се провери LTA809 и околните компоненти, пред се оние со кои се дефинира switching фреквенцијата.
Title: Одг: Потребна ми е помош за сервисирање на полнач од лаптоп Asus PA-1650-66
Post by: Acki2009 on 27.09.2013, Friday, 14:48:56
Оставате го лаптопот он е во ред си работи со друг полнач, лед диодата трепка на полначот, но како да го проверам LTA809.
Title: Одг: Потребна ми е помош за сервисирање на полнач од лаптоп Asus PA-1650-66
Post by: GigaWatt on 27.09.2013, Friday, 15:56:01
На monitor.net.ru пишува дека LTA809 е всушност TSM103 и пишува дека е двоен операциски засилувач со voltage reference, ама според врзувањево на шемава од Toma и datasheet-от од TSM103, не ми изгледа како да е операциски засилувач LTA809.

Потоа, во истата тема пишува дека е направена грешка и дека LTA809 е всушност SG6741 и врз база на шемата и datasheet-от за SG6741, веќе е по логично ова да е колото ;).

Од тоа што разгледав во datasheet-от, малку е тешко да се направи test circuit за ова коло. Но, можно е да установиме дали воопшто проблемот е во него или не.

Прво, извади го колото од плочката и види дали пак ќе трепка LED диодата. Ако не трепка, значи дека ова коло било одговорно за повремено switch-ување на MOSFET-от. Потоа, провери ги R103 и RT100. На шемата не се означени, така да, освен ако нема ознаки на самите компоненти, не знам која вредност би ја имале. Во datasheet-от пишува дека со 26K отпорник према маса, се добива PWM сигнал со фреквеција од околу 65KHz. Значи, врз база на овие информации, вкупната отпорност на R103 и RT100 би требала да биде поголема од 26K (најчесто, овие switching напојувања работат на фреквенции од 100KHz па нагоре, така да, најверојатно вкупната вредност им е поголема од 26K).

Провери го и оптокаплерот и C102 и C103. Всушност, најдобро е ако прво него го провериш. Не е лошо да ги провериш и C054 и C054-1, можно е да се во краток спој. Провери ја и D151 и R151.
Title: Одг: Потребна ми е помош за сервисирање на полнач од лаптоп Asus PA-1650-66
Post by: Toma on 27.09.2013, Friday, 16:06:37
Ако шемата одговара тогаш необележаното IC301 би требало да биде M103AI (TSM103AIDT) кое што е DUAL OP-AMP AND VOLTAGE REFERENCE и кое исто може да прави проблем !
Title: Одг: Потребна ми е помош за сервисирање на п&
Post by: SKOLS_OLD on 27.09.2013, Friday, 18:16:23
Оставате го лаптопот он е во ред си работи со друг полнач, лед диодата трепка на полначот, но како да го проверам LTA809.
На лаптопот диодата(за полнење) ти трепка,или пак диодата на полначот(адаптерот)?Провери,како што ти каза Гигават.Смени го тоа коло,провери ги околните елементи околу него.Најубаво,вади ги еден по еден, ако не, и така провери ги.Па врати ги,залеми ги.И провери го оптокаплерот.Мозе да тој операциски да не праќа сигнал(праќа преку оптокаплерот) за главното коло(ЛТА809) и овој да не го побудува МОСФЕТ-от.
Title: Одг: Потребна ми е помош за сервисирање на полнач од лаптоп Asus PA-1650-66
Post by: warningteam on 27.09.2013, Friday, 20:30:10
Како што сватив од ова ваљда му трепка сијаличката што се наоѓа на полначот зелена е обично,  али колега трепка баш она треп па нема нема па пак треп или она како да ослабува во светењето брзо па пак се враќа и се така  ? ако ослабува во светењето  ондак имаш проблем кај излезот  извади го кабелот и на инструмент намести за диоди испитување  провери една па друга жица да не ти е стопен внатре кабелот па да праи спој  види дали ке има  свирење на двете жици кога ке допреш на пример + :)
Title: Одг: Потребна ми е помош за сервисирање на полнач од лаптоп Asus PA-1650-66
Post by: Acki2009 on 30.09.2013, Monday, 15:13:51
Дечки полначот се среди со менување на оптокаплерот и операцискиот засилувач LTA809, не се нови компонентите но мислам дека нема да имаат проблем.
Title: Одг: Потребна ми е помош за сервисирање на полнач од лаптоп Asus PA-1650-66
Post by: GigaWatt on 30.09.2013, Monday, 16:03:37
Епа ајде, со среќа да си го користиш ;).