Author Topic: Проблем со електромагнетна левитација  (Read 19326 times)

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 814
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Како што ти е поврзано сето со крокодил штипки не е чудо што се допреле и ти изгорел вод... Не заприметив досега дека сите конекции ти се такви и не изреагирав.

Quote
Второ ,приемната диода треба да биде приемна со три изводи, а кај тебе е некоја друга ,која можеби прави краток спој и го * држи* уклучено ИК постојано.
Сум сретнал IR детектори од телевизор со 3 пина, а фотодиоди со 3 пина никогаш. Колку што знам, тие што ги спомнува батка во цитатов се во една компонента сместени фотодиода и коло што ја намалува осетливоста при други фреквенции. Таков приемник нема да работи овде, ова е дизајнирано за IR фотодиода, не за 3 пински IR приемник, тој нема да реагира на фреквенција од 0Hz како кај Атанас.

извади магнетот и стави лед со отпорник место него и така пробувај го додека не го оправиш и дај сликај ја плочката одоздола да ја видиме каква е

Се сложувам комплетно, работи вака се додека не добиеш резултат да се гаси LED кај транзисторот кога ја ставиш раката меѓу IR фотодиодата и IR LED, а да се вклучува кога ќе ја тргнеш. Ако тоа работи, на добар пат си и можеш да го поврзиш калемот и да пробаш пак.
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Одг: Проблем со електромагнетна левитација
« Reply #16 on 19.01.2017, Thursday, 15:20:27 (Edited 19.01.2017, Thursday, 15:26:02) »
Киловолт браво ми го зеде зборот и јас сакав исто да кажам можеби грешиме незнам али и јас мислам дека нема да може со инфрацрвенине приемничиња кој работат сите на различна фреквенција за телевизорине три пинските инфрацрвени приемници баш еден мењав на телевизор пред некое време но што знам можам и да грешам тоа беше мое исто мислење ајде трол нека е тука е батка да не поправи и да ни каже слушајте може ради ова и ова. Киловолт помал си од мене три години знам дека се претстави на форумов и стварно чим си дошол и до инфрацрвени приемници и до се како да си стигнал четврта друже која си средно гледам доста пишуваш браво и за Атанас па вие сте едини што го држите образот на Прилеп да правите електроника да рчкате само. Ете можеби и може со инфрацрвен приемник но сепак ќе ни каже батка или некој искусен може да и заради тоа може не неможе заради тоа да знаеме за сигурно  ;D
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Проблем со електромагнетна левитација
« Reply #17 on 19.01.2017, Thursday, 17:52:39 (Edited 19.01.2017, Thursday, 18:19:22) »
Цитирано:
Сум сретнал IR детектори од телевизор со 3 пина, а фотодиоди со 3 пина никогаш. Колку што знам, тие што ги спомнува батка во цитатов се во една компонента сместени фотодиода и коло што ја намалува осетливоста при други фреквенции. Таков приемник нема да работи овде, ова е дизајнирано за IR фотодиода, не за 3 пински IR приемник, тој нема да реагира на фреквенција од 0Hz како кај Атанас.

Ако ја погледаш шемата која ја постирав со 4017 ке видиш за каква диода/IR детектор/ станува збор.Она за фреквенција од 0 Hz ме буни,бидејки нема фреквенција од 0Hz !!! На таа шема било која ИЦ фреквенција од далечинскиот го активира склопот.Јас би одел со таа шема,со реле преку кое би  го вклучувал калемот.

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 729
  • Gender: Male
Мене ме интересира дали може да се спасам со овој склоп без да правам нов по нова шема.

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 814
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Quote
Ако ја погледаш шемата која ја постирав со 4017 ке видиш за каква диода/IR детектор/ станува збор.Она за фреквенција од 0 Hz ме буни,бидејки нема фреквенција од 0Hz !!! На таа шема било која ИЦ фреквенција од далечинскиот го активира склопот.Јас би одел со таа шема,со реле преку кое би  го вклучувал калемот.
Еве јавно се извинувам, не ја видов, се брзав во моментот а дотогаш само такви со три пина сум гледал, па мислев дека е таква.

