Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Аудио техника => Засилувачи => Topic started by: DX-er on 26.11.2009, Thursday, 17:35:36
-
Шемата ме заинтересира оти е проста за изработка и без многу делови.
(http://pic.mk/thumbs/pojacalokl.jpg) (http://pic.mk/?v=pojacalokl.jpg)
Преземено од: http://www.elektronika.ba/75/klasicno-tranzistorsko-pojacalo-250w
-
MPSA92 замена е = BF493
MJE340 замена е = 2SA1156 и 2SA1775
2SC5200 замена е = 2SC4029
2SA1943 замена е = 2SA1553
2SC4793 и 2SA1837 немаат замена.
Проблемот со овој засилувач е тоа што релативно тешко може да се најдат сите транзистори кај нас.
-
а дали може да се употребат 2N3055 и 2N3773 но да даде помала снага или е невозможно?
-
Различни се, ќе треба да се сменат други делови и шемата нема да одговара веќе.
-
Здраво,јас го имам направено овај засилувач и работи одлично.Излезните транзистори се наоѓаат сигурно.Единствена измена што треба да ја направите е да ги смените диотите 1н4148 со најобични 1н4007 инаку нема да работи,поточно цело позитивно напојување ке го вади на излез :D ;D што не е добро воопшто.Има една работа што ме изненади позитивно,тоа се излезните транзистори....поточно мн малку загреваат...највероватно поради тоа што тие транзистори се предвидени само за аудио апликации.Ако имате прашање слободно прашајте......Поздрав до администраторот ;)
Post Merge: [time]10 Јануари 2010, 02:38:28[/time]
(http://img42.imageshack.us/img42/5456/photo0017by.th.jpg) (http://img42.imageshack.us/i/photo0017by.jpg/)
еве како изгледа направено...не е нај сјајно ама бркаше работа.... се надевам дека линкот од сликата ке работи затоа што прв пат аплоадирам слика па можеби сум згрешил некаде
-
Не би требало со тие диоди да дава напон на излез тие служат за поларизација на транзисторот а и добро се поларизира со 1N4148 секогаш такви користам и немало проблем а тоа што викаш дека не грее дали си ја измерил мирната струја што тече низ излезните транзистори да не е многу мала па затоа да грееат малче излезните транзистори
-
Според шемата тие диоди треба да прават некој пад на напон за да го откочат транзисторот мпса92 кој потоа тој дел од склопот ке функционира како извор на константна струја.Е сега проблемот испадна тоа што тие диоди не правеа доволен пад на напон (можеби цела серија на тие диоди беше таква) па ги заменав..потоа се си функционираше.А во однос на мирната струја,да секако дека ја подесив без тоа нигде не одиме :)
-
А колку ја имаш подесено бидејки викаш дека многу малче греат излезните транзистори.
-
супер изгледа појачалото, дај пиши карактеристики каков е звукот ова она ;D
за сликите
кај што ги аплоадираш има едно „Embed thumbnails of this image“
е тука ќе избереш за Форум и ќе биде таман ;D
-
Јас појачалото го пробав во две варијанти 1.со оргиналната шема и 2.малку изменета верзија(експериментирав малку затоа што не ми требаше толкава излезна снага).Во изменетата шема искористив само два излезни транзистори наместо 4 како што е во шемата.Исто така напонот за напојување го намалив на +-45 волти,па вака направено измерив околу 70-на вати рмс на 8 ома,што јас би рекол дека е дури повеке од доволно за домашни апликации.Направив стерео верзија и потоа овој засилувач го тестирав на домашни правени 4 омски звучници (со евтини мембрани но со добро изведена кутија) звукот е доста чист и оштар(карактеристично за транзистори) а од басот ми крцкаше вилицата ;D .
