Македонски форум за електроника

Општа дискусија => Општа дискусија => Topic started by: SKOLS_OLD on 21.07.2011, Thursday, 15:34:46

Title: Ми треба совет и начин на изработка на печатени плочки
Post by: SKOLS_OLD on 21.07.2011, Thursday, 15:34:46
Темава ја отворив да видам,научам на кој начин другите членови од форумот на кој начин печатат плочки за нивните проекти.Ако може и слики од готовите плочки.
Јас да се изјаснам,печатам на 3 начини,почесто и на два начина.И тоа:
1.Тонер трансфер-лесна постапка,а и ефтина за која не е потребно големи финансии.Користам конздрух и фото транспарентна хартија.Чинењето на овие материјали е ефтино и за мене е достапно.
2.Фото постапка-една од најскапите постапки за изработка на печатени плочки кои мене ме чинеле.Спрејот е купен по цена од 1000 денари,а додека пак осветлувањето се врши на поефтин начин отколку изработка на кутија со УВ лед диоди кои чинат дупло,некогаш пак и тродупло од една сијалица за улично осветлување и трансформатор за истата да работи.Се на се околу 2000 денари ќе ве коштаат материјалите за аматерско производство на печатени плочки со помош на оваа постапка.
3.Маркер-најефтин начин,но нај-(не) ефикасен во цртање на дебели водови,но не е погоден за цртање на тенки водови кои нивната ширина изнесува 0,1мм.Маркерот кошта околу 100-150 денари(јас таков имам),а има маркери со повисоки цени.Го користам каде што низ плочката поминуваат струи со јачина од неколку ампери(за напојување итн.)

Материјал,односно плочки користам витропласт,двослоен и еднослоен.Ги имам во разни димензии и дебелини.
Тоа е мојот сет за изработка на аматерски плочки,од кој многу сум задоволен со крајниот резултат.
ПС.Изработувам плочки за пари,бушење и сечење(се подразбира) :D
ППС.За сите(освен за маркер) е потребен принтер,може и колор (но за тонер трансфер е потребен ласерски принтер).
Title: Одг: Начин на изработка на печатени плочки
Post by: DX-er on 21.07.2011, Thursday, 15:51:52
само среди го насловот оти вака секој ке помисли дека нудиш Начин на изработка на печатени плочки а не дека бараш помош. Не заборавај да ставиш едно Ми треба. Стар член си треба да знаеш
Title: Одг: Ми треба совет и начин на изработка на печатени плочки
Post by: ZareBt on 21.07.2011, Thursday, 16:41:12
Јас од ко ќе ја нацртам шемата во спринт и после си ја печатам на глосс хартија (ако е посложена шема  :D), а ако е некоја шема со 5-6 елементи на обична хартија, НАЈОБИЧНА.  ::)
Ако е глосс само со пегла ќе стегнам 2-3 на хартијата и ќе си излези на плочка. ;)
Ако е обична хартија истио процес само 5-6 пати и + хартијата со вода ја прам.
Ако нема потреба од хартија дирекно на плочка цртам со маркер (од 40 ден.  :o има и послаб и подебел маркер 2во1  ;D )
Бакарот го паѓам со раствор од солна к-на и хидроген 35%.
Растворот го прам од око  ;D
Ако се погоди арно, ако не ќе му дотурам хидроген уште некоја капка и готово.  ;D
И за 1 плочка (1 шема) не трошам повеќе од 30 ден  ;D ;D
Title: Одг: Ми треба совет и начин на изработка на печатени плочки
Post by: LordZi on 22.07.2011, Friday, 14:58:51
Најчесто користам универзална плочка со дупчиња, а кога правам PCB користам тонер трансфер метода, брза е, едноставна и со малце искуство излегуваат одлични плочки, еве оваа е направена денес за помалце од пола саат:

(http://i226.photobucket.com/albums/dd117/lodr_zi/PIC_0002-11.jpg)

Кај тонер трансфер мораш да пазиш на неколку работи:

1. Принтерот треба да биде подесен на најтемно, односно да пушта повеќе тонер. Печатењето да биде во mirror.