0Hz=Еднонасочна струја. Конкретно имам сретнато детектори што имаат три пина: Vcc, GND и Data. Data е логичка единица доколку сензорот детектира инфрацрвена светлина со фреквенција од 38kHz, погоре/подолу не повеќе од неколку kHz, најверојатно имаат некој вид на bandpass филтер со големо Q во нив.

За овие што ми ги спомнуваш ти првпат слушам, но ете, вистина постоеле.  :)
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 729
  • Gender: Male
Одг: Проблем со електромагнетна левитација
« Reply #20 on 20.01.2017, Friday, 10:19:18 (Edited 20.01.2017, Friday, 10:25:22) »
           Еве дополнителни слики од плочката. Водот што е изгорен ( ќе видите и на сликата ) го средив, но сега кога склопот ќе го приклучам на напон, напојувањето се исклучува.  ??? ??? Заглавив во ќор сокак, дај кажете ми што да правам бидејќи од кога го направив ова и излезе дека не е успешно, око салам немам затворено ( буквално ) и под голем стрес сум.  >:( >:(









Споено мислење: 20.01.2017, Friday, 10:25:22
ЕДИТ: Со тоа дека напјувањето се исклучува јасно ми е дека има спој, но каде и јас не знам, не можам да го најдам.  ??? ???

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Одг: Проблем со електромагнетна левитација
« Reply #21 on 20.01.2017, Friday, 12:37:09 (Edited 20.01.2017, Friday, 13:02:22) »
Киловолт во право си и јас сега видов се извинувам батка јас ги знам оние од Гац ние скопјаните ги купуваме 38килохерцни ИЦ приемничиња друго незнам искрено само сум правел сетила сијалиците да ми се палат со фотоотпорник никогаш фото диода не сум купил ни фототранзистор да признаам затоа и утнав проучив малку може батка проштевај. Одговор до Атанас кога веќе stuffy ти правел плочка зошто оној отпорникот онака ти виси си немал ли а да тука треба и појака моќност и лемењето баш не е нај нај земи со алкохол првин тоа плочката исперија нитро разрегивач ако имаш поубаво имаш инструмент земи одма проверувај според шема сите елементи дали се исправни провери водовите омски дали има некаде куса врска а не треба ај после кога ќе бидам послободен ќе ја видам дали е добра плочката по шемата така се тоа работи е сега тоа мосфетот дали ти е исправен тешко а и неможеш мосфет да испиташ со обичен ом метар унимер знаеш ли како се испитува мосфет или не. И за што ти е плочкава претпоставувам за натпревар добар ли ти е дизајнот 100% така ќе ја проверам шема со плочката основно нешто и ако ти е за натпревар со вакво висење на компоненти ако им се појавиш на натпревар малце не иде али добро денес само да има некој треба се тоа да се запази ај за почеток очисти ја со алкохол плочката.И што ти е таа жицата до диодата тука кај интегралното коло краткоспијник и водот сигурно ти изгорел од голема струја сега тврдиш дека спој не си направил а од што би изгорел ако не од голема струја сега сакал нејќел мора мосфетот да го испиташ дали ти се сите елементи исправни јас се би проверил и плочката уште еднаш дизајнот со шемата сега барај на интернет и мосфет како се испитува провери дали сите полупроводници се исправни  8)
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
На постарите ТВ апарати имаше модули со фото диоди (плава боја -приемната). На линкот за проектот кој ја постира Атанас се гледаат двете приемната (бела) и приемната ( плава) ИЦ диоди. Она приемна фото диода на шемата што јас ја постирав ( со 4017) има три изводи но не е предвидена само за 38 Кхз .Кај нашиот член Лордзи има понуда за прекинувач со ИЦ диода ,кој се користи со секој далечински за ТВ.
На сликата се двете ИЦ диоди од оригиналниот проект кој го постираше Атанас.

