Author Topic: Статија од Нова Македонија посветена на Радиоаматерите  (Read 1759 times)

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Статија од Нова Македонија посветена на Радиоаматерите
« Opened on 04.09.2014, Thursday, 20:19:21 (Edited 04.09.2014, Thursday, 20:26:26) »
Купувајќи го вчерашниот број на Нова Македониjа, пријатно се изненадив :)

Code: [Select]
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=9314103197&id=49&prilog=0&setIzdanie=23264
вреди да се прочита.

Благодариме Нова Македонија
Hams do it! With Frequency

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
Член сум во црвен крст во тим за одговор при катастрофи и НИЕДЕН незнае што е радиоаматер, што прави и такви работи, а па недај боже да знаат токи-воки да користат тоа никако, а многу пати сме се наоѓале на места кај што нема мрежа за телефон па единствена комуникација да ни е со радио станици...
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Баш ја прочитав цела статија ;). Интересни информации имаше ;). Дел ги знаев, дел не. Во секој случај, убава идеја за промоција ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Вистина е така! И јас имам некоја манија да загледувам антени по куќи и згради кога ке отидам  некаде.Ми се случи еднаш така да видам ограомна Quad антена и да тргнам да го барам газдата ,за кој бев сигурен дека е аматер,ама ме избркаа од пред оградата.Тоа била воена база,во ствари. ;D ;D

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Одг: Статија од Нова Македонија посветена на Радиоаматерите
« Reply #4 on 05.09.2014, Friday, 16:33:31 (Edited 05.09.2014, Friday, 20:00:01) »
Слична ситуација како Z35W што му помогна на пациент од Загреб преку радиоаматери да се најде вештачко око имав и јас во 2010 или 2011.
Еден пацијент од Белград, здравјето му зависеше од едни ампули за инјекции кој ги произведуваше Алкалоид од Скопје. Не можеле да се најдат повеќе во Србија, а ако ги имало, ги имало само на црниот пазар по цена 10-15 пати поскапи. И така еден ден додека имав радиоврски со колеги радиоаматери од Скопје, добивме повик и апел за помош. Радиоаматер од Белград бараше помош за неговиот другар. Јас се јавив и ми објаснија што е работата. Зедов податоци за какви ампули се работи и отидов во град. Во аптеките ги имаше, но бараа рецепти и што уште не, без тоа никако не ми даваа кутија од 20 ампули. Во тој момент се сетив на една моја школска пријателка која учеше со мене до 8-мо одделение. Таа е аптекарка и само таа може да ми помогне. Ех што ти е школска, одма завршивме работа, за пола саат ми набаве кутија со 20 ампули. Секако и тоа беше нелегално. Легално или нелегално, завршивме работа. Се јавив по радиостаница дека ги набавив и дека ќе ги испратам наредниот ден. Така и направив. Ги пратив по автобус за Белград. Пациентот навреме ги доби и неговото здравје се подобре. Колегите од Скопје што го слушаа разговорот, знаат добро за оваа случка. За возврат не побарав ништо, ниту да ми надокнадат за лекот, ниту за надокнадата која ми ја побара шоферот од автобусот за да го пренесе лекот до Белград. Горд сум на овој мој мал потег што беше голем потег во радиоаматеризмот во Македонија. Радиоаматерството е хоби, да, но ете и на ваков начин може да му се помогне на некого од друга држава.
Hams do it! With Frequency

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Ако одиме така,еве една приказна за мојот учител Петар Крајчев 5РК,веројатно најдобриот телеграфиста на овие простори ( за оние кои не го познаваа).Еве една приказна за него,каков човек и радио-аматер беше: Беше на работа во Центарот за известување и тревожење,а јас живеев до него на 50 метри. Ми се јави едно попладне и ме замоли да дојдам кај него.Тој упорно покушаваше да воспостави врска со Швајцарија ,со некој колега кој случајно работел во фармацевска фабрика и да добие некој лек од него .По 45 минутна  потрага ,врската беше воспоставена и лекот нарачан.Истовремено јас се координирав со службата за трансфузија и требаше да дознаеме со кој авион ке пристигне од Швајцарија лекот,да се земат три единици обработена крв од Велешката болница во фрижидерче,да се појде до аеродром,пречека авионот и земе лекот,па право во Скопје во болница.Борбата траеше до 23 часот ноќта.Кога стаса авионот под хитно ни го донесоа лекот,а милицијата со две свои коли не пратеше со ротационо светло до Скопје.Таму чекаше екипа хирурзи ,кои веднаш извршија операција и му го спасија животот на некое 17 годишно момче.И јас имав отприлика толку! Чичко Петре само побара да ни дадат по еден чај и веднаш се вративме во Велес.Беше февруари ,а надвор беше -5 степени под нула.Утредента го сретнав Др.Торица,кој беше шеф на трансфузија во Велес и тој ми кажа дека ова на 5РК не му е прв пат,веќе неколку пати на овој начин  доставувал хитно крв за Скопје ,барал лекови и помагал.Петре не зборуваше многу за тоа,ама секојдневно луѓето зборуваа за вакви случки поврзани со него.Последната наша заедничка акција беше во времето кога Југославија се распаѓаше.Јас сум сведок колку македонски војници тој успеа да спаси,што од Босна и Србија,Хрватска,ама и во Велес,кога ЈНА масовно мобилизираше и испраќаше на фронт македонски регрути.Но.тоа е за друга приказна.Само да знаете што сме имале во Велес.Секој респект за 5 РК,големо срце имаше.

Offline Z3nesto

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 83
После подолго време еве ме и мене повторно, иако е постара тема да се надоврзам со применетото радиоаматерство, а во случајов со Z31PK (SK) кој навистина бил човек со добра душа и уште неколку радиоаматери.
Во почетокот на 80-тите години тогашен YU5FDM (РК. Дивна - Берово) добива задача (наредба од општина) да известува за фудбалски натпревар кој се игра во Велес, помеѓу не знам која велешка екипа и ФК. Напредок од Пехчево затоа што постоеле сомневања дека Напредок Пехчево го платиле натпреварот се со цел да опстанат во втора лига, а и ФК Малеш Берово бил пред испаѓање и одлучувачка била гол разликата.

На кратко: екипа со УКБ станица во кола била лоцирана во близина на стадионот во Велес и на симплекс фрекфенција на одреден период го известувале Петар (YU5PK) кој пак на КБ (3,5 или 7MHz не знам точно) јавувал во радио клубот во Берово каква е ситуацијата, од каде што по телефон пренесувале на стадионот во Берово каква е ситуацијата. Екипата која била во близина на стадионот била откриена после завршувањето на натпреварот и останале без антена, меѓутоа постарите генерации и ден денес зборуваат за ова.

Друг случај во 90тите на кој многу добро се сеќавам... Имаше деца со некој наставник заглавени/заборавени во некој планинарски дом (мислам на Китка) а почнуваше невреме. Се јави (мислам) наставникот на некој од репетиторите да се известат Центар за известување и тревожење или Полиција да им помогнат. Радиоаматерот Z36TAN од Тетово, додека да се договорат кој може да вози по такво време низ планина, со својот џип се качи на Китка и ги симна децата и наставникот.

За случаи од војната во БиХ и Хрватска и радиоаматерите и бомбардирањето во Србија да не правиме муабет, директни линкувања станица-телефон или укб врска на кб, што инаку по правила е забрането, се до носење станици во бункери се едни од работите кои таа генерација на радиоаматери го правеше. Z31PK, Z31VL и многу други беа примери за луѓе и радиоаматери.