Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Напојувања => Topic started by: Toma on 07.06.2018, Thursday, 17:16:53

Title: Шема за струен лимитер на DC напојување од 50-500 mA при DC напон од 100-200V
Post by: Toma on 07.06.2018, Thursday, 17:16:53
Шема за струен лимитер (LED Strip Tester) со DC напојување од 50-500 mA при DC напон од 100 и 200V.

Ми треба шема за струен лимитер на DC напојување од 50-300 mA при приклучен DC напон од 100-200V.
Извор на напојување имам, само ми треба лимитер на струја за испитување на LED диоди споени во серија кои работат на напони во опсег од 100-200V.

Ако има нешто нејасно во прашањето ќе појаснам ако треба!
Title: Re: Шема за струен лимитер на DC напојување од 50-500 mA при DC напон од 100 и 200V
Post by: GigaWatt on 07.06.2018, Thursday, 23:01:34
Сакаш готова шема или би сакал да дискутираме одоколу дизајнот.

Еве јас што имав направено како напојување за предзасилувачот со цевки (со ECC82, дипломска ми беше).

(https://s20.postimg.cc/rdsrf676l/High_Voltage_Power_Supply.png)

Целиот проект го имаш на следниот линк, иако не е центар на дискусија напојувачката секција.

Code: [Select]
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=11312.0
Напојувањето е без струјна регулација, но може ако сакаш да подискутираме за додавање и на струјна регулација на излезот на ова напојување или твоето... како сакаш ;). Имаш некоја идеја? Шема некоја која би сакал да ја модифицираш?
Title: Re: Шема за струен лимитер на DC напојување од 50-500 mA при DC напон од 100 и 200V
Post by: Toma on 08.06.2018, Friday, 01:03:17
На сликата се напишани произволни вредности на излезната страна.
Мене ми треба шема за струјна регулација било континуирано од 50-500 mA  било скалесто (со преклопник).
Е сега дали оваа шема одговра на моите потреби не би знаел да кажам од причина што од онаа што го прочитав и разбрав потенциометарот е за напонска регулација а мене ми треба да повторам за лимит на струјата низ LED диодите кои се на пример 34 диоди во серија и секоја со работен напон од 3V а тоа е напон од ~100V. Под услов да некоја или неколку (пример 10 од нив а тоа се 30V) од диодите се кратко споени би требало при напон од 100V да пробијат и останатите што не е пожелно, затоа со лимит од 100 mA  би требало да останат исправни затоа што се предвидени за струја од пример 300 mA.

Значи да се повторам, јас имам извор на напојување од 100 и 200V кои со преклопник би го бирал потребниот напон и би го приклучил на склопот за лимитирање на струјата низ диодите и затоа ми треба само склоп за лимит на струја!

(https://s20.postimg.cc/6msrxbwwt/038635112.png)
Title: Re: Шема за струен лимитер на DC напојување од 50-500 mA при DC напон од 100 и 200V
Post by: GigaWatt on 08.06.2018, Friday, 02:53:42
Мене ми треба шема за струјна регулација било континуирано од 50-500 mA  било скалесто (со преклопник).
Е сега дали оваа шема одговра на моите потреби не би знаел да кажам од причина што од онаа што го прочитав и разбрав потенциометарот е за напонска регулација а мене ми треба да повторам за лимит на струјата низ LED диодите кои се на пример 34 диоди во серија и секоја со работен напон од 3V а тоа е напон од ~100V.

Да, точно, нема струјна регулација, потенциометарот е само за напонска регулација, и пресметаната вредност на останатите два отпорника во серија со потенциометарот се онакви вредности какви што се (нестандардни) бидејќи требаше напонот да се движи во релативно мали граници (не ми текнува сега кои беа, мислам од 180 до 220V DC напон... или тука некаде).

А шемата беше чисто како предлог решение за напонската регулација. Знам дека пиша дека имаш веќе решение за напонска регулација, но не знаев дали е веќе направено, дали е само шема, итн... ова е испробано решение и функционира ;). Се разбира, отпорниците R1 и R2 може да се пресметаат за излезниот напон да има било која минимална и максимална вредност со вртење на потенциометарот P1, од 0V до 320V (230V*1.41). Во тој случај, ќе треба да се смени и вредноста и на потенциометарот P1.