2. Хартијата обавезно да е глоси, т.е. сјајна, може да е купена од книжара, да е од стари списанија, итн., потенка, подебела, излегува со сите, треба да експериментираш која дава најдобар резултат кај тебе. Постои и посебна хартија баш за оваа намена, се вика P-N-P (Press and Peel) фолија, некој ми спомна дека ја имало и кај нас во графичарските дуќани позади КИМ под името мулти-трансфер фолија, не сум проверил. Со неа добиваш резултати исто како со фото-постапка или сито штампа, можеш да правиш многу тенки водови, секогаш и целосно останува тонерот на плочката, нема утка.

3. Плочката треба да биде идеално чиста, значи измиена убаво со некое средство, најдобро абразивно, јас ја поминувам уште и со многу ситна водена шмиргла (600-800) и тоа потрошена. Пред пеглање ја пребришувам уште и со чиста салфета и 96% алкохол. Пипање со прсти по бакарот никако!

4. Пеглата да е подесена на нешто повеќе од пола, пеглање две-три минути без притискање, само со тежината на пеглата и раката, иначе ќе се размачка тонерот. Убаво да се помине целата површина за да залепи секаде тонерот.

5. Испегланата плочка ја потопуваш во топла вода со малце сјај и ја оставаш да постои, зависно од дебелината на хартијата, потенка хартија пократко, подебела подолго. Мене ми се случувало да ја оставам (заборавам) со саати, ништо не и смета, колку подолго стои толку полесно се вади после хартијата. Откако ќе ја излупиш хартијата, остатоците ги симнуваш со триење со прст, може малце и да притиснеш на некои места, не се плаши, ако е добро испеглан тонерот не се лупи толку лесно. Ако е паднат од некои места или водови, се доцртуваат со маркер.

6. Нагризување, отприлика 1:1 солна киселина и хидроген 12%, хидрогенот да е обичен (прозирен), пошто има и некој млечен што го викаат, може и со тој ама го заматува растворот и не се гледа плочката. Со благо нишање лево-десно времето на нагризување е минута-две. После тоа се мие убаво со сапуница под млаз вода, со ацетон се вади тонерот, може и да се помине уште еднаш со ептен ситна шмиргла и пак се мие убаво со многу сапуница - ова обавезно бидејќи таа ги неутрализира остатоците од киселината што со тек на време би ја потемнеле и нагризале плочката.

Title: Одг: Ми треба совет и начин на изработка на печатени плочки
Post by: GigaWatt on 22.07.2011, Friday, 15:53:33
Постои и посебна хартија баш за оваа намена, се вика P-N-P (Press and Peel) фолија, некој ми спомна дека ја имало и кај нас во графичарските дуќани позади КИМ под името мулти-трансфер фолија, не сум проверил. Со неа добиваш резултати исто како со фото-постапка или сито штампа, можеш да правиш многу тенки водови, секогаш и целосно останува тонерот на плочката, нема утка.

Донеле пред едно 3 или 4 години во Pro Grafika ваква хартија, ама веќе не ја носат, донеле околу 200 листа од оваа хартија (PNP Blue), ама слабо им се продавала и веќе не плнираат да ја носат (не дека слабо им се продавала, туку на долг временски период имале ќар од неа, се продавала некои добри 2 или 3 години, направив муабет со еден од претпоставените во Pro Grafika). Инаку, го превртев цело Скопје барајќи ваква хартија, освен онаа за „штампање“ на маички со пегла (и таа се вика мулти-траснфер, така да, немојте да се зезнете), оваа PNP хартија ја нема никаде :S. Може да се купи online, ама цената за еден лист е многу скапа (мислам дека излегуваше околу 100 денари, можно е и да беше повеќе). Ако купувате голема количина, на пример 100 листа, тогаш веќе се исплати, мислам дека цената се спушта на околу 50 денари од лист, што е веќе прифатливо за квалитетот на штампата кој го нуди оваа хартија ;).
Title: Одг: Ми треба совет и начин на изработка на печатени плочки
Post by: JovanOH on 22.07.2011, Friday, 21:18:24
Колеги имам две-три прашања до вас.

1.Што би било при постапка тонер-трансфер се користи обичен печатар (не ласерски)?
2.Јас дома имам неколку лисја хартија за печатење на слики таа е подебела од обичната и е мрсна дали е со таа може?
Title: Одг: Ми треба совет и начин на изработка на печатени плочки
Post by: LordZi on 22.07.2011, Friday, 22:31:19
Принтерот мора да е ласерски, не може со друг. За хартијата, ако е сјајна (мрсна како што викаш), би требало да може, пробај.