Не дискутирам кој како работи,ме интересира звукот на излезот.И да ви кажам - иако пишуваат А класа,сепак ова НЕ Е А КЛАСА!!!! Ова е само ,што би рекле Англичаните - фина превара!
Па добро, не е баш превара, ама тука некаде е
. Сепак, дизајнот на засилувачот сепак спаѓа во A класа на работа
.
Тримерот има улога,слично како и кај ламбите,да се намести преднапонот на решетката ( во случајов - гејтот)
Се користи за подесување на симетричност на сигналот, за да може правилно да ги засилува и позитивните, и негативните полупериоди од сигналот, дека ако не е наместен точно на средина од напонот за напојување, или позитивните, или негативните полупериоди од сигналот можно е да бидат исклупувани (исечени) ако се користи засилувачот и на моќности многу помали од дефинираната
(пр. 3, 4, 5W). Исто така, ако планираш да го напојуваш со напон поголем од 15V или 16V, вредноста на напонот на пробив на зенер диодата треба да биде помал (на пример 5.3V, или така нешто), инаку можно е да се случи да не можеш никогаш да го подесиш напонот на гејтот на MOSFET-от да биде точно половина од вредноста на напојувањето
.
НАПОМЕНА: Доколку го користите овој засилувач со onboard звучна картица од PC, разликата во звукот нема никогаш да ја забележите. За овој тип на засилувач потребна му е добра побуда и добро изведен излезен степен од претходниот степен во ланецот на аудио сигналот (значи некој подобар CD/DVD плеер, не Quart/Neo, некој поквалитетен, или евентуално некоја поскапа екстерна картица за PC, некоја со цена од 200 евра па нагоре
).