Author Topic: Случајни муабети  (Read 828232 times)

Offline stiffy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 490
  • Gender: Male
  • ак сакам.
Re: Случајни муабети
« Reply #5040 on 25.12.2013, Wednesday, 13:31:55 »
Брате кај Маџаров поопремени се од овие кј полицијава или како што имам слушано се занимавале  само со звучници, такви работи поправале? Пошто не сум и јас од Охрид(учев таму) и стално кога купував земав од кј полицијата, за Маџаров викаа дека само поправал звучници нешто, таква работа.
мислам дека опоменава од гига за друг беше, зато одговарам.

Маџар се бавит со озвучење, сервис и уште многу работи (да не рекламираме), е многу поопремен од кај паунко, ама ретко продават за своја потреба воглавно се, ама за мала количина не прајт проблем.

Offline daniel spasovski

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1330
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #5041 on 25.12.2013, Wednesday, 15:02:10 »
Отвори си посебна тема за ова. Пак ли да опоменуваме што може да има, а што не во оваа тема ::). Па нема смисла.

Извини Гига , немав таква намера , мислев дека е чисто онака обично прашање , но ете отворив нова тема , извини уште еднаш  :)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Re: Случајни муабети
« Reply #5042 on 28.12.2013, Saturday, 23:33:27 (Edited 29.12.2013, Sunday, 17:25:13) »
Quote from: Админстрација
Преместена дискусија од следната тема:

Code: [Select]
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=11741.0

Kilovolt е последица на последователното уништување на нашето техничко образование.Да не се чудиме.Порано во 7 одделение се учеше физика ,хемија и ОТП ( техничко или општотехничко образование) во 8-мо одделение се учеше електричество и од 1992 г и електроника ( основи со комплет по ОТП и се правеа 5-6основни вежби со лемење на универзална плочка),Потоа тоа замре,за на крај ОТП стана изборен предмет,а се прикачија информатиката и сега * Природните науки* ( значи има и вештачки науки во образованието! ;D >:( ;)) Еве затоа овој наш член не знае ниту Омов ,ниту Киркофов закон,а за трансформатори чул а не разбрал!
Киловолт,побарај на Форумов ,има туторијали за трансформатори,како и за почетници во електрониката и прво седни и прочитај.Точно е дека е најдобро од книга да учиш меѓутоа многу малку (или скоро ништо !) нема на Македонски јазик,па мораш на српски ,хрватски или енглески да се снаоѓаш.Дотогаш,за да не испаѓаш смешен(извини на изразов!) немој да постираш теми за висок напон,некакви твои експерименти и најблаго речено * хорор* постови.

Offline MetallicA

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 716
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #5043 on 29.12.2013, Sunday, 16:25:39 »
батка, киловолт е последица на некои си приказни што ги има во учебникот по физика. т.е. има нешто напишано ама ни авторите не знаат што пишува се е збуткано и не разбирливо, а за техничко да не зборуваме, ама најголемиот проблем е што во сите школи е така, сите гледаат само да поминат, не е битно дали нешто знаат... bicikle кај аудио трнсформаторите импендансата се пресметува на лесен начин. пример, некој трансформатор има сооднос на намотките 25:1,  го знаеш соодносот, напонот за кој е дизајниран и не е толку битен освен ако апликацијата го бара тоа. потоа 25 се квадрира т.е. 25х25 добиваш 625, и потоа импендансата зависи од потрошувачот на секундарот на пример ако на секундарот поврзеш звучник од 4 оми, наместо 1 добиваш 4, и во соодност на тоа се мени и примарот.. 625х4=2500, значи трансформатор 25:1, кога ке му се приклучи звучник од 4 ома има импенданса 2500 ома на примар.. патем bicikle на кој дијалект пишуваш дека ми требаше пола саат да разберам  ;D
прашање за киловот, знаеш ли како работи теслиниот трансформатор, и ако сакаш дај објасни ми.
Kure je kupio novog BMW-a

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Re: Случајни муабети
« Reply #5044 on 29.12.2013, Sunday, 16:51:24 »
Проблемот е што генерациите како Киловолт немале шанса да научат! Проблем е што нема чуебници и книги на македонски јазик,нема наставен кадар амбициозен,но и со знаење и ентузијазам да работи со талентирани ученици,кои пак ги има се помалку.Не да нема таленти ама и вистинските таленти немаат со кого да работат и да научат нешто.Професионалната ориентација пропадна во земја,бидејки никој не работи на тоа поле,нема технички ориентирани предмети со некоја,макар и најмала пракса(практична работа) и на крај -замреа организациите како Народна Техника,која ги собираше оние кои сакаа нешто да научат.За жал државата е таа која треба да ја води таа политика и мора во најскоро време да се започне со * реконструкција* на образованието,или се повеќе ќе ома постови како оваа тема!