Под услов да некоја или неколку (пример 10 од нив а тоа се 30V) од диодите се кратко споени би требало при напон од 100V да пробијат и останатите што не е пожелно, затоа со лимит од 100 mA  би требало да останат исправни затоа што се предвидени за струја од пример 300 mA.

Сваќам која е поентата ;). Да ги откриеш неисправните, а да не ги расипеш исправните ;). Паметно, не ми текнало на тоа ;). Јас обично се „џарам“ и барам нешто „црнко“ на дифузерите на диодите ;D. Но да, да бидам искрен, ова решение е доста подобро ;). Одлична идеја во секој случај, браво за идејата ;).

Ќе треба да разгледам некои шеми на струјни регулации online и да видам како би можеле да се прилагодат на оваа шема. Хммм... баш ме заинтересира ;).

Како и да е, за во меѓувреме, можам да ти кажам само дека ова напојување и онака не можеше (така како што беше изведено) да даде повеќе од 100 или 200mA (не ми текнува сега колкава точно струја можеше да даде, но и таа која можеше да ја даде беше повеќе од доволно за поларизација на електронската цевка... ги имам мерењата во дипломската, ако сакаш, може да разгледам ;)). Зошто? Па поради начинот на кој се носеше наизменичниот напон на влезот на колото ;D.

(https://s20.postimg.cc/c5c0squst/Transformer_Connections.png)

Врзани беа два трансформатори, секундар со секундар (инверзно од нормалниот начин на работа). Практично примарот од вториот трансформатор (тој десно на сликата) се користеше како секундар. Трансформаторите не беа многу моќни (тоа се гледа и од сликите на крајот од темата), така да, само што ќе почнеше асално да грее влакното во ламбата (кога ќе почнеше ламбата да проведува), напонот почнуваше да паѓа ;D. Затоа и ми беше потребен P1, за да го нагодам напонот на пресметаната вредност, но откако ќе почнеше да проведува цевката ;D, бидејќи пред да почне да „влече“ струја, напонот беше повисок, ама кога ќе почнеше... цврц... паѓаше :D. Немаше друг економичен начин како да се изведе високонапонскиот дел од проектот, а да има галванска изолација од напојувачката мрежа.

Така да, чисто како тест проба, привремено, може да пробаш и само со шемата со напонска регулација, при што ќе ја примениш врската од последната шема (два трансформатори врзани секундар со секундар). Тие не се наменети да работат во тој режим, затоа и паѓаше напонот... не може даде онолку струја на примарот колку што може да „прими“ ако работи во нормален режим, а не инверзен ;).

Како што пишав, ова чисто привремено, колку за проба ако сакаш ;). А за струјната регулација, ќе разгледам како би можела да се изведе, па ќе пишам ;).

Ако има и некој друг член идеи, се разбира, секогаш се добредојдени ;).
Title: Re: Шема за струен лимитер на DC напојување од 50-500 mA при DC напон од 100 и 200V
Post by: Toma on 08.06.2018, Friday, 17:40:32
Мене ми треба едноставен електронски склоп кој што би бил приклучен на извор од 100 или 200 волти еднонасочен напон (кој ги имам од стари шасии) и истиот напон приклучен на склопот кој ќе може да ја лимитира струјата (било континуирано било скалесто) која би поминала низ LED диодите. Тоа во телевизорите е решено со склоп кој ја одредува побудата на транзисторот преку кој се напојуваат LED диодите, меѓутоа таа регулација е во доста мал опсег !
Title: Re: Шема за струен лимитер на DC напојување од 50-500 mA при DC напон од 100 и 200V
Post by: GigaWatt on 08.06.2018, Friday, 18:42:05
ОК, те сватив што сакаш да кажеш ;). Значи, ти треба само струјната регулација, напонската веќе ја имаш решено... или не ти треба, едно од тие две ;).

Добро, ќе видам дали може нешто да склопам ;).
Title: Re: Шема за струен лимитер на DC напојување од 50-500 mA при DC напон од 100 и 200V
Post by: Toma on 08.06.2018, Friday, 21:22:43
Ми се чини дека треба да е вакво нешто со мали измени и пресметка на вредноста на елементите!
Струјата би се лимитирала со соодветна вредност на R3 во зависност и од другите додадени или одземени елементи.

