Имам Пежо 206 1.4 хди ,светлата ми ги направија да се палат после стартувањето на моторот софтверски во Еуроимпекс.
Тоа беше пред неколку години кога го донесоа законот ,бев на редовен сервис и не ме ни прашаа сами го направиа тоа без пари.
Кога ги прашав зошто тоа го направиле без да ме прашаат ?
Културно ми кажаа дека таков е законот,а доколку сакам да се вратат како што биле пред тоа ,тие тоа ќе го направат без проблем за 2 мин.