Не мислев да ти вратам ама за воља на вистината и сите да видат за што се работи еве го извадокот во пдф формат.
1.Многу јасно е дадено како се однесува површината на бас рефлекс отворот спрема површината на мембраната на басот.
2.Се кажува дека за да ја намалиме долната гранична фреквенција на веке направената кутија ,треба да
изгубиме на ефикасноста одреден број децибели и при тоа намалувајки го дијаметарот на цевката ,треба
да ја продолжиме бас рефлекс цевката!
3. Таму каде пишува - просто правило: што поголем отвор,толку пократка цевка е дадено во продолжение еден пример за што точно се однесува:
*Ако земеме пример за 8 инчен бас ке имаме : кутијата е пример 50 литри со 60 Хз резонантна фреквенција и бара за бас рефлекс отворот површина од 120 см .квадратни и 11 см должина на цевката.Ако сакаме да добиеме 65 Хз рез.фрекв. при иста литража треба отворот да биде 130 см квадратни и 9,1 см должина на цевката ( значи еве што и зошто се намалува!)
Значи награда не добиваш никако! Освен совет :Брановата должина е обратнопропорционална со фреквенцијата .
И да го затвориме постот ,се уморив пред упорноста.
Споено мислење: [time]09 Април 2011, 16:48:20[/time]
П.С. Овие неколку примери што се дадени се земени од една книга на еден професор (сега веке покоен Др Бранко Хорватовиќ ) ,значи јас не сум ги измислил,ниту сум се довел во ситуација да се прикажам како автор .Овој напис испадна во еден странски часопис пред десетина години и никој,велам никој не му најде апсолутни замерки.Впрочем,јас не напишав докторат на темава и да се дичам со тоа,ами повеке како мала резигнација на се повеке компјутеризираните сваќања за проблемот со градбата на зв.кутии!
Значи,тврдењето дека тука ништо не е точно ги отфрлам .Впрочем ,освен во една реченица во ништо друго не покажа замерка!
Цитатот од проф. Хорватовиќ е исправен и е во согласност со формулата на Хемхолц, али ти погрешно си го разбрал и си му дал универзално значење. Еве кратко објаснување за Хелмхолцовата формула од професорите од Харвард:
http://people.seas.harvard.edu/~jones/cscie129/nu_lectures/lecture3%20/ho_helmholtz/ho_helmholtz.html
Со c е означена брзината на звукот у воздух: c=343m/s, со S е дадена површината на цевката m
2, со V е волуменот на кутијата m
3, а со L е дужината на цевката m. За бас рефлекс кутија потребна е мала корекција на оваа формула - уместо должина L, се зема должина L+0.71xD, каде D е дијаметар на цевката.
Проблемот е у тоа што ти не си забележал дека примерот од Хорватовиќ важи за случај ако сакаме од постоечката кутија со 60 Hz резонантна фрекфенција да добиеме повисока резонација - 65 Hz. А што ако нејќеме да ја покачиме резонантната фреквенција на таа кутија, ни се свиѓа звукот што се добива баш со таа стара резонанција од 60 Hz и само сакаме поширока цевка? Тогаш обавезно дужината на пошироката цевка мора да биде подолга од старата, потесна цевка. Пресметај и самиот!
Тоа покачување на фрекфенцијата е потребно само ако сакаме да добиеме поголема ефикасност, при што ќе ги изгубиме најдлабоките басови. Ипак и тука важи формуалта на Хелмхолц (со корекцијата). У примерот со отворот од 120 cm
2 дијаметарот на цевката е 12,36 cm, па корегираната дужина L која треба да се уметне у формулата ќе биде L=0,11 + 0,71x0,1236=0,198 m. Со формулата се добива резонантана фрекфенција од точно 60 Hz.
У примерот со отворот од 130 cm
2 дијаметарот на цевката е 12,86 cm, па корегираната дужина L која треба да се уметне у формулата ќе биде L=0,11 + 0,71x0,1286=0,182 m. Со формулата се добива резонантана фрекфенција од точно 65 Hz.
А што ако сакам на таа иста кутија да добијам резонантна фреквенција од исто 65 Hz, само со уште поширока цевка со површина од 150 cm2 (дијаметар 13 cm)?
Тогаш таа цевка мора да биде долга 12 cm, а тоа е подугачко од оние 11 cm од првиот пример!!! Коригираната должина L за у формулата треба да биде L=0,12+0,71x0,13=0,212 m.
Заклучок: Хелмхолц е управо, Хорватовиќ е у право, а ти не си.
И, што е наградата за точно одговореното прашање?
Е, ќе заборавев - бранова должина на фрекфенција од 65 Hz е 5,28 метри, што е многу поголемо од каква било бас рефлекс кутија. Хелмхолцов резонантор и бас рефлекс кутија не работат со бранови должини, него само со масата и еластичноста на воздухот затворен во волуменот на кутијата и во цевката. Тие се понашаат како резонатор со тег обесен на федер, тоа нема врска со бранови должини, прочитај објаснивање за Хелмхолцов резонатор на линкот.