Author Topic: Напон на куќиште од Клима уред (инвертер)  (Read 2808 times)

Offline trouble92

  • Нов член
  • *
  • Posts: 31
Здраво, се работи за клима уред Fujitsu 3.5 kW купен од Грција (нов). Клима уредот е поврзан уредно на краевите од жиците со кружни папучи, поврзано е заземјувањето(иако открив дека и тоа не е во ред, но тоа е веќе друг проблем). Измерив напон од околу 120-130 V помеѓу куќиштето од клима уредот и нулата, а ако пак ги откачам сите жици и ја оставам само фазата тогаш напонот е 230 V помеѓу куќиште и нула. Проблемот е некаде во надворешната единица од клима уредот. Најмногу се плашев да не има контакт помеѓу компресорот и куќиштето, но интересна работа е тоа што кога ќе ги заменам местата на фазата и нулата обратно тој напон на куќиште се губи, значи најверојатно е нешто до електрониката... можеби нема да има проблем да работи вака на овој начин, но осигурачот на плочката е пред фазата, а ако ги заменам ќе биде на нулата, а и на внатрешната единица фаза и нула ќе бидат променети доколку ги сменам на надворешната... Доколку некој се соочил со сличен проблем или има некакво искуство помагајте... Клима уредот работи перфектно(грее и лади) за замена е проблем бидејќи е од Солун. Поздрав