Македонски форум за електроника

Други технологии => Автоелектроника => Topic started by: borisq10 on 16.09.2012, Sunday, 19:32:56

Title: Проблем со CD-Player за во кола
Post by: borisq10 on 16.09.2012, Sunday, 19:32:56
незнам дали темата е точно наменета за тука ако не е кажете ми каде да ја префрлам или префрлете ја  :) значи како што кажува темата имам проблем со CD-Player за во кола модел SilverCrest KH 2389 на самиот екран гледам дека има опција Sub-W е сега проблемот е во тоа што незнам како да го активирам имам проспект со него но неможам да ја најдам таа опција ако може некој да ми помогне  :) :)
Title: Одг: Проблем со CD-Player за во кола
Post by: SaleSk on 16.09.2012, Sunday, 21:59:20
Да ја активираш????
Има ли излези за саб од позади?
Ако нема, ондак немаш никаква опција за тоа...
Во принцип дисплејот може да се користи и за други модели на радио цд плеери, па само се наѕира и тоа од дисплејот...
:)
Title: Одг: Проблем со CD-Player за во кола
Post by: borisq10 on 16.09.2012, Sunday, 22:50:31
да отпозади има Front,Rear,Aux мислам дека Front е обичниот излез а Rear e за вуферот  :)
Title: Одг: Проблем со CD-Player за во кола
Post by: GigaWatt on 17.09.2012, Monday, 01:09:03
Fornt е за предните зучници, Rear е за задните, а Aux се користи за додатен влез (од MP3 плеер, телефон или нешто слично).
Title: Одг: Проблем со CD-Player за во кола
Post by: borisq10 on 17.09.2012, Monday, 01:21:56
јас знам зошто служи Aux мене ми треба како да ја активирам опцијата sub-w  :)
Title: Одг: Проблем со CD-Player за во кола
Post by: GigaWatt on 17.09.2012, Monday, 03:48:31
јас знам зошто служи Aux мене ми треба како да ја активирам опцијата sub-w  :)

Епа ако нема таков излез, тогаш не можеш да ја активираш :D... или евентуално треба да вршиш преправки на радиото (можно е само да фали конекторот, и вакви ситуации имам гледано, особено на Кинески производи ;D).

На Rear излезот, има ли врзано нешто? Ако нема врзано ништо, можно е со избирање на Subwoofer од менито да се активираат овие излези како Subwoofer. Исто така, дури и да има врзано нешто, пробај и активирај ја ;). Ако се слушаат повеќе ниски тонови од задните звучници (или што и да имаш врзано за Rear), значи опцијата работи ;).
Title: Одг: Проблем со CD-Player за во кола
Post by: SaleSk on 17.09.2012, Monday, 08:19:40
За да биде активна треба да имаш скретница, значи во самото радио...Можеш ти задните да ги користиш за сабвуфер опција...Ама ти сакаш да имаш опција саб...Можно е со промена на софтверот само да се среди тоа, а можно е да има и некоја опција со промена на хардверот...
Е сеа тоа за да ти го каже некој е проблематично, пошто не верувам дека некој има инфо за овакво радио...
Title: Одг: Проблем со CD-Player за во кола
Post by: borisq10 on 19.09.2012, Wednesday, 16:13:53
изгледа неможе да се активира опцијата е сега сакам да ве прашам радиоти има проблем.. не примува цд.. го ставаш цд-то и пиши read како да го чита и потоа го враќа назад, кога барам во опциите да го ставам на цд ја нема опцијата има само aux/tuner/sdmm до што може да е проблемот?  :)
Title: Одг: Проблем со CD-Player за во кола
Post by: GigaWatt on 19.09.2012, Wednesday, 17:56:37
Да не си чепкал нешто во подесувањата ;D, освен тие за subwoofer? Наеднаш се изгуби или никогаш ја немало?
Title: Одг: Проблем со CD-Player за во кола
Post by: borisq10 on 19.09.2012, Wednesday, 18:46:36
јас веке го имам 3 4 години и сега скоро пред некоја ден го видов оти има на дисплејот таква опција ама незнам дали постои во софтверот  ;D
Title: Одг: Проблем со CD-Player за во кола
Post by: GigaWatt on 19.09.2012, Wednesday, 19:56:34
А наеднаш се изгуби опцијата за CD или никогаш ја немало?
Title: Одг: Проблем со CD-Player за во кола
Post by: borisq10 on 19.09.2012, Wednesday, 22:30:05
мисла дека кога нема цд во него не постои  а кога има не го чита јас денес го отворив.. кога ке ставам цд-то не сака да го врти незнам до што е  :)
Title: Одг: Проблем со CD-Player за во кола
Post by: SaleSk on 19.09.2012, Wednesday, 22:39:17
Прљав ласер првично, а вторично (колку моронски звучи  ;D ) ласер...
Или евентуално спин моторчето :))
Title: Одг: Проблем со CD-Player за во кола
Post by: GigaWatt on 19.09.2012, Wednesday, 22:41:17
Хмммм... можно е нешто да си зезнал со тоа опциите што си ги подесувал, со тоа subwoofer :S. Кој знае. Очигледно е софтверски проблем. Баш на таа тематика „расправаме“ во оваа тема ;D:

Code: [Select]
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=9348.0
Моја препорака би била, извади го радиото од напојување, ако е кодирано, гледај да го имаш (да го знаеш) кодот пред да го извадиш од акумулаторот. Ако не го знаеш кодот, пробај да најдеш од некаде калкулатор, а ако не можеш да најдеш... ништо, ти останува методата што ја опиша SaleSK во неговиот post од темата во линкот. Ако успееш да го најдеш кодот, повторно приклучи го радиото на напојување (акумулатор или SMPS напојување од PC) и види дали ќе се искорегира проблемот.

Ова се многу „ако“ ;D, но пред се се одесуваат на проблемот со кодот и кодирањето. Ако не е кодирано, нема да има проблем ;). Само извади го акумулаторот, остави го вака да седи едно 10-тина или 20 секунди и пак приклучи го ;). Можно е да се среди проблемот (да се ресетира софтверот)... никогаш не се знае ;D.

ПС:

Прљав ласер првично, а вторично (колку моронски звучи  ;D ) ласер...
Или евентуално спин моторчето :))

Јас колку што сватив од претходнот post на Борис, опцијата за CD воопшто не се појавувала на екранот на радиото. Да не грешам ??? ;D.
Title: Одг: Проблем со CD-Player за во кола
Post by: Zan on 19.09.2012, Wednesday, 22:53:36
Јас колку што сватив од претходнот post на Борис, опцијата за CD воопшто не се појавувала на екранот на радиото. Да не грешам ??? ;D.

Ако нема CD во плеерот или ако плеерот не може да го прочита CD-то, тогаш не ја дава таа можност да одбереш CD. Инаку, и јас мислам дека треба да се очисти или замени ласерот.
Title: Одг: Проблем со CD-Player за во кола
Post by: GigaWatt on 19.09.2012, Wednesday, 23:04:37
Ако нема CD во плеерот или ако плеерот не може да го прочита CD-то, тогаш не ја дава таа можност да одбереш CD. Инаку, и јас мислам дека треба да се очисти или замени ласерот.

А, ако е таква ситуацијата, тогаш да, најверојатно само треба да се зачисти ласерот ;). Извади го радиото од кола, зачисти го ласерот, „подштелни“ го (ако знаеш како ;D), пробај дали работи, ако работи, ОК, ако не, ништо... нов ласер...
Title: Одг: Проблем со CD-Player за во кола
Post by: borisq10 on 19.09.2012, Wednesday, 23:10:20
значи радоито истиот проблем го правеше пред 1 година татко ми го однесол на мајстор тој го направи и после некое време почна пак исто да прави ке го ставиш цд-то не го чита го ваѓа надвор пак стави го ке тргне и се така ама сега не сака уопште да го прочите цд-то инаку гига за да го рестартирам незнам колку пати пробав го исклучив од струја и повторно го вклучив неможам да ја најдам таа опција а за декодирањето не те сватив баш убаво пред некоја ден ја читав темата за декодирање ама не ја сватив убаво  :) :)
Title: Одг: Проблем со CD-Player за во кола
Post by: Zan on 19.09.2012, Wednesday, 23:19:50
Мајсторот кога го поправал радиото, најверојатно го очистил ласерот. Штом повторно ги има истите симптоми, значи дека ласерот е дотраен и треба да се смени. Не верувам дека ќе помогне уште едно чистење.
Title: Одг: Проблем со CD-Player за во кола
Post by: GigaWatt on 19.09.2012, Wednesday, 23:20:10
значи радоито истиот проблем го правеше пред 1 година татко ми го однесол на мајстор тој го направи и после некое време почна пак исто да прави ке го ставиш цд-то не го чита го ваѓа надвор пак стави го ке тргне и се така ама сега не сака уопште да го прочите цд-то инаку гига за да го рестартирам незнам колку пати пробав го исклучив од струја и повторно го вклучив неможам да ја најдам таа опција а за декодирањето не те сватив баш убаво пред некоја ден ја читав темата за декодирање ама не ја сватив убаво  :) :)