(http://www.mediafire.com/convkey/f3b2/t2q7m57osqby82uzg.jpg)
Title: Re: Шема за струен лимитер на DC напојување од 50-500 mA при DC напон од 100 и 200V
Post by: GigaWatt on 08.06.2018, Friday, 23:18:36
А делот со "PWM or Microcontroller"? Поентата е да не мора да се додава таков дел, инаку тогаш изведбата би била прекомплицирана.
Title: Re: Шема за струен лимитер на DC напојување од 50-500 mA при DC напон од 100 и 200V
Post by: Toma on 08.06.2018, Friday, 23:34:05
"PWM or Microcontroller" тоа да се одстрани и да се направи проста шема со статични вредности а само со промена на R3 да се лимитира струјата. Теоретичарите тоа би требало да го пресметат ако тоа им е специјалност. Јас сум практичар, „Вишата“ теорија не ми лежи  ??? :-\
Title: Re: Шема за струен лимитер на DC напојување од 50-500 mA при DC напон од 100 и 200V
Post by: tubemkd on 08.06.2018, Friday, 23:36:50
Oтпорот R4 во горните шеми ја лимитира излезната струја на cca200ma со сегашната вредност.
Зголеми го на 6,8 ома, ќе имаш лимит околу 100mA. Или груба пресметка 0,7V/R4=I(лимит).
Title: Re: Шема за струен лимитер на DC напојување од 50-500 mA при DC напон од 100 и 200V
Post by: Toma on 11.06.2018, Monday, 13:11:19
Која апликација со мали измени би била најпогодна за она што барам!

(http://media.snimka.bg/s1/6198/038639173.jpg)
Title: Re: Шема за струен лимитер на DC напојување од 50-500 mA при DC напон од 100 и 200V
Post by: Zan on 12.06.2018, Tuesday, 00:29:40
Земи ваков инструмент. Ги има на Aliexpress за 25-30 долари. Вреди за сите пари. Може да мери LED и зенер диоди.

Title: Re: Шема за струен лимитер на DC напојување од 50-500 mA при DC напон од 100 и 200V
Post by: GigaWatt on 12.06.2018, Tuesday, 01:04:16
Јас би одел со последната, 4. Во таа комбинација, може R1 да се смени со потeнциометар и зенер диодата да се замени со некоја друга. Оваа шема е многу слична на онаа која прва ја post-ирав, со тоа што Q3 е искористен како замена за 12V-ната зенерка од мојата шема (за да го држи Q1 цело време во ON позиција).

Зенерката на шемата број 4 е 6.2V. Ако се зголеми напонот на диодата на, на пример, 12V, ќе може и R1 да се зголеми, со што ќе може да се искористи класичен потенциометар. Напонот на краевите на R1 ќе биде 12+0.7=12.7V. За јачина на струја од 50mA низ отпорникот R1, вредноста ќе треба да му биде (12.7/50)*10^3=254Ohm. Моќноста на овој отпорник ќе треба да биде 12.7*50*10^(-3)=0.635W. Ова е многу за еден потенциометар. Ако треба моќноста да биде 300mA, R1 треба да се намали на (12.7/300)*10^3=42.3Ohm, а и струјата низ него ќе се зголеми на 12.7*300*10^(-3)=3.81W.

Оваа варијанта е изводлива во случај да користиш преклопник. Може да ги пресметам вредностите на, на пример, 6 отпорници (за 50mA, 100mA, 150mA, 200mA, 250mA и 300mA), ќе го менуваш секој од нив со преклопник и тоа е тоа.

За контрола со потенциометар, потребна е шема која има слична изведба како стабилизираните извори за напојување, со тоа што сите компоненти ќе треба да бидат сменети (од моќност на отпорници, до работни напони на кондезатори, а и се разбира, полупроводници).
Title: Re: Шема за струен лимитер на DC напојување од 50-500 mA при DC напон од 100 и 200V
Post by: Toma on 15.06.2018, Friday, 20:15:16
Quote from: GigaWatt
...може да се искористи класичен потенциометар...
Имам избор од жичани тример потенциометри од 2,2 Ω до 1 кΩ
Title: Re: Шема за струен лимитер на DC напојување од 50-500 mA при DC напон од 100 и 200V
Post by: GigaWatt on 16.06.2018, Saturday, 01:32:58
Зенерката на шемата број 4 е 6.2V. Ако се зголеми напонот на диодата на, на пример, 12V, ќе може и R1 да се зголеми, со што ќе може да се искористи класичен потенциометар.

