Дали ги имаш соодветните драјвери за CH340G, пробај од самото коло ако има извадено настрана негде пинови спој ги RX и ТX и преку некој програм за сериска комуникација (пр. PuTTY) пробај праќај рандом пораки, истите што ќе ги пратиш треба и да ги прими, се преслушува самот (ехо, или како сакате наречете го).
Дали во девајс менаџер го прикажува колото како USB to COM, копирај каков ерор ти вади ардуиното кога ќе се искомпајлира програмата, кога не можи да ја upload-ира појавува некој ерор, кој тип на ардуино е, односно од кое ардуино е клон nano, pro mini, UNO и слично.
За да работи се како што треба, кога ќе се програмира, по самото компајлирање на програмата DTR линијата од USB-RS232 колот треба да оди на ниско логичко ниво, за да инициализира ресет на ардуиното, со ова тоа ќе влези во програмски мод, DTR линијата дава краток импулс, односно оди на ниско логичко ниво за кратко време и после се враќа на високо ниво, провери дали кај тебе тоа се случува, или останува на ниско ниво, ако се случува тоа треба да ставиш кондензатор сериски од DTR према ресет пинот на ардуиното.
За драјвери види тука
http://www.5v.ru/ch340g.htm