Највеорјатно не е проблемот до декодирањето, односно, не е проблемот во софтверот. Најверојатно ласерот е проблематичен, како што пишаа SaleSK и Zan. Исчисти го ласерот и наштелувај го, или, ако не повеќе, барем малку мрдни го потенциометарот за штелување (некогаш не фаќа како што треба лизгачот, па може и тоа да прави проблеми, потенциомтеарчето се наоѓа на самата глава, односно на главата на која се наоѓа ласерот заедно со отклонскиот систем за ласерскиот зрак, многу е малечко, SMD потенциометарче е ;)), можно е да проработи ;).
Title: Одг: Проблем со CD-Player за во кола
Post by: borisq10 on 19.09.2012, Wednesday, 23:22:42
ако е ласерот зошто не сака да го врти цд-то тоа ме чуди  ;D инаку ако може помош како да го исцистам?  :) :)
Title: Одг: Проблем со CD-Player за во кола
Post by: Zan on 19.09.2012, Wednesday, 23:29:06
ако е ласерот зошто не сака да го врти цд-то
Прво ласерот мора да го "види" CD-то, па потоа го врти.

инаку ако може помош како да го исцистам?
Постојат специјални течности за таа работа, ама може и со чепкалка за уши и малку алкохол, помини нежно преку леќата.

Споено мислење: 19.09.2012, Wednesday, 23:35:04
PS3 Laser KEM-400A - Advanced Lens Cleaning (http://www.youtube.com/watch?v=R2SGF7V3ovc#ws)
Title: Одг: Проблем со CD-Player за во кола
Post by: SaleSk on 20.09.2012, Thursday, 00:11:21
Не алкохол...90% од чистење со алкохол нем вродува со плод (изразов е лудило  ;D вродува со плод)
Алкохолот остава замаглени траги, кои можат да го дефокусираат зракот...Или пак ако го чистиш со алкохол, ондак нека биде 70% а не 96...и одма после бришење со сува чепкалка...
Чепкалките за чистење на оптика се релативно скапи...100 комада јас ги купувам за 60~80 евра, во зависност од цената на пазарот...Во моментот немам како да ви покажам како изгледааат, но некој ден ке видите  ;D Првично тие се некакви си антистатик, со специјални мрежички и не оставаат ни тронка прашинка...Ниту замаглување...
Морам да ги имам заради специфичните ласери кој повремено морам да ги чистам, а се доста скапи (околу 3500 евра)  ;D

Значи прво пробај чистење, со 70% алкохол и после фино полирање со чепкалка за уши, а потоа проба...Или наместо алкохол можеш слободно со плунка!!! Ова навистина...Лижни ја чепкалката и зачисти...
Следно ако ти се губи време микронски поместувања на потенциометарот за фокусирање на зракот...+ претходно пробај реконектирај го флет кабелот на ласерот и плочата...Можно е да има лош контакт...
И на крај смени ласер ако баш мораш :)
Title: Одг: Проблем со CD-Player за во кола
Post by: GigaWatt on 20.09.2012, Thursday, 02:53:34
Јас ги чистам со обична вода ;) (по правило, треба дестилирана, ама па никогаш не ми текнало да купам ;D).
Title: Одг: Проблем со CD-Player за во кола
Post by: ddd on 20.09.2012, Thursday, 12:50:22
Мислам дека не е до чистење,ласерот треба да се замени или штелува.И да се наштелува пак ке има проблеми..............
Title: Одг: Проблем со CD-Player за во кола
Post by: GigaWatt on 20.09.2012, Thursday, 14:47:22
Мислам дека не е до чистење,ласерот треба да се замени или штелува.И да се наштелува пак ке има проблеми..............

Да, ама можно е некое време да тера без поголеми проблеми ;) (можби некое CD нема да сака да го прочита, ама поголем дел ќе ги чита без проблем ;)). Јас би „прогнозорал“, околу година дена по чистењето и штелувањето работа без проблем ;).
Title: Одг: Проблем со CD-Player за во кола
Post by: borisq10 on 20.09.2012, Thursday, 16:52:17
јас денес на 1 мој приател му го чистев ласерот на радиото (Sony) мислев дека нема да ми успее ама од кога го исчистив еве го нема мака радиото работи.. пред тоа кога ке ставиш цд ке го заврти и пиши error сега од кога го исчистив му ставив едно цд заникаде цело издраскано нема мака го прочита што не ми се веруваше  :) :)