Одлучи се колкав сакаш да ти биде падот на напонот на еднонасочниот напон на влез на колото. На пример, ако на влез имаш околу 115V, со зенерка од 15V ќе добиеш некаде околу 100V, со зенерка од 30V ќе имаш околу 85V. Зависи од тоа колкава моќност може да издржат реостатите (жичаните тример потенциометри). На пример, ако може да издржат до кај 2W, пожелно е напонот на зенерката да биде над 20V (од 25 до кај 30V).
Title: Re: Шема за струен лимитер на DC напојување од 50-500 mA при DC напон од 100 и 200V
Post by: Toma on 16.06.2018, Saturday, 20:42:48
(https://s20.postimg.cc/swo77lii5/038646109.jpg)

Сликата 4  е доработена со намера да појаснам што барам и како мислам дека треба да се гледа на моето размислување како би требало да биде направен лимитерот.
Значи без разлика колкав е влезниот напон (во случајот 120 волти), ако можеме да ја ограничиме струјата до тој праг на струја при која би засветлила диодата а напонот (при една диода од 3 волти) да падне на 3 волти, што би требало да значи дека останатите 117 волти би ги поднел транзисторот Q1. Сметам дека лимитер во тој случај треба да биде R1 или реостатот (жичаните тример потенциометри). Не сум сигурен ама ми се чини дека  R1 на слика 4 треба да е 14.6 Ω.
Исто так ако имаме случај да испитуваме лед лента со осум лед диоди од по 3 волти во серија (=24 волти), тогаш напонот помеѓу плусот од R1 и минусот треба да е 24 волти а остатокот од 96 волти треба да ги “апсорбира“ Q1.
Што треба да се измени на шемата!
Title: Re: Шема за струен лимитер на DC напојување од 50-500 mA при DC напон од 100 и 200V
Post by: GigaWatt on 17.06.2018, Sunday, 01:50:01
Да, сега сватив што сакаш да кажеш, значи да не биде само за LED strips (ленти), туку и за една LED диода.

Линкот од уредот кој го има ставено Zan го овозможува тоа. Исто така, и напојувањата на некои LED strips работат на сличен начин, со таа разлика што може континурано да го оптоваруваш тоа напојување, за разлика од уредот од кој Zan има ставено линк, кој не може континуирано да го оптоваруваш (тест проба, 30 секунди, минута две и толку). Исто така, на клипот се гледа дека со истиот може да се тестира и една LED диода (затоа не смее континуирано да се оптоварува, границите на излезниот напон му се многу големи, наменет е да тестира универзално, но за жал, тоа повлекува друг проблем, должината на тестот).

Значи, да сумирам, со уред кој работи во линеарен режим, ова не е можно да се изведе. Единствен начин на кој лесно би се извело ова е преку „напојување“ кое работи во импулсен режим. Сличен ваков уред е и тестерот за зенер диоди.

Code: [Select]
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=4183.0
(https://s20.postimg.cc/811ww8bzh/Zener_Diode_Tester.png)

Code: [Select]
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=7756.0
(https://s20.postimg.cc/3uh2h7pbx/Zener_Diode_Tester_Single_Transistor.png)

Јас би препорачал со експериментирање со првиот бидејќи е со 555 и автоматски може да се подеси односот импулс/пауза, додека кај вториот ова не е можно. Исто така, ќе треба да експериментираш и со трансформаторчето. Можно е најдобро да одговара некое од SMPS напојување (на пример, она најмалото, за +5V Stand By). Генерално земено, во игра треба да се земе било кое SMPS или RF трансформаторче. Поради начинот на кој уредот работи (импулсен), ова нема да им пречи на LED диодите (баш напротив, повеќето испитувања покажуваат дека импулсниот нестабилизиран режим на работа им го продолжува животниот век на моќните LED диоди наменети за осветлување), а дополнителен бенефит е тоа што краткотрајните импулси, дури и ако напонот е драстично поголем од напонот на проведување на LED диодата, истата нема да изгори. Поради недостатокот на коло за feedback кај ова „напојување“, нема што да сигнализира дека напонот е паднат кога, на пример, се испитува една LED диода, па колото едноставно продолжува да го „гњави“ SMPS трансформаторчето. За среќа, исто како и во случајот со тестерот за зенер диоди, тестовите се краткотрајни и не може да го оштетат ни трансфоматорчето, ни LED диодата (кај шемата од конкретниот пример, со 555, јас лично барем не би тестирал повеќе од 10-тина секунди).

