Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Радио техника => Радиоаматери => Topic started by: Z31GH on 18.12.2011, Sunday, 22:16:14

Title: 9 елементи Yagi антена
Post by: Z31GH on 18.12.2011, Sunday, 22:16:14
Јаги антена по радиоаматерот DL6WU. Антената има 14 децибели појачување, нешто подолга од 4 метра, 4120 mm односно 2 ламбда за 144 мегахерци.
Антената не ме кошташе апсолутно ништо, трошоци нула. Материјалите ги имав и сакав да направам една многу добра антена. Антената покажа одлични резултати за работа преку репетитор, за телеграфија и ЅЅВ не ја испробав бидејќи имам сако FM станица за 2 метри подрачје.
За цела оваа работа на антената ми помогна радиоаматерот Кирко Z31WW и му сум многу благодарен

(http://i1086.photobucket.com/albums/j460/transkop/IMG_0038.jpg)

За антената требаше да се направи еден вид трансформатор на диполот наречен балун

(http://i1086.photobucket.com/albums/j460/transkop/IMG_0039.jpg)

Имав доста работа на антената. Јас како машинец дадов све од себе да направам една добра антена.  Директорите на антената беа прицврстени на празни алуминиумски неповратни вентили који ги обработив на фреза 25мм за да се прицврсти на носачот.

(http://i1086.photobucket.com/albums/j460/transkop/IMG_3964.jpg)

после 3 дена работа конечно беше готова.

(http://i1086.photobucket.com/albums/j460/transkop/IMG_3963.jpg)

За да виде стабилна направив носач на која што беше прицврстена на три места

(http://i1086.photobucket.com/albums/j460/transkop/IMG_0078.jpg)

ОДЛИЧНА АНТЕНА!!!!!!!!  одлични перформанси со само 5 вати го рушев репетиторот R7 на солунска глава, а замислете 50 вати  ;) плус 14 децибели појачување, оваа антена беше бомба.
Работев само ФМ а за ЅЅВ ќе ја користев кога ќе набавев All mode  станица и ротатор.

Деновиве имавме голем ветер неколку дена со брзина од скоро 100 километри на час. Направе големи штети во градот, откорна покриви на неколку куќи, паднаја неколку дрва, светлечки реклами, искршени прозорци имаше во неколку куќи, паднати сообраќајни знаци и падна и мојата антена. Не само што падна, туку со тоа се направија и други штети, Антената како што падна, падна на диполот од мојата КТ антена и ја скина, ги откорна тулите од оџакот и скрше неколку герамиди.

(http://i1086.photobucket.com/albums/j460/transkop/IMG_0111.jpg)

(http://i1086.photobucket.com/albums/j460/transkop/DSC00198.jpg)

(http://i1086.photobucket.com/albums/j460/transkop/DSC00199.jpg)

(http://i1086.photobucket.com/albums/j460/transkop/IMG_0112.jpg)

Тулата некако ја извадив од типлата и ја наместив назад како што се гледа на сликата, а напролет ќе треба да го санирам целиот оџак, не е толку оштетен меѓутоа доста тули се размрдани

(http://i1086.photobucket.com/albums/j460/transkop/IMG_0115.jpg)

