Author Topic: ми требаат информации околу компјутерски мрежи.  (Read 2395 times)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Ха,првите игри ги добивав по телефон од Словенија ! Беа за Синклер ЗХ  81 и ги снимав на касетофон споен со телефонската линија!.Потоа добивав секоја недела по една *хромка* со куп игри,графики.Тоа беше период од 83-86 година! ;D ;D

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Незнам дали некој од вас го фати времето кога се пуштаа некои игрици прелу радио, кои се снимаа на ленти за музика, а истите се исчитуваа од уред сличен на касетофон поврзан со компјутер. Додека се пушташе играта на приемникот се слушаа црцорења и разни звуци, налик на тие од модемите. е сега тука проблемт беше што за неколку килобајт потребни беа неколку десетици минути, значи линкот е доста спор и еднонасочен....

Тоа го правеше 103-ка, а игрите беа за Commodore ;D. Знам, и јас така си снимав игри ;D. По правило, не смееја, ама кој ќе дознае ;D, тогаш многу малку луѓе знаеја што се авторски права ;D (само што излеговме од бивша Југославија).

лелеее лудница, стварно прекрасно нешто за тоа време, супер начин за делење на игри. Ееее сега како се затегнати законите, не смее да се емитува ништо што не е во согласност со СРД.

Изгледа  дека колку  е повисока фрекфрнцијата толку уредот е посложен, па дури и невозможен за изработка во аматерски услои
 Во суштина да, но немора да значи, јас имам осцилатор на 500MHz кој е составен само од неколку кондензаторчиња и отпорничиња, мал променлив кондензатор , транзистор BFR91 и калем со ДВЕ намотки...

Друга работа, до колку метри може да се воспостави комуникација меѓу 2 компјутери, со помош на стандарден етернет
150м

и дали може да се направи појачалце за зголемување на снагата на сигналот. Би требало да е некое високофрекфентно појачалце по некоја логика за линк од 100мгб/с би требале 4 појачалца кои би работеле на 50-60 мегахерци за одвивање на сообраќајот во двете насоки, според мое размислување.
Можеш да направиш појачало за 50 или 100MHz но што ке ти е? Како што знам преку мрежен кабел не се емитува радио фрекфенција. Да беше RF верувај јас до сега ке си направев бежично да му одеше мрежата дома.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.