-
оваа како сто гледам не е мн. сложено но би ми помогнало ако некој има слика од ППК за печатење.Мокноста е инпресивна дури и ризична бидејки не располагам со толкави звучници ( ке прегорам се што е звучник по дома). прасање до тие што веке ги имаа изработено колку пари потросиле за делови. и како го ресиле проблемот со отпорниците за мирна струја дали ставиле потенциометри .
-
Поздрав! ;)
Со отпорниците со ѕвездичка (*) 2к2 и од 1к5 засилувачот е подесен да работи во чиста класа Б, а тоа значи големи изобличувања и голем степен на искористување!?? Затоа излезните транзистори многу не се загреваат, од сето ова може да се заклучи дека се работи за ептем аматерско појачалце!!??
Аудофилите најповеќе обожаваат и изработуваат High End засилувачи или засилувачи во А-класа!
Чаооос((( !!!
Препорака: Овие отпорници заменете ги со тример со вреност од 4к7, а транзисторот BC548 монтирајте го на ладилникот заедно со излезните транзистори. На овој начин ќе добиете термичка спрега со излезните транзистори-многу подобро решение од предходното (засилувач во АБ-класа!!)!!?
Со тримерот точно нагодете ја мирната струја на околу 80mA со ова појачалцето многу поубаво ќе работи (ќе работи во AB-klasa!). Ако неверувате,... пробајте!!!??
За крај да додадам, ако успеам сликата од појачалцето за душа ("Low cost" - појачалце за душа!) да ја уфрлам на форумов, ќе биде појачалце одлично за домашна употреба. Работи во АБ-класа, а неговите ТХД се доста ниски. Излезната снага му е околу 100W/4ома, супер за дома и за домашни забави!!
Ајде поздрав, :D
-
Здраво луѓе :)
Интересна шема па би сакал да ве прашам дали ке мозе да ми казете какво трафо да земам?Дали да земам две трафа од по +-35 или ???
И ако има некој ППК за ова појачало ке мозе ли да остави слика или линк ??? ??? ???
Благодарам однапред ;D
-
ке ти треба +- 70V DC, а ке ти треба некое трафо што ќе дава 2x50VAC 300+W (по можност 400W за сигурна работа)
-
Ако може да му помогнеме на другарчево ;D со мене учи заедно прво да видиме дали ке можат да се најдата сите делови и дали ке треба да се подесува мирна струја и слични работи поврзани со шемата ;D ;D ;D...
Па кој знае нешто повеќе за шемата може да каже нешто :D :D :D
-
ете Baze го имал направено па вика дека работи, значи ако има нешто да заглавите него барајте го :P
-
100% функционира ....ако треба нешто,слободно прашајте
-
Во врска со трафото мозе да го најдам по продавнициве за електорника или на старо ???
И Базе имас ли ППК за појацалово ??? ??? ???
Благодарам однапред :)
-
може да се најде по продавниците ама не верувам дека ќе биде ефтино
-
Луѓе најдов трафо ама ова е +-55V 300W, ке мозе ли тоа да го искористам ??? ??? ???
А плус имам уште едно од +-45V 300W....
Па ве молам да ми помогнете кое од овие би мозел да го искористам,затоа што +-50 300W немозев да најдам....
Благодарам однапред... :)
-
тоа од +/-55V би можел да го искристиш само немој да го пушташ в крај дека можно е при одреден случаеви да ти изгори :)
-
Да, тоа што е со симетричен напон од +-55V би одговарало, само со убаво ладење, да не случајно прегори засилувачот ;). И кулерчиња од оние 12V-ните добро е да ставиш ;).
-
Јас би го ставил тоа од +-45V, добиваш сигурност дека ништо нема да ти прегори, а губиш малце на моќност што при слушање нема ни да се примети.
-
Јас би го ставил тоа од +-45V, добиваш сигурност дека ништо нема да ти прегори, а губиш малце на моќност што при слушање нема ни да се примети.
Па кога ќе размислам малку, во право си, што е сигурно, сигурно е ;). Моеби малку ќе се „мачи“ трансформаторот, ама малку, не премногу ;).
