Македонски форум за електроника
Други технологии => Автоелектроника => Topic started by: Gestak on 08.03.2010, Monday, 21:24:01
-
Ова е конектор за читање на податоци од компјутерот на кола,има различни конектори за различни возило.Но пред нив има апаратче,некои го викаат интерфејз незнам точно како се вика но зам што улога игра поточно да нема повратна врска да не врати напон или во компјутерот на колата или во лап топот или др. компјутер.Дали има некое решение да се направи нешто такво,иначе тоа кошта над 300$ само за една марка на коли,пример цитроен од ц1 до Ц6,а потоа др. конектор.Сега ако може некој да ми помогне.
-
Ако мислиш тоа да го ставаш на BMW-то поисплатливо е да си купиш
-
Јас имам за BMW za 4 серии, за опел немам па реков сам да си напрам :).
-
Има повеќе стандарди за комуникација со компјутерите (наречени ECU-а) во возилата и групи на производители на возила си користат одредени стандарди. Ќе пробам да најдам нешто на таа тема бидејќи порано работев за Renault, тие користат ISO (порано) и CAN (денес) стандард.
-
Овај тип OBD-ii најчесто е за цитроен,колку што имам стретнато.Јас имам некој шеми во врска со ова тема па ке ги ставам.
-
Значи посебен стандард не е OBD-II, туку OBD-II се вика всушност интерфејсот (конекторот) кој мора да го имаат сите понови возила, така да иако може во ист конектор да се приклучи на пример уред кој поддржува (чита) Renault, тој нема да може да комуницира со Citroen заради различниот начин на комуникација (protocol, standard).
-
Тоа е нормално дека не може да комуницира со секое возило само знам дека овај интерфејс го корисит Цитроен и Фиат,има и др. модели ELM327.Подоцна ке ставам шеми.Поздрав
Еве нколку шеми,сега ваше мислење да видиме.
(http://pic.mk/images/ajobdinter.jpg)
(http://pic.mk/images/obd2cable.gif)
(http://pic.mk/images/obd2serial.gif)
-
Добро, супер. Значи имаме шеми за проба. Е, сега: кај возилата софтверот е најголемиот проблем. Дали знае некој да има бесплатен софтвер на кои би одговарале овие шеми?
-
Имам една програма после ке ја ставам на нет ама незнам дали е за со овие шеми.
-
Дали можат кајнас да се најдат интегралните MAX232CWE,MAX232 на шемата што се дадени?
-
ги има, се најдуваат лесно
-
А сакапи се или ефтини. ???
-
ја имам ценовник еден од ГАЦ електроник за MAX232 има цена 60 денари...а за MAX232CWE незнам...
-
ОК. фала јас мислев да не се ептен скапи над 200ден.Позз фала
-
Дали кај нас може да се најдат вакви конектори,или барем некој од овие.
(http://www.pic.mk/thumbs/obdcabledr.png) (http://www.pic.mk/?v=obdcabledr.png)
(http://www.pic.mk/thumbs/kwp2000ecu.jpg) (http://www.pic.mk/?v=kwp2000ecu.jpg)
(http://www.pic.mk/thumbs/0011268814716.jpg) (http://www.pic.mk/?v=0011268814716.jpg)
(http://www.pic.mk/thumbs/painto1268814870.jpg) (http://www.pic.mk/?v=painto1268814870.jpg)
-
тој што е лево 9 пинскиот конектор се наоѓа..а тој што е другиот конектор...е тоа незнам, а за цели кабли појма немам дали ке се најдат...
-
Знам дека може да се најде 9 пинскиот,за другиот дали може да се најде или од тие конекторите ко порано што се менваја пинојте по своја желба ама дали ке има форма како на сликата.
-
ако си од скопје...логин му е мајката...а неможеш да купиш само кабел а не цел уред???
-
Не сум од Скопје,да бев ке прасав во логинг,јас сам ке го прам овај уред само со конекторите од интерфејсот за накола се проблем а од комјутер до интерфејс е лесно.
-
здраво дали некој има шема за правење на конверто rs 232 во rs 485 или дали може некаде да се купи
-
не е темата за тоа
отвори си нова тема
-
аха ок извините :o
-
Бојан MAX232 и MAX232A исти се,почнат сум со изрработка,наскоро фотки.
-
СКОРО исти, да биле 100% исти немало да го има тоа А ;D за некои работи и тоа А може да зафркне работа...
-
разликата е тоа што тој со А на крајот користи помали кондензатори за да го добие напонот од +/- 10В ( негде околу 0.1uF ), а за разлика од него овај без А користи малку поголеми кондензатори за да ја постигне истата цел ( негде околу 10uF )
друго се е исто :D
-
Ова е конектор за читање на податоци од компјутерот на кола,има различни конектори за различни возило.Но пред нив има апаратче,некои го викаат интерфејз незнам точно како се вика но зам што улога игра поточно да нема повратна врска да не врати напон или во компјутерот на колата или во лап топот или др. компјутер.Дали има некое решение да се направи нешто такво,иначе тоа кошта над 300$ само за една марка на коли,пример цитроен од ц1 до Ц6,а потоа др. конектор.Сега ако може некој да ми помогне.
Оди прашајго Горан Ќосот има готово :)
-
Сега се сменавне со смените, сабајле сум на сколија и обавезно ќе одам до кај Горан. :)
-
Мислам дека кај нас нема, најблиску или во Бугарија или во Турција има.
-
Абе ке ја закачи некој шемата за обд 2 , пошто нигде не ја видов ниту програмата ниту шемата дајте да напрајме еден обд 2 кабел за мојата корса па да видам како е и дајте некоја добра програма што ја користите веќе
-
еве ги, имаше некој проблем со хостот, сликите кај што ги имаат прикачено
(http://pic.mk/images/ajobdinter.jpg)
(http://pic.mk/images/obd2cable.gif)
(http://pic.mk/images/obd2serial.gif)
-
Програмата не е бесплатна,батка.И да најдеш некоја верзија на интернет,таа сигурно не е потполна .Кабелот во Србија е од 100-200 ЕУ ,а програмата (со лиценца) боли глава!За секој тип возола посебен е пристапот и конекцијата.Еве некои работи ,само да се запознаете.
-
Готов ELM327 кошта околу 20$, со USB интерфејс, само што нема софтвер, ќе треба да најдеш на интернет некој кракован или што знам (да си купиш), па да го работиш со софтверот, но сепак доколку го поддржува пошто
најчесто овие клоновите имаат застарен firmware, но ќе си најдеш некој постар софтвер и не би требало да има проблем :)
исто вакви ELM327 со блутут интерфејс можат да се најдат за до кај 30$
-
а со овој кабел ке врши ли работа програмот scan master 2.1 верзија пошто го најдов и го симнав
-
Треба да пробаш.