Како што веќе заклучивме, кинеските радиостаници се достапни за секој џеб, сепак не се баш за сериозна употреба. Од мојата баофенг бев задоволен, имаше доста функции, лесна беше, компактна и направив доста врски со неа. Ја споредив со други брендови, а најповеќе со Motorola GP300 при остварување врски на симплекс или репетитор и верувајте има разлика во квалитетот на прием и на предаја. Сепак овој факт не треба да се земе во предвид кога некој не е во можност да набави поскапа и поквалитетна радиостаница, бидејќи и кинеската радиостаница ќе му брка работа.
Инаку мојата Баофенг UVB2- Plus, неславно заврше кога собирав печурки, испаднала некаде, иако ми беше врзана за ременот со клик-штипката на батеријата. Не се враќав да ја барам бидејќи најверојатно неколку километри било како што ми испаднала, а и дека се работи за евтина радиостаница ич не ми беше мака. Да беше тоа мојата Motorola GP300......ќе болеше тоа, навистина ќе болеше и немаше да имам мир додека не ја најдев.
Во план сум да купам друга кинеска радиостаница