-
Значи дефинитивно +-45V 300W,тоа трафо да го користам така ??? :)
-
Мој совет е тоа трафо да го користиш ;D Малку помала моќност но сигурноста на прво место ;)
-
Благодарам... :) :) :)
-
продаваш некое (тоа што не ти треба) ?????Или не го даваш :-\
-
па ќе ми треба мене +-45 па незнам ај ако не мозе да се договориме за цена за тоа од +-55 ако ти одговара ???
-
Луѓе најдов уште една шема уствари ми ја препорача еден другар од школо.... :) па се двоумам која сега да ја правам дали оваа што ми ја препорача другарот или оваа од овде ?? :-\ еве слика од шемата па ве молам казете свое миселење во врска со оваа шема :)
(http://bas.elitesecurity.org/LEGEND-StageMaster.gif)
(http://bas.elitesecurity.org/leg-stage_masterLAY.gif)
-
ова појачало има многу мали изобличувања и поисе ми се свиѓја.
-
Legend на др.Боро е проверено појачало кое досега е многу пати правено и се покажало одлично во пракса (побарај по српските форуми за електроника и аудио), јас би го правел ова 8)
-
вакво појацало имав видено негде но не се сејкавам добро убаво свиресе иако в крај го возеа мн ниско изобличување :-X :-X :-X
-
На шемата тие транзисторите што се со стрелката навнатре што се емитер или колектор ??? ??? не ми е јасно....
-
Емитер, само што станува збор за PNP транзистор, а не за NPN ;).
-
se javiv vo alfa elektronik gi ima delovite pa ke vidam so ke napravam seuste ne gi poracav od skolo sum priklu4en kirili4na podrska nema
-
Луѓе ме интересира кај е другиот излез за на звучник ;D ??? ??? ???
-
Моно е. За стерео треба да направиш 2 вакви.
-
Моно е ама за излез на зву4ник има само една жица , а треба да има две
Звучникот има две жици нема една ;D
-
да,јас знам дека е моно и што треба да направам за да биде стерео ама овде за на звучникот како сто каза даниел има само една жица :-\ ??? ??? ???
-
Аааа, другата жица за звучникот е масата.
-
Blagodaram :)
Пишувај на кирилица !!!
Линк до правилата на форумот:
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=4.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=4.0)
-
Ова ке те кошта поскапо,а има и други *цаки* особено за подесувањето.Не е се така лесно како што изгледа на шемата.Боро сите *цаки* не ги кажува ;) Направи ти нешто полесно,гледам немаш баш многу искуство.А и друго нешто - не импровизирајте и не штедете на напонскиот дел,тој е најбитен за појачалото да работи долго и без дефекти.
-
даниел има доби делови набавено за напојувачкиот дел,торусен трансформатор 45-0-45V 300VA,кондезатори од 10.000uF 100V.
-
даниел има доби делови набавено за напојувачкиот дел,торусен трансформатор 45-0-45V 300VA,кондезатори од 10.000uF 100V.
Чекајте, за кој Даниел станува збор, за Спасовски или Арсовски?
Со тоа трафо одкако ќе се исправи напонот ќе добие околу 64-0-64 волти едноанасочен напон, со што слободно може да се напојува било кој засилувач со моќност од кај 150W до кај 175, 180W, мада јас лично не би претерувал да оди до кај 200W ;).
-
Ова е за арсовски ;D
-
Јас би го ставил тоа од +-45V, добиваш сигурност дека ништо нема да ти прегори, а губиш малце на моќност што при слушање нема ни да се примети.
-
Луѓе нешто не ми е јасно...
Во врска со отпорниците на нив не пишува што ватажа да ставам па ме буни....
Ќе може да ми помогнете со тоа што ке ми кажете што препорачувате вие да ставам ; :)
Благодарам однапред
-
за која шема точно прашуваш ?
-
за шемата што е на почетокот таа што е 250 W...