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 729
  • Gender: Male
Batka, мислам дека плавата треба за мојот проект, вие што мислите? Каде можам да ја набавам?

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Па види другар шемата вака ми личи твоја да е добра и ППК личи да е добро ја исчисти ли плочката го поправи ли водот испита ли се полупроводничко или слабо  8) а за ова види некој стар мајстор барај низ Прилеп што работел со телевизори а уште чува елементи пробај да најдеш некој таков замолиго  8) друго незнам што да ти кажам другар испитај се санирај ја плочката исчистија  8)
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 729
  • Gender: Male
Одг: Проблем со електромагнетна левитациo
« Reply #25 on 21.01.2017, Saturday, 13:18:36 (Edited 21.01.2017, Saturday, 15:54:37) »
Открив каде има спој. На излез, односно каде што треба да се поврзи електромагнетот ( со унимер констатирав ). Што значи и кога е приклучен и кога е отстранет електромагнетот, кога склопот ќе го поврзам на напон, компјутерското напојување се гаси. Елементите не ми се проверени, но сумлив ми е мос фетот. batka што да правам? И каде да ја набавам таа ИЦ диодата, плавата што ја имаш сликано?

Споено мислење: [time]21 Јануари 2017, 15:51:22[/time]
ЕДИТ: Ги извадив мос фетот и диодата *BA159* и констатирав дека диодата е изгорена, бидејќи пропушта струја во двете насоки. Точно ми беше поставена на плочка, што би можело да биде?

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Одг: Проблем со електромагнетна левитација
« Reply #26 on 21.01.2017, Saturday, 19:01:17 (Edited 21.01.2017, Saturday, 19:06:04) »
Така бе Атанас така браво гледаш како се работи мило ми е тоа што го реков дека си го направил не си од Скопје BA159 ќе ти дадев мислам дека имам една две дали од свичерско напојување незнам од каде сум ги извадил сега барај од кај си ја купил а за таква фото диода другарче само некој стар мајстор проверив они телевизорите искра големите дрвените од 1978 година серија што беа први југословенски телевизори во боја имале ваква фото диода со оние коцкасти даљинска што беа е незнам стварно сега тоа е лошо Прилеп нема продавница за електроника ај за обична диода може ќе најдеш али за фото незнам што да ти кажам и за мосфет па можеш мосфет од такво старо напојување да извадиш ако имаш или ако имаш некој другар студент што ти оди за Скопје да му дадеш да ти земе е тука веќе се е до твојата воља колку ќе бараш  8) ;D
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 729
  • Gender: Male
Има решение за проблемов? Кажете ми што да правам.  ???

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Епа не ти останува ништо освен откако ги испита елементите кој се неисправни да најдеш нови исправни и да пазиш сега добро да не ти се повтори спојот што го опиша и добро очистија плочката бутни тоа отпорникот немој веќе така кабли да ти висат затоа првин добро се проверува пред да се вклучи   8) Внимавај многу сега  8)
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Проблем со електромагнетна левитација
« Reply #29 on 22.01.2017, Sunday, 19:05:02 (Edited 22.01.2017, Sunday, 20:09:56) »
Атанас, ти не ги читаш моите постови изгледа, а бараш помош.Шемта ти реков дека е некако чудна .Не знам дали калемот е во ред- дали има пресметано доволен број намотки, соодветен промер жица итн. Јас ти реков дека секоја шема и проект ставен на нет ,не значи дека е успешен. Технички гледано проектот ти е *крш*.Убава плочка, никакво лемење, делови собрани од секаде. За сплетот жици да не зборувам. 8)  Мој совет е да почнеш со НОВИ делови од почеток.Место мос-фет стави НПН планарен транзистор и едно брзо реле за 12 волти преку кое директно ќе го прекинуваш колото 12 волти на калемот.Мислам ме разбираш што кажувам. За диода побарај по сервиси, по дуќани во Прилеп. За проба можеш и фотоотпорник или фото транзистор да ставиш. И приемната диода обавезно во црно цевче, можеби и со филтер за ИЦ, да не биде осетлива. Толку од мене.