антената не е оштетена за чудо, само е искривен директорот кој што ќе го заменам со нов. Антената ја слегов со јаже и викнав пријател да ми помогне, бидејќи со двете раце работев и лазев скоро до олукот оти антената заглаве на едно место, не можев да сликам опасно беше оти ќе се сликав за на надгробна плоча  :D
Добра страна на сето ова е дека не е многу оштетена антената, а и ја закрпив антената за КТ. Сепак нема повеќе да ја местам антената за оџак оти сум на највисоко ниво во населбата и секогаш мене ветрот „најповеќе ме мава„
Решение на оваа работа е да направам столб. а привремено решение ќе биде антената да ја поставам на неколку метри висина со импровизиран столб што овие денови ќе го направам
Title: Одг: 9 елементи Yagi антена
Post by: LordZi on 18.12.2011, Sunday, 22:24:01
Аман бе, што ветар ќе беше, циглите ги откорнал... :o
Ти посакувам што побрзо да ја средиш и да ја вратиш во функција ;) :).
Title: Одг: 9 елементи Yagi антена
Post by: DX-er on 18.12.2011, Sunday, 22:38:57
Z31GH најважно е што имаш чист терен пред себе и простор кој не е загаден со разно разни сметњи и шумови како овде во Скопје.
Антената е добра, само тој директорот не мора да го менуваш, може само да го изправиш и да биде пак рамен.
Title: Одг: 9 елементи Yagi антена
Post by: Malecko on 18.12.2011, Sunday, 22:44:53
Антената ја слегов со јаже и викнав пријател да ми помогне, бидејќи со двете раце работев и лазев скоро до олукот оти антената заглаве на едно место, не можев да сликам опасно беше оти ќе се сликав за на надгробна плоча  :D
Ахахахаха со ова ама си ме насмеал хаха :D ;D ;D
Title: Одг: 9 елементи Yagi антена
Post by: Z31GH on 18.12.2011, Sunday, 23:13:07
Вакви ветрови има во Април и Ноември, во ноември немаше, тие овој пат само закаснаја. Не сакав да ги сликам штетите во градот додека возев вчера на работа бидејќи не се дел од темата односно немаат врска со електроника.
Title: Одг: 9 елементи Yagi антена
Post by: batka on 19.12.2011, Monday, 20:09:38
Аман бе Битолчани ве отепа ветеров!  ;D ;D Спремам една тема за ветерни централи,кај вас сигурно ке оди добро! ;)
Title: Одг: 9 елементи Yagi антена
Post by: Z31GH on 20.12.2011, Tuesday, 00:17:36
Батка, па да ти кажам право на 800 метри надморска висина каде што се наоѓам идејата за ветерница е одлична, ама да не одлета и таа  :) пред неколку години се збогував со сателитската антена поради тие ветришта
Title: Одг: 9 елементи Yagi антена
Post by: Zdravkovski on 20.12.2011, Tuesday, 07:10:54
колега јас од антениве не се разбиран ништо (0) ама ти може да имаш многу поголем проблм од тој со ветерот, како што гледам куќата ти е на повисоко а со антената добиваш уште повеќе на восина а немаш громобранска заштита па недај боже да не испадне и поголем проблем напролет кога ќе почнат повеќе електричните празнења.
п.с жалам за настанатата штета иако ти кажуваш дека не е голема и со желби да не се повтори
Title: Одг: 9 елементи Yagi антена
Post by: batka on 20.12.2011, Tuesday, 14:44:27
Овој модел е од старите САМ-ови со амортизери за силен ветер,па вројатно ке издржи  :D Одм искуство - антена и 0џак не одат ( ова во војска го научив и го видов во пракса! :D :D :D) .Една АТ5 беше спровната во оџак ,ама поради своите 12 метри го урна оџакот во една бура,а таа се скрши на пола! Оние што знаат што е АТ 5 ке знаат на што мислам. :D :D :D :D
Title: Одг: 9 елементи Yagi антена
Post by: GigaWatt on 20.12.2011, Tuesday, 16:29:51
Оние што знаат што е АТ 5 ке знаат на што мислам. :D :D :D :D

Да не е антена за систем за наведување на анти-тенковски ракети? Бидејќи колку што знам, AT5 се наведувачки анти-тенковски (guided missile). Мислам дека беа Руски, ама не ме земајте за збор, порверете на Google.

ПС: Не се разбирам во оружје и наоружување, ама ова го знам бидејќи по ОНО правев семинарска за анти-тенковски оружја ;D.
Title: Одг: 9 елементи Yagi антена
Post by: batka on 20.12.2011, Tuesday, 21:33:06
 Не бре Гига : АТ5  се состои од 5 стаклопластични цевки со вкупна висина од 12м.Се наставуваат една на друга и со помош на 4 ортоми и постоље се крева нагоре и се ленгерисува.на врвот се врзува бакарна сајла која на себе ина т.н. трапови и под агол од 60 степени се укосува кон столбот. Траповите имаат свои спојки и зависно од фреквенцијата се скратува или продолжува антената. Принципот е сличен како кај W3 DZZ антената .Отприлика вака изгледа:
Title: Одг: 9 елементи Yagi антена
Post by: GigaWatt on 20.12.2011, Tuesday, 22:22:42
А за што е оваа антена?
Title: Одг: 9 елементи Yagi антена
Post by: DX-er on 20.12.2011, Tuesday, 22:46:02
вероватно за 144MHz банд
Title: Одг: 9 елементи Yagi антена
Post by: Z31GH on 20.12.2011, Tuesday, 22:56:15
колега јас од антениве не се разбиран ништо (0) ама ти може да имаш многу поголем проблм од тој со ветерот, како што гледам куќата ти е на повисоко а со антената добиваш уште повеќе на восина а немаш громобранска заштита па недај боже да не испадне и поголем проблем напролет кога ќе почнат повеќе електричните празнења.
п.с жалам за настанатата штета иако ти кажуваш дека не е голема и со желби да не се повтори

Гром не би требало да удри во куќата оти струјата иди од под земја (како што рекоја инжинерите кога се градеше куќата) а и не сум највисок објект во радиус од 100 метри. Во овие 23 години колку што е куќата стара никогаш немало удрено гром

@GigaWatt

Ова е антена за радиоаматерска фреквенција 144-146 мегахерци, пишува во првиот пост од оваа тема. Правена е од една стара книга по авторот Rothamel.
Title: Одг: 9 елементи Yagi антена
Post by: DX-er on 20.12.2011, Tuesday, 22:58:47
@GigaWatt

Ова е антена за радиоаматерска фреквенција 144-146 мегахерци, пишува во првиот пост од оваа тема. Правена е од една стара книга по авторот Rothamel.

мислам дека прашува за антента од постот на Батка
Title: Одг: 9 елементи Yagi антена
Post by: GigaWatt on 20.12.2011, Tuesday, 23:54:07
мислам дека прашува за антента од постот на Батка

Да, за таа прашувам ;).
Title: Одг: 9 елементи Yagi антена
Post by: DX-er on 20.12.2011, Tuesday, 23:56:12
извинете, моја грешка. Антената е за кратки бранови, односно за 7 и 21МХз