Еднаш имам учествувано на натпревар по електроника, искрено да кажам целосно се разочарав, натпреварот се одржуваше во школото Коле Нехтенин (не сум сигурен) во Штип, пред две или три години. Причина за разочарување, презентирањето на проектите беше во еден хол, каде што наместо ние да ги презентираме своите проекти они пуштија да влезат деца, па после наместо мирно и убаво да ги објасниме проектите ние требаше да се дереме и урламе за да можат да не чујат, второ во организацијата не ми се допаѓа што немаше само едно прво, едно второ и едно трето место, туку имасе 10 први места, некаде 11-12 втори места и 20 трети места, мислам дека друго место подоле од трето и немаше
После тоа ни дадоа дипломи, а требаше и награди, не дека ми е за награда, даваат некој летум дрвен од битпазар купен и подлошка за маус, ама ги ветија, кога нешто не планираш да го дадеш не го ветувај, кажи само диплома ќе има и толку, а дипломите беа како прво не убаво направени, на мојата беа утнати струката моја, тоа што го имам правени и во која категорија се натпреварувам. Во едно кажано на се личеше само на натпревар не личеше