плус еве ти линк
http://pic.mk/?v=pojacalokl.jpg (http://pic.mk/?v=pojacalokl.jpg)
-
тие од 270R и 0.33 мислам дека се од 5W
-
а за останатите твое мислење ??? ??? ???
-
Останатите може да ги ставиш од 1/4ват до 1ват ;).
-
а за останатите твое мислење ??? ??? ???
Стави помоќни ако имаш на располагање (фазла), на пример 2W, пушти го засилувачот (така погласно) па измери колкава струја тече низ нив и врз база на струјата пресметај им ја моќноста, инаку ќе треба да правиш многу пресметки дур ја најдеш нивната адекватна моќност ;).
-
низ тие што вредностите им се веќе во Kоми тече мала струја и не се загреваат толку, значи 1/4W ке е доста, а за тие што се со помала отпорност за нив незнам...
-
значи 1/4W ке е доста, а за тие што се со помала отпорност за нив незнам...
Да, заборавив да спомнам дека тоа што го пишав го мислев за тие отпорности што се под 1K ;).
-
значи 1/4W ке е доста, а за тие што се со помала отпорност за нив незнам...
Да, заборавив да спомнам дека тоа што го пишав го мислев за тие отпорности што се под 1K ;).
како што имаше ти пишано...тука сме да се поправаме еден со друг...
-
Благодарам за вашите мислења доста ми помогнаа... :D
Значи вака планирам да направам тие што се од 270 и 0,33 да ги ставам од 5 W,додека пак кај другите отпорници да ставам од по 1 W....
Вака јас мислам дека ќе се суредат отпорниците и дека се ќе си работи како што треба,но сепак кажете ми и ваше мислење во врска со ова :)
-
од 1/4W ке е доста наместо тие од 1W што сакаш да ги ставаш....
-
од 1/4W ке е доста наместо тие од 1W што сакаш да ги ставаш....
Како што рече Bojan, баш така, значи се што е над 1K во принцип можеш да го ставиш со 1/4W (ако забележиш дека некој малку грее, зголеми му ја моќноста, на пример ставио 1/2W и види како ќе се „однесува“ колото), тој 270 оми може да биде 1W, а тој 0.33 оми може да биде 5W.
-
иииииииии шо бидна со појачалото данел??????????????
-
деновиве треба да се изработи напојувачиот дел,а полочката со засилувачот ке биде готова после тромесечије.
-
ОК ке чекаме до тромесечие да видиме ш о ке се направи ;D
-
Извинете што не ве информирав до кај сум со појачалото,но имав друга работа и поради тоа неможев да ви пишам.Иначе купив се делови сега наредно е да се направи напојувањето,па после самата плочка со појачалото.
Иначе сакав да ве прашам да не треба случајно за ова појачало да правам предпојачало ??? ??? ??? :o
-
Па да, ќе треба да направиш, ако веќе немаш предзасилувач, ако не повеќе барем Volume контрола направи и евентуално тонска контрола ;).
-
За прво време стави му еден потенциометар на влез, да имаш регулација на гласност, а после кога ќе проработи како што треба, ако има потреба може да му правиш претпојачало.
-
но ако го става на звучна од компјутер нема да биди доволно побудено ??? ??? :P
-
Ќе биде, а ако не е после ќе му направи предпојачало.
-
Благодарам
-
Иначе колку да ве информирам плочката со напојувањето е готова,на ред е појачалото.....слики наредниве денови ;) :)
-
ајде ги чекаме сликите даниел ;)
-
eve jas imam doma zasiluvac so 2SC5200 i 2SA1943 , so torus trafo 2 x 35 v 500 Va , so 4 tranzistori na izlez ,vo sporedba so mosfet IRFP 240 , ima mnogu razlika , jas sum za mosfet
Пишувај на кирилица !!!
Линк до правилата форумот:
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=4.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=4.0)
-
колегата е воправ о за транзисторите,и според мене шемата со IRFP240 е подобра.