Инаку, сигурен сум дека принципот на работа од она комерцијално уредче од кое стави клип Zan, е идентичен со оној од првата шема. Се разбира, не мислам на шемата, туку мислам на принципот на работа. Конкретна шема и компонентите... во денешно време, тоа е менлива категорија.

Пробај, експериментирај, кај уредите кои работат во импулсен режим важат другу закони од оние кои работат во линеарен режим, а и пресметките зависат од искористените компоненти, како на пример трансформаторчето, од кои често и не можеме да најдеме спецификации (јадро, број на намотки, итн.), а да не го споменувам и фактот што ако се користи во инверзен режим (сменет примар-секундар), тогаш не важат спецификациите, дури и ако може да се најдат од трансформаторчето кои планираш да го користиш.

Постојат и други слични шеми на тестери за зенер диоди. На пример, оваа подолу не користи трансформатор, туку еден индуктивитет врзан за колекторот од трансформаторот (flyback принцип на работа). Сепак, не би ти препорачал да јакристиш оваа шема бидејќи нема галванско одвојување на примар (нисконапонска секција) од секундар, па ако нешто се зезне, може се назад да отиде накај 555 и да изгори колото.

(https://s20.postimg.cc/3uh2gwzj1/Zener_Tester.png)

Ако веќе планираш да експериментираш со првата шема, би ти препорачал да ја направиш и следната преправка.

(https://s20.postimg.cc/6bstof42l/Zener_Diode_Tester_Mod.png)

Вака, целосно го одвојуваш примарот од секундарот и нема шанси да се случи нешто во секундарот, а тоа да се рефлектира на примарот ;).
Title: Re: Шема за струен лимитер на DC напојување од 50-500 mA при DC напон од 100 и 200V
Post by: Toma on 08.09.2018, Saturday, 17:37:17
Решено е као што е прикажано на сликата.
Испробано е и работи коректно.
Цена освен волт/ампер метар се' со стари делови.

(http://media.snimka.bg/s1/6248/038740626-big.jpg)
Title: Re: Шема за струен лимитер на DC напојување од 50-500 mA при DC напон од 100 и 200V
Post by: LordZi on 08.09.2018, Saturday, 19:30:37
Реостатот од што уред е изваден...?  ;)
Title: Re: Шема за струен лимитер на DC напојување од 50-500 mA при DC напон од 100 и 200V
Post by: Toma on 08.09.2018, Saturday, 19:59:33
Од стар ТВ од корекција Исток-Запад останато од некое време скоро исто како на сликата.

(https://s20.postimg.cc/74ngzmrul/Pot_11.jpg)
Title: Re: Шема за струен лимитер на DC напојување од 50-500 mA при DC напон од 100 и 200V
Post by: LordZi on 08.09.2018, Saturday, 20:21:39
Тие жичаните потенциометри од старите црно-бели ТВ мислам беа 1-2W, затоа ме интересираше од каде е изваден овој од 5W... :)
Title: Re: Шема за струен лимитер на DC напојување од 50-500 mA при DC напон од 100 и 200V
Post by: Toma on 08.09.2018, Saturday, 21:11:31
Не мора да биде реостат може и (како што имам пишано неколку постови наназад) со неколку различни вредности да се одреди струјата (ама фиксно) и се приклучуваат скалесто со преклопник.
Title: Re: Шема за струен лимитер на DC напојување од 50-500 mA при DC напон од 100 и 200V
Post by: GigaWatt on 09.09.2018, Sunday, 13:14:54
Не мора да биде реостат може и (како што имам пишано неколку постови наназад) со неколку различни вредности да се одреди струјата (ама фиксно) и се приклучуваат скалесто со преклопник.

Да, за оние кои немаат многу „расходувано“ ТВ уреди, ова е поедноставно решение ;).

Еве линк и до оној кој јас го нарачав... во случај некој да го мрзи :P.

Code: [Select]
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=14364.0
Title: Re: Шема за струен лимитер на DC напојување од 50-500 mA при DC напон од 100 и 200V
Post by: Toma on 11.09.2018, Tuesday, 21:43:27
Еве нешто што е важно да го напишам а сум заборавил.
Транзисторот Т1 пожелно е да се монтира на ладилник под услов за малку подолго испитување на диодите!
Исто така пожелно е (оваа важи и за готови фабрички уреди) прво да се приклучат контактите а потоа да се приклучи напојувањето на уредот. Во зависност од имагинацијата оваа може да се направи со неколку различи изведби!