Не мора да се препрати повикот, телефоните автоматски се конектираат за најмоќната базна станица околу нив, за да останат конектирани и со најдобар сигнал. Исто како што се префрлаат и за wifi сигналот.
Ако едниот корисник е опслужуван од една базна станица, а другиот од друга, повикот мора да се препрати. Базната станица во комбето може да е најјака во радиусот на едниот корисник, но не мора да е и во радиусот на другиот.
Во случај да се опслужувани од иста базна станица, да, сигналот не мора да се препраќа.
Евентуално може ова да се изведе со повеќе комбиња кои се меѓусебе мрежно врзани (исто така безжично), при што треба да ја знаеш точната локација и на двајцата (или повеќе) корисници и да имаш комбе на секоја од тие локации, при што повикот наместо да биде препратен од базна станица до базна станица на операторот, ќе биде препратен од страна на клонираните базни станици во комбињата, од едно комбе до друго комбе... од прилика, некако вака би изгледало.
Сепак, треба да се клонира ID-то на операторот, а и ова не е баш тривијална работа... не е невозможно, но не може баш секој да го направи.
Во секој случај, прислушкување може да се изведе практично само на два можни начини: или операторот знае за тоа и ти имаш инсталирано опрема кај него, или операторот не знае, при што мора да користиш ваква конфигурација (со повеќе комбиња) и специјална опрема, што е прилично скапа инвестиција и Рајко сигурно не може да го направи тоа (мислам на обичен смртник)... влада на држава... зависи која. Повеќето, сигурно можат.
За тоа има шпекулации дека зад тие снимки стои CIA или Германски BND некои шпекулираа дека е користен Британски уред за прислушкување кој бил во сопственост на ЈНА и бил сместен во Црна Гора, тој уред го снемало кога се оддели Црна Гора.
Ова не може никој со 100% сигурност да го потврди. Доказите се уништени, а и да не се, јас колку што знам, нема сведоци кои може ова да го потврдат.
Во периодот околу 2001 и Македонската армија поседуваше уред со можности да слуша неколку мобилни уреди истовремено.
Да, имаа, но само за прва генерација на мобилна телефонија... што практично беше токи-воки. Немаше никаква енкрипција на сигналот, се праќаше во етер како FM модулиран радио сигнал. И поопремени радио-аматери можеа да слушаат разговори.
Се може да се ХАКНЕ не постои 100% заштитена технологија, се што може да се направи е Хакирањето да се направи скапо и неисплатлибо
Like
. Една единствена апсолутна вистина сметам дека е ова. Се што е направено од човек, може да се пробие
.