Македонски форум за електроника
Останато => Сè останато => Topic started by: ivan_cabuk on 23.01.2014, Thursday, 09:49:13
-
Би ве замолил доколку некој знае каде можам да ги купам следниве софтвери во Македонија:
ΑUTOCAD; AutoDesk Inventor и Solidworks 3D.
-
Можеш од интернет да ги купиш од нивните страници, а за кај нас незнам, немам сретнато
-
Па да знам но претпоставените ми рекоа ако можам да најдам овде некаде дали има ... :) сепак благодарам
-
мислам дека имаше неколку компании низ македонија кои продаваа ваков вид на софтвер пребарај, мислам дека ќе ги најдеш, ама дали онај кој што тебе ти треба го имаат, е тоа незнам :D
-
http://klepa.mk/?p=65
Види овде. :)
-
Не знам колку пари имаш за трошење, знам дека Solid works е неколку илјади евра ако сакаш да го купиш, AutoCAD I inventor исто. Прв пат сретнувам човек кој сака да купи вакви програми. Можеби не знаеш дека се скапи. Највероватно си средношколец. Те советувам да не ги купуваш туку да ги спуштиш од негде. :) Додека студирав на факултет имаше презентери на семинар за solid works кога ја кажаа цената глава ме заболе.
-
Може му треба за да нацта некој проект кои потоа мисли да го продаде, а за тоа мора да имаш лиценцирана програма, иначе можеш во затвор да завршиш :)
-
Aко си спремен 4500 ЕУ да потрошиш ке се најде компанија 8)
-
Другар со Auto Cad имам искуство и во домашни услови и во прва година мислам средно беше исто моравме да цртаме ,но кога ни требаше за домашни го симнавме преку нет бесплатно.. да проверам во усб дали ми е инсталацијата што тогаш ја префрлив ако си заинтересиран пиши пп ке проверам и ке ти го префрлам ако ми стои. Иначе да го/ги купиш ти треба минимум 3 цифрена бројка па едно Е на крајот од цената :D
-
Авторот на темава рече дека претпоставените му рекле да најде и да купи. Значи најверојатно за фирма се работи. Дајте предлози од каде може да се купи, во Македонија.
-
Aвторот треба да знае дека се купува прво основната верзаија ,а потоа додатоците и библиотеките.Значи треба да знае што конктерно ке му треба за работа.Постојат верзии за студенти ,ама тоа се * потстрижени * верзии со кои не може професионално да се работи.Тие се за учење претежно.За профи работа мора да се купи некоја верзија,а потоа да се бараат бесплатни или кракувани надоградби.
-
Може да се користи и Брискад
http://www.bricsys.com/en_INTL/bricscad/
поевтино ќе поминеш и се надевам го има ина што ти треба
-
Значи овака. Мене ми е кажано да најдам ЛИЦЕНЦИРАН софтвер бидејки се работи со многу прецизни и скапи проекти кои ние сами ги изведуваме поточно може да се види на официјалната страна
www.steeltechnology.mk
така да мене лично ми е кажано да видам каде колку пари се и да пренесам бидејки како што ми кажаа ако добро разбрав доколку програмот е купен од друга држава неможе да се користи надвор од неа т.е. лиценцата ке се блокира. Инаку горе-долу сите веб страни ги пребарав :D
-
тогашмислам дека на страната на клепа ќе најдеш тоа што ти треба :)