Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Радио техника => Радиоаматери => Topic started by: DX-er on 14.02.2016, Sunday, 21:06:34

Title: Како да дадете реален рапорт кога зборувате преку репетитор
Post by: DX-er on 14.02.2016, Sunday, 21:06:34
Доколку зборувате преку репетитор на S метарот го гледате нивото на сигналот кој го примате од репетиторот но не можете да го одредите нивото на сигналот на соговорникот бидејки може репетиторот да го фаќате со Q5 а човекот кој што ви збори преку репетитор да има саб сигнал и вие ке го слушате со помало Q. Друго нешто е доколку репетиторот го слушате со слаб сигнал а оној кој говори преку него е Q5 до репетиторот и вие му дадете рапорт на пример Q3 а не му потенцирате дека самите вие не го слушате добро репетиторот не е во ред. Во тој случај треба да му кажете дека слабо го слушате репетиторот и тоа е на пример Q3.
Друго нешто што имам приметено често пати ми се случува некој да ми рече поминуваш Q5 а во сигналот има шум. Доколку има шум тогаш дефинитивно не е Q5 туку Q4 или Q3 (за подолу не сакам да зборам). Како да одредите и дадете правилен рапорт.

Доколку вие го слушате репетиторот Q5 и притоа соговорникот го слушате со:
100% модулација и 0% шум е Q5 (одлично)
75% модулација и 25% шум е Q4 (задоволително е)
50% модулација и 50% шум е Q3 (разбирливо но замара доколку подолго го слушате)
25% модулација и 75% шум е Q2 (едвај разбирливо)
0% модулација и 100% шум е Q1 (нема глас)

Дури доколку ова го извежбате и усовршите како што треба можете да давате и по прецизни вредности, односно рапорт на пример Q2,5 доколку модулацијата е меѓу 25 и 50% (пр. 35%) во однос на шумот.