Значи има неколку одговори на твоите прашања. Првиот е дека секој транзистор се разбира дека нема 50 ома излезна импеданса. Најчесто имаат неколку оми излезна импеданса и тоа секој различно. Излезната импеданса за да е 50 ома и да одговара на антените, каблите и на наредните степени ја нагодуваат со комбинација на калеми и кондензатори (редно или паралелно) и тоа не е филтер на шемите туку нагодувач на импеданса. Вториот одговор е дека треба да имаш на ум дека на некои фрекфенции калемот може да стане кондензатор (капацитет меѓу намотките наместо индуктивитет од самата жица) и понекогаш го користат и тој ефект, поготово на повисоки фрекфенции. Трето, не е ни битно дали ќе ставиш калем или кондензатор, битно е да направиш „напонски разделник“ со импедансите кој ќе ја има потребната излезна импеданса од 50ома (може да се направи и за 75 ома ако е потребно за засилувач за кабловска телевизија).
Тримерите кои ги користиш се добри но некаде до 5 вати. Над таа снага напонски пробиваат (тоа може а и немора да се гледа) и се случуваат лоши работи, зголемена SWR, дури и прегорувања на транзисторите. На пример на засилувачот од 60W мора да се нагоди прво на ниска снага (десетина вати), потоа се мерат кондензаторите и се става (еден или повеќе) фиксни керамички кондензатори од 2KV напон и се става многу помал тример (1-15pF) за да може да се штима потоа ако е потребно околу резонанцијата.