Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Аудио техника => Сè останато => Topic started by: DX-er on 19.12.2021, Sunday, 11:41:32
-
Сакав сам да си направам блутут звучник и поврзав еден блутут модул од алиекспрес со модул аудио засилувач, но има некое гласно пиштење. Едино тој звук се минимизира доколку користам посебни напојувања за двата модули, што би значело две батерии.... Дали некој се соочил со ваков проблем и дали нашол решение за истиот ?
-
Преку батерија ги напојуваш или преку адаптер (SMPS напојување)?
-
И така и така пробав ама исто е. Не трпат да се напојуваат од исти извор. Иначе да, напојувањата ми се импулсни.
-
А ако ги напојуваш само од батерија и двете, исто е, пак се јавува тоа пиштење?
-
треба да се на различни напајањата, инаку најверојатно се преслушуваат дц-сетап-ите.
-
Да така е. Независно од изворот, пиштењето го има ако и двата модула се приклучени на истото напојување. Едино да не се некои високи фрекфенции од блутут модулот па да прават пречки на засилувачот а тие пречки да се пренесуваат преку жиците за напојување.
Ако напојувам преку различен извор, се слуша пак тој звук ама толку е тивок што нема никаков проблем. Дали има некој начин да филтрирање на РФ пречки ?
-
Мислам дека е невозможно, но, моја идеја би било да направиш инвертер со тафо, на едиот крај нели ќе биде батеријата, со инвертерот, а на другиот да имаш 2 намотки од по 5-6в ( сосе загуби, и ко ќе се намалит батеријата да имаш некои 3в мин.) и така ќе ти бидат галвански одвоени. Додатно, клај алуминиум измеѓу модулите. Е сега и ова е компликовано, пре би 2 батерии него смпс, но едино како решени тоа ми иди на памет. Значи после трафото ќе имаш сториџ намотки, диоди, филтер па модулите. Евентуално ако имаш намотки да пробаш да ги поставиш сериски со + на секој од модулите + кондензатор од 100-470uF 5в на самиот модул. за индуктивитет можеш да пробаш со трафо од лед/штедливка, или од некој atx. друга идеја, со два транзистори, нешто како дупликатор на напон да работи, значи двата транзистори работат инверзно, и во еден момент да е приклучен еден модул, во друг другиот модул. паузата че ја компензира кондензатор со намотка, ама да ти гарантирам не можам.
-
Едино да не се некои високи фрекфенции од блутут модулот па да прават пречки на засилувачот а тие пречки да се пренесуваат преку жиците за напојување.
Можно е да има некои EMI од Bluetooth модулот...
Дали има некој начин да филтрирање на РФ пречки ?
Некој мал LC филтер да направиш. Вредностите не се критични. 100uH со 100pF, или тука некаде...
Додатно, клај алуминиум измеѓу модулите.
Да, не е лошо ова да провериш, дали ако се на поголемо растојание еден од друг модулите се јавува истиот проблем.