Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Радио техника => Приемници => Topic started by: batka on 01.04.2012, Sunday, 17:10:21

Title: Детекторски приемници за почетници
Post by: batka on 01.04.2012, Sunday, 17:10:21
На Форумив има повеке нови членови,кои се скоро почетници во електрониката.Бидејки постојано и со пп пораки бараат едноставни ,а ефектни шеми и прашања од типот * како ,со што се започнува...??*,еве еден можен одговор.: порано се започнуваше со наједноставното нешто - детекторски приемник.Тој се состои од антена,калем,променлив кондензатор ,германиумска диода и слушалки или звучник за слушање.Антената треба да биде подолга бакарна жица (барем десетина метри,растегната надвор,на балкон или слободно висечка,изолирана од метални предмети.Калемот се мота според спецификациите,а променливиот кондензатор најдобро е да го извадите од стар радио-приемник.Слушалките се најболното прашање - тие треба да бидат високоомски 2 х 2000 оми ,детекторски.Ако не можете да ги набавите ,направете си мал НФ појачувач со звучниче.Детекторот работи на средни таласи и преку ден имате шанси да го слушате само Радио Скопје,а навечер има цела низа станици кои добро се слушаат..Добро би било на масата на уредот да се врзе заземјување(парче подебела бакарна жица врзана за чешмата,за некоја метална прачка закопана во земја и сл.). На првата шема има представено наједноставен детектор,а на втората е додаден и потенциометар со батерија од 1,5V и со нивно дотерување се појачува сигналот на детекторот.Другите шеми се едноставни НФ појачувачи кои овозможуваат слушање ,ако немате соодветни слушалки.
Title: Одг: Детекторски приемници за почетници
Post by: ki4o01 on 01.04.2012, Sunday, 17:23:21
Јас мислам ако има некој брзо што се разочарува да не почнува одма од радио техника дека може да не  проработи од прва и одма да се разочара  ;)
Title: Одг: Детекторски приемници за почетници
Post by: batka on 01.04.2012, Sunday, 17:41:33
Ако работиш како треба ,најубавото нешто е кога ке слушнеш звук во слушалките ! Ако сите се разочарувале така ,ке немало воопшто напредок.Ако некој почне и згреши ,ке го поправиме.Сепак ова се  уреди кои со децении и децении се изработуваат и ретко се промашува.Кој ке почне и има проблеми,ке му кажеме како треба и каде згрешил,не е ништо страшно!А задоволството е големо кога уредот ке проработи!! ;D ;)
Title: Одг: Детекторски приемници за почетници
Post by: MetallicA on 12.06.2013, Wednesday, 16:59:20
германиумски диоди има во оние старите телевизори со лампи појма неам шо марка беше оној од кој што јас ги извадив но на сите делови пишуваше тесла. ;D, а ако немате високоомска слушалка користете обично мрежно трафо како impendance matching т.е. на излезот наместо слушалка го поврзувате примарот на трафото, а на секундарот поврзувате слушалки од мобилен, исто така ставете променлив кондезатор помеѓу антената и осцилаторното коло, таков ќе најдете во старите радиа на лампи. сето тоа можете да го најдете во некој отпад, пробајте и направете го овој детектор нема да зажалите бидејки како што кажа батка задоволството е огромно кога уредот ке проработи. ;D