Македонски форум за електроника
Општа дискусија => Претставувања => Topic started by: NerdOmega on 15.09.2019, Sunday, 20:05:43
-
Јас сум NerdOmega имам 25 години и сум зависник од технологија и електроника. Ме интересира се што не знам и на секој можен начин гледам да проширам хоризонти. Верувам во слобода на информации и сакам да споделувам тоа што го работам и да си помагам со истомисленици.
Моментално главно се занимавам со автоматика и индустриска електроника и тук таму по некој поинтересен проект, најчесто нешто со камери и обработка на слика или некој IOT проект.
Случајно наидувам на форумот неколку пати па се решив да направам профил и да пробам да се удружам со македонските електроничари. По форумот гледам дека дигиталната електроника и микроконтролерските платформи ви се многу слаби па се надевам дека ке придонесам нешто и јас.
Ако нешто ве интересира повеке радо би одговорил на прашања.
-
Добредојде! Ти посакувам убав престој на форумот.
-
Wellcome !
-
Добредојде!
Слободно отварај нови теми и сподели ги своите искуства и познавања од областите што ти „лежат“ најмногу... ;)
-
Hey, welcome to the real world.
I'm the insolent Toma.
-
^ е а златен јазик имаме....
~~~~~~~~~~~~~
Добредојде, +
во блиска иднина те замолувам да препорачач некоја книга за почетници од твојата област (микроконтолери), по можност на мк, но и на анг. Не мора да е онлине, може и да се купи.
Пријатен престој
-
Добредојде на форумот NerdOmega.
-
Добредојде, чувствувај се како дома ;).
И да, слаби сме малку на полето на MCU и развојни околини :-\.
-
Предлагам админ/модератор да отвори тема кај туторијалите за миктро контролери, да биде се на куп, како не би се бркале туторијалите со останатите туторијали на други теми.
последниот клип можда е подобро да оди кај темата за обработка на метал, или на двете места.
-
Добредојде 8)
-
Предлагам админ/модератор да отвори тема кај туторијалите за миктро контролери, да биде се на куп, како не би се бркале туторијалите со останатите туторијали на други теми.
Не разбирам... да се префрли само овој (http://elektronika.mk/index.php?msg=129145) post во посебна тема која ќе биде како тема за туториали за микроконтролери?
-
Да,да, додуша моја грешка што го пишав овде побарувањето, али да си остани темава чиста, ем постовите ќе си бидат во соодветна тема.....
-
Средено ;).