Offline MetallicA

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 716
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #5045 on 29.12.2013, Sunday, 17:03:12 »
не е само пробемот и во наставниот кадар туку и во учениците (во кои спагам и јас  ;D) сите учат за оценка не за знаење тоа е најголемиот проблем, а во сето тоа има улога и младиот не искусен наставен кадар. сега особено во послендо време скоро секој ден има инспекции а ни самите тие не знаат која е целта на таа контрола.. професионалната ориентација веке сите ја избегнуваат поради еден демотиватор: ке завршиш, ама нема да те вработат. тоа е и проблемот ке завршиш едно, ке имаш амбиции да работиш нешто друго, за да на крај завршиш во сосема погрешен правец.  практичната работа е сосема ако не и целосно изоставена значи 99% што се учи е теорија, а на пракса или ги пуштаат учениците да си одат, или пак си седат така цели 5 часа. најголем виновник за ова е законот со кој што воведоа задолжително средно образование, ако порано само 40% ке отиделе средно и ке завршеле сега сите одат и секако сите завршуваат, и потоа ке дојде тој и ке ти вели па и јас имам средно зошто да не го вработат него кога и тој има средно.. а доколку не беше задолжително оние 40% дел ке завршеа дел не и потоа секој ке си го најде своето место според нивото на знаење. патем нели е народна техника независна организација, и дај ако сакате преместете ја оваа дискусија на друго место да не одиме повеке off topic.
Kure je kupio novog BMW-a

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Re: Случајни муабети
« Reply #5046 on 29.12.2013, Sunday, 18:33:28 (Edited 29.12.2013, Sunday, 18:37:29) »
Мака ми е да читам се сега (ќе прочитам де..)
Оставете го детето, ако можете помогнете му, ако не можете оставете го, не е тоа криво, он праша, вие вака како „сезнајковци“ би требало да му кажите, ова е типишно балканско размислување, не можи, не работи, нема да работи, не така не вака..
Значи ќе работи можи и се тоа позитивното, ама нема да работи како што сака тој него нешто поинаку ќе работи....

И друга работа, гледам на кај ви оди муабетов пишете што сакате, ама гледајте политиката настрана држете ја, не дека мене лично ми смета, него правилата не дозволуваат тоа и глупо е пошто за таа политика најголем дел од членовите ќе се искараат за џабе
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline ivica.s

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 369
  • Gender: Male
  • RF Guru
    • Регистрирај се и заработи на envato.com
Re: Случајни муабети
« Reply #5047 on 29.12.2013, Sunday, 19:18:43 (Edited 29.12.2013, Sunday, 19:21:02) »
Се слагам со Devil. Зошто KiloVolt не знае некои работи не знам точно ама сепак млад е многу и има ентузијазам што ме радува. Поради тоа апелирам секоја критика кон него да биде конструктивна и да биде малку поопширна и поисцрпна  а не од типот ова не работи, не може така и сл.

И не иако и тој е од Прилеп не го знам ниту пак ова е случај на локално-градски протекционизам.  

Offline at.koce

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 501
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #5048 on 29.12.2013, Sunday, 19:47:27 »
Проблемот е што КилоВолт одбива да седне и да прочита теорија малце и си тера по свое. Едноставно не ги слуша поискусните и нормално кога некој постојано нешто те прашува и кога ќе го посоветуваш, а не сака да те послуша, ќе ти здосади и престанеш да се трудиш да му помогнеш !

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Re: Случајни муабети
« Reply #5049 on 29.12.2013, Sunday, 20:00:38 »
Може е само приучен и е млад и не е начитан нема искуство но млад е.Но ми се допаѓа тоа што е полн со ентузијазам.Киловолт најубаво средно електро да одиш е така у прва година ќе учиш електротехника и ќе се научиш не е страшно.И после ќе си дојдеш на твојот терен високонапонско техника. ;) ;D ;D.Поздрав само дали во Прилеп имате средно електро,стручно незнам ако има супер ;) :D ;D ;D.
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 814
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Re: Случајни муабети
« Reply #5050 on 29.12.2013, Sunday, 20:15:55 (Edited 30.12.2013, Monday, 00:34:13) »
Quote
батка, киловолт е последица на некои си приказни што ги има во учебникот по физика. т.е. има нешто напишано ама ни авторите не знаат што пишува се е збуткано и не разбирливо, а за техничко да не зборуваме
Само да знаеш, над 30 ОГРОМНИ грешки имаме најдено во тој учебник, тој е еден од најголемите промашувања во просветата...