-
http://pic.mk/images/photo01291277817.jpg
http://pic.mk/images/photo01291277907.jpg
http://pic.mk/images/photo01291277947.jpg
Еве дел од сликите од плочката со напојувањето,па ве молам кажете ми ваше мислење...
Кодирај линкови, или за слики користи forum thumbnails линкови !!!
-
Колкави се овие кондензатори (вредност во uF и работен напон)?
-
Колкави се овие кондензатори (вредност во uF и работен напон)?
10 000 uF 100V Малку кнап стојат на таа плочка!
-
Колкави се овие кондензатори (вредност во uF и работен напон)?
10 000 uF 100V Малку кнап стојат на таа плочка!
WOW :o :o Која цена ги зема кондензаторите,и од каде? ;D
-
10.000uF малку се, барем 20.000uF ќе треба по еден канал (ако еден канал е 250W), значи 2 X 20.000uF по канал (еден од маса до +Vcc, другиот од маса до -Vee) за да можеш да бидеш до некаде барем сигурен дека нема на засилувачот да му паѓа напопнот и дека добро ќе биде исфилтриран напојувачкиот степен. Инаку, јас лично кога би го правел, пос 30.000uF не би ставил од (2 X 30.000uF по канал). Што е сигурно, сигурно е ;). Можеби е малку предимензионирано, ама пак ;).
Инаку, обично за волку големи кондензатори не се прави плочка, се лепат заедно (со изолирбанд, пиштол на пластика, што и да е) и се врзуваат жичано. Не се исплати да правиш плочка за волку едноставна конструкција, плус, само проблеми може да прави плочка во овие случаи ;).
-
Колкави се овие кондензатори (вредност во uF и работен напон)?
10 000 uF 100V Малку кнап стојат на таа плочка!
WOW :o :o Која цена ги зема кондензаторите,и од каде? ;D
990 ден од логинг се!
10.000uF малку се, барем 20.000uF ќе треба по еден канал (ако еден канал е 250W), значи 2 X 20.000uF по канал (еден од маса до +Vcc, другиот од маса до -Vee) за да можеш да бидеш до некаде барем сигурен дека нема на засилувачот да му паѓа напопнот и дека добро ќе биде исфилтриран напојувачкиот степен. Инаку, јас лично кога би го правел, пос 30.000uF не би ставил од (2 X 30.000uF по канал). Што е сигурно, сигурно е Шмекерко. Можеби е малку предимензионирано, ама пак Шмекерко.
Инаку, обично за волку големи кондензатори не се прави плочка, се лепат заедно (со изолирбанд, пиштол на пластика, што и да е) и се врзуваат жичано. Не се исплати да правиш плочка за волку едноставна конструкција, плус, само проблеми може да прави плочка во овие случаи Шмекерко.
Кажи им и ти дека не се ставаат овие кондензатори на плочка фино лепо си имаат штрафчиња за да се стават кабли, ама нема кој да ме слуша мене!
-
и јас му реков да го направи со жици ама чоекот си сакаше на плочка да биде.иначе само еден канал ке има
-
и јас му реков да го направи со жици ама чоекот си сакаше на плочка да биде.иначе само еден канал ке има
Пак е мала капацитивноста, дури и за еден канал, тој засилувач ќе влече околу 5A струја (под претпоставка дека има 500VA трафо), малку е 10.000uF (2 X 10.000uF rail to rail), како што реков, барем 20.000uF, а пожелно е 30.000uF. На толку големи јачини на струја не се штеди на филтерскиот степен :S.
-
Не вреди да се штеди на еден кондензатор за да добиеш квалитет.Постојано зборувам дека ако немаш добар исправувач,макар каков да е излезот, нема да имаш добар звук и квалитет,а за некоја сигурност во работата не може да стане збор!!
-
убаво вика батка...за толку јаки појачала не се штеди на напојувањето...