Дечки
Стигна шитот
Кога стигна пакетот само си велев да не пратија нешто друго, некој друг модел или било што, оти знаат да ја утнат.
кутијата деформирана целата, кој знае низ што поминала
на кутијава цревата и излегоја, па си реков се надевам дека тоа што е внатре не е исцреварено
Ок, се е во ред, станицата е таа, но забележав дека нешто како да фали, па видов дека станицата е комплетна , односно трговецот ја ставил батеријата на станицата. Да, но јас не знам зошто ја извадив батеријата и се обудов да ја ставам на тоа празно место, и.......не одговара, местото е тесно за да влези батеријата. Тогаш ми стана јасно дека кутијата не е оригинална. Ок, баофенг кутија е, на кутијата не пишува модел на станицата, и секако батеријата не ја бери во местото наменето за батеријата, и да 100% кутијата не е оригинална, ама нема врска. Важно е дека се што треба да има, има во кутијата. Кутијата како кутија секако ќе послужи како потпалок на оган во овие зимски денови
Убаво лежи на рака иако малку поголема од uvb2 Plus по мое мислење
Потенка од uvb2-Plus
Ја уклучив станицата и си работи како што треба, менито е речиси исто како uvb2 Plus. Според мене ова е можеби малку визуелно подобрена верзија од uvb2 Plus, со поинаков изглед и секако 20 долари поскапа.
Единствено нешто што ме нервира е РТТ дугмето, ужас!!!!
На останатите модели на баофенг има едно дугме под дисплејот за префрлување од фреквенциите запишани на горниот и долниот дел на дисплејот. Овој модел го нема тоа. Затоа некој чајна бој му наместе dual PTT дугме кое знае да нервира. Се случува да сакам да емитувам на една фреквенција запишана на дисплејот, и во притискање да ми префрли на другата фреквенција. Значи треба да се навикнам на измената.
Инаку станицата си работи супер, ја тестирав со motorola gp300. Овој модел на баофенг според мене има најдобра модулација и добро се рамни со моторола гп300.
Останува да се види како ќе работи преку репетитори и секако симплекс на поголеми далечини.
ФМ радиото е за чудо добро, но мразам батериска ламба на радиостаница.
Овој модел вреди за секој денар потрошен на неа, ме изненаде модулацијата и јачината на звукот.
Сепак оваа станица е малку поскапа од останатире во палетата на баофенг и ја купив пред се поради радозналост, но вредеше. Се надевам нема да ја загинам и оваа.