Quote
прашање за киловот, знаеш ли како работи теслиниот трансформатор, и ако сакаш дај објасни ми.
Знам, ама сега немам време, накратко седнав, треба да цртам по ликовно, иначе ќе ти објаснам...

Kilovolt е последица на последователното уништување на нашето техничко образование.Да не се чудиме.Порано во 7 одделение се учеше физика ,хемија и ОТП ( техничко или општотехничко образование) во 8-мо одделение се учеше електричество и од 1992 г и електроника ( основи со комплет по ОТП и се правеа 5-6основни вежби со лемење на универзална плочка),Потоа тоа замре,за на крај ОТП стана изборен предмет,а се прикачија информатиката и сега * Природните науки* ( значи има и вештачки науки во образованието! ;D >:( ;)) Еве затоа овој наш член не знае ниту Омов ,ниту Киркофов закон,а за трансформатори чул а не разбрал!

За првото што го пиша, сосема се сложувам, значи воведени се некои непотребни работи (етика, граѓанско, информатика(не толку непотребен) и друго) а исфрлени се основните.
А за второно не претерувај, знам што сакаше да кажеш ама ај... Не сум до толку, да не речам глуп ко скапаницине на училиште да не знам што е омов закон, што трансформатор и како тој работи...

Проблемот е што КилоВолт одбива да седне и да прочита теорија малце и си тера по свое. Едноставно не ги слуша поискусните и нормално кога некој постојано нешто те прашува и кога ќе го посоветуваш, а не сака да те послуша, ќе ти здосади и престанеш да се трудиш да му помогнеш !

Јас во такви случаи, не дека не слушам, туку допрашувам зошто тоа не е така, а кога ќе добијам сосема целосен одговор, се ми се разјаснува и тоа е тоа.....

Може е само приучен и е млад и не е начитан нема искуство но млад е.Но ми се допаѓа тоа што е полн со ентузијазам.Киловолт најубаво средно електро да одиш е така у прва година ќе учиш електротехника и ќе се научиш не е страшно.И после ќе си дојдеш на твојот терен високонапонско техника. ;) ;D ;D.Поздрав само дали во Прилеп имате средно електро,стручно незнам ако има супер ;) :D ;D ;D.

Има во Прилеп индустриско, и во него мислам има насока -електроника-.
И се извинувам на администрацијата за цитирањето на последната порака, морав некако ред да поставам во целава оваа збрка од цитати и одговори...
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline MetallicA

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 716
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #5051 on 29.12.2013, Sunday, 20:33:35 (Edited 29.12.2013, Sunday, 20:36:37) »
се сложувам со коце, детето има отворено повеке теми, ајде еднаш праша му се одговори дека треба да чита уште, вторпат, третпат... али тој упорно си тера по свое мислејки дека се знае.. и како што кажа коце секако дека ке ти здосади да одговараш на некои прашања кои одново се повторуваат. истотака до некаде се сложувам и со девил, тоа е балкански менталитет и неможе да се менува.  а ако го оставиме и не одговараме, ке почне да коментира не му било одговарано сме го мразеле итн. инаку политиката ја има во скоро секој пост само не се истакнува до толку и тоа е дел од општеството не можеме тоа да го менуваме.. ;) патем да секој го радува тоа што таков млад човек има ентузијазам. ако сака да учи за високонапонски уреди нека се запише енергетика, ама верувам дека таа негова жела за високо напонски уреди ке згасне за кратко време. друже киловолт, да се само 30 грешки во тој учебник ке беше добро ама ги има многу повеке, како што кажав има пишувано нешто ама ни авторите не знаат што. патем киловолт ако те толку многу интересира теслиниот трансформатор те советувам да побараш начин т.е. де измислиш како да го искористиш за безжичен пренос на енергија а не за искри  ;) кој знае може еден ден ке бидеш научник на ова поле. :) и уште да дополнам пак немој да мислиш дека знаеш се како работи во конкретниот случај трансформаторот, и јас го мислев истото до лани ама откако сега почнавме да учиме електротехника, видов дека уствари јас ништо не  сум знаел  ;D ;D
Kure je kupio novog BMW-a

