Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Монитори и ТВ приемници => Topic started by: MKD-Boy on 29.12.2021, Wednesday, 15:58:16
-
Другари,
Забележав на телевизорот, веројатно позадинското свето почнува да зеза (ако се загледаш убаво на моменти некогаш трепка онака заприметливо) 2 пати ми се деси да се исклучи целосно екранот, глас да има телевизорот а слика јок.
Ме интересира, дали е до позадинското светло или до нешто друго?
Ако е позадинското, да правам чаре совреме да барам додека работи :)
-
ти е под гаранција ?
и што тв е?
-
Имаше 5 години гаранција, незнам точно кога го зедов ама сигурно има 5/6 години.
Инаку Quart smartTV, го купив од АМЦ. (Треба да барам да видам точно што модел беше)
-
Имам за филипс нешто делој резерва, ама најверојатно нема да ти требаат :/ инку најдов ленти во гац, а побарај и во логин. 99% се диодите
-
Имам за филипс нешто делој резерва, ама најверојатно нема да ти требаат :/ инку најдов ленти во гац, а побарај и во логин. 99% се диодите
Супер чим велиш така, инаку ледот во серија е врзан (на сите телевизори или?) Пошо ме збуни тоа што наеднаш се затемнува екранот, го гасам, го пуштам повторно си работи океј. Преѓе заприметив трепереа кратко време, сега се океј.
-
па може и смпс( или флајбек)-то да е некој кондензатор, ама сепак изгледа е диода, некоја почнува да трепка. Е сега се врзани сериски-паралелно, на 12в беа кај мене, и може да се делумно прегорени, па да не приметуваш, пушти мени или некаде кај што има црна слика, ако е рамномерно црна тогаш е напојувањето, во спротивно е лед диода, односно комплет, не се исплати да прелемуваш.
-
Тоа сумљав и јас, дане е напојувањето, пошо ти викам наеднаш 2пати, до сега целосно остана телевизорот без слика, само тон имаше. Од кога го исклучив и го приклучив од ново океј беше.
Инаку, сумливо ми падна и друго, овие од А1 наместо Камодул ми пуштиле ресивер, го поврзав на хдми, мие дане дупчи нешто ресиверот. (Ма да не ми се верува, може е коинциденција) пошо дента кога го наместив почна да прави тв така.
-
Кога викаш наеднаш ТВ остана без слика, престана да работи екранот или престана да работи позадинското светло?
Кога има глас а нема силка ако светиш во екранот однадвор доколку е позадинското осветлување ке се гледа сликата на екранот, докоолку е проблем со екранот нема да гледаш ништо.
Голем дел од проблемите кај електрониката во последните десетина години се поради електролитскте кондензатори во свитчинг напојувањата.
-
Може да е и од ресиверот, ама како што кажа др-мр со насворешно светло ќе видиш тачно.
-
Ами искрено, пробав еднаш со блицот од телефонот, немаше ништо на екранот.. ама еве неколку дена не се исклучи 🤔
Незнам дали може да прави пиздарии ресиверот..
-
Кога нема слика ако не се гледа ништо на екранот и со надворешно светло веројатно не е позадинското светло.
Провери го напојувањето.
Според мене ресиверот би можел да прави проблем доколку USB/HDMI конекторот на реесиверот да прави спој помегју +5в и -/gnd па тој спој да се пренесува на тв и да прави проблеми на ТВ.
Провери ги конекторите на ТВ и на ресиверот, некогаш металниот дел на USB/HDMI конекторите се одлепува од плочката и прави спој.
-
Незнам дали може да прави пиздарии ресиверот..
Ова е малку веројатно, ако се земе во предвид дека има тон, а нема слика... ако рисиверот не работи како што треба, нема ни аудиото да го декодира како што треба. Со оглед на тоа дека сега веќе сите сигнали се дигитални, практично рисиверот е само RIL (Radio Interface Layer), а се останато прави процесорот (SoC-от). Ако RIL-от не работи како што треба, нема ништо да работи, ни слика ќе има, ни аудио, ништо нема да има.
Провери го напојувањето.
И јас би играл на оваа карта. На ова, и на диодите од заднинското светло. Можно е и да е двоен проблем: ем дидодите зезаат, ем напојувањето има подуени електролити.
Провери ги конекторите на ТВ и на ресиверот, некогаш металниот дел на USB/HDMI конекторите се одлепува од плочката и прави спој.
Исто така можна варијанта... малку веројатна според мене, но сепак, вреди да се провери ако веќе се отвора ТВ-то.