Вака, овде не ти се дадени информации за засилувачот што се користи за засилување на сигналот на микрофонот. За него ти треба и предзасилувачки дел. тоа претпоставувам може да се направи со операциски засилувачи, но сето зависи од каков микрофон ќе користиш, (електретски, кондензаторски, и.т.н.) иако верувам дека најлесно ќе најдеш електретски. Електретскиот микрофон е со електрет, најпросто да ти објаснам што е електрет, тоа е нешто како постојан магнет, ама наместо трајно магнетно поле, околу него има трајно електрично поле. Трајниот магнет е трајно магнетизиран, а електретот е трајно наелектризиран. А ако имаш вистински кондензаторски микрофон, тогаш треба поинакво коло за него и тоа тој треба да има напон на него за да може да "слуша".
Добро ти вика батка поголемиот дел не е објаснет. на приемната страна можеби ќе се извлечеш со прост засилувач со TL071, ама на предавателната се зависи од типот на микрофон.
Трафото е добро ако е такво какво што викаш, штом е од касетофон би требало да е негде околу 20W, а напоните на влез и излез ми изгледаат ок.
Друго се терај по шемата, ако наидеш на нешто што не ти е јасно, прашај...