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Re: Случајни муабети
« Reply #5052 on 29.12.2013, Sunday, 20:34:33 (Edited 29.12.2013, Sunday, 21:09:02) »
Вака сега,да се разбереме- овој Форум е отворен за прашања и одговори.Но, не треба никого да напаѓаме или браниме (ако некој така тоа го толкува) кога отвора теми и пишува произволни работи.Грешки се подкраднуваат,но се исправаат.Сепак,Киловолт е посебен случај - тој упорно си игра со висок напон,прави некои уреди,експериментира и мисли дека е *на свој терен*.Ама тој е далеку од теренот и не треба да се охрабруваат неговите постови.Имам скоро 30 г.искуство со работа со млади во   Народна Техника.За инфо јас прв ги воведов 1992 г вежбите по ОТП за осмо одделение и воведов електроника како обавезни вежби во наставата.Секоја манифестација на државно ниво не поминува без мене веке 30 години.Сум работел со таленти вон серија,ама сум барал од секој од нив да ја научи основната теорија!Без тоа нема напред.И затоа му велам на Киловолт да седне и да чита,а не да пишува постови.Не е срамота да прашуваш,не е срамота да не знаеш,ама е срамота да не сакаш да научиш.Затоа,седи ,читај,слушај и гледај што има на Форумов,прегледувај постари теми и прашувај!!Тоа е начин на учење.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #5053 on 30.12.2013, Monday, 00:35:29 (Edited 30.12.2013, Monday, 00:37:22) »
За првото што го пиша, сосема се сложувам, значи воведени се некои непотребни работи (етика, граѓанско, информатика(не толку непотребен) и друго) а исфрлени се основните.

Нашле за етика да предаваат во капитализам ??? :o ;D, хахахахахаахахах ;D ;D ;D.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 814
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Re: Случајни муабети
« Reply #5054 on 30.12.2013, Monday, 14:08:12 (Edited 30.12.2013, Monday, 14:35:17) »
друже киловолт, да се само 30 грешки во тој учебник ке беше добро ама ги има многу повеке, како што кажав има пишувано нешто ама ни авторите не знаат што.
Јас ти кажувам ние така патем што сме учеле што сме заприметиле, сигурно има повеќе
Пр.:
магнетот привлекува железни и челични предмети, предмети од други супстанци НЕ привлекува
(кај ти се феромагнетните и парамагнетните супстанци освен железото и челикот?)
Под симболот за диода пишува дека диодата пропушта струја во насоката на стрелчето!?!?

И така натаму...

Quote
патем киловолт ако те толку многу интересира теслиниот трансформатор те советувам да побараш начин т.е. де измислиш како да го искористиш за безжичен пренос на енергија а не за искри  ;) кој знае може еден ден ке бидеш научник на ова поле. :)

Да направиш уште еден и да го наштимаш на истата резонантна фрекфенција....

Quote
и уште да дополнам пак немој да мислиш дека знаеш се како работи во конкретниот случај трансформаторот, и јас го мислев истото до лани ама откако сега почнавме да учиме електротехника, видов дека уствари јас ништо не  сум знаел  ;D ;D

Испаѓа работава, сега знам дека ништо не знам.....

Нашле за етика да предаваат во капитализам ??? :o ;D, хахахахахаахахах ;D ;D ;D.

Знам, ние учевме... Чиста досада, што било добро, што било лошо, дефиниција за истите и цел учебник примери.... Од досада броевме колку пати во цела година наставничката ќе рече -значи-, затоа што таа беше специфична по тоа... Во еден час просек и беше 134 пати....

Quote
прашање за киловот, знаеш ли како работи теслиниот трансформатор, и ако сакаш дај објасни ми.

Eве батка, сега сум слободен.

Значи кога ќе се затвори колото и висок напон протече во примарното коло, кондензаторот се полни. Кога ќе се наполни на пробивниот напон на искричарот, искричарот пали, и кондензаторот се празни низ примарот, тоа во примарот создава магнетно поле кое со неговиот колапс индуцира струја во повторно примарот и го полни кондензаторот, а дел од таа енергија индуцира струја во секундарот, со неколку вакви циклуси поголемиот дел од енергијата преминува во секундарот. Кога тоа ќе се случи, низ искричарот не тече доволно енергија за да се одржи искрата, поврзаноста на кондензаторот со примарот се губи и тоа дозволува кондензаторот пак да се наполни и циклусот да почне одново...
Иииииииии заборавив уште нешто, кога горниот терминал на секундарот веќе не може да ја собира струјата на површината, ја испушта во вид на искри...
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.