Македонски форум за електроника
Општа дискусија => Општа дискусија => Topic started by: ggoce on 21.05.2012, Monday, 04:10:47
-
Дали имал некој искуство со ова чудо, да пише некое мислење
http://simenibiz.com/button-cell-type-earpiece
http://www.youtube.com/watch?v=BYzy9JnLIq0
-
Не ми го отвора првиот линк.
-
Ова можи во увото да ти се заглави од толку шо е мало.
-
не е блутут, него со предавател и приемник работи (радиотехника)...а за искуство сум немал до сега, ама ке почнам со искуствата со користење накај септември... :)
-
Не би требало да се заглаве ваде се со магнет
-
Да, со магнетче го вадат :) Кај мене на факултет Бугариве се утепаа од испити зимање со вакви слушалки :)
-
на другар му се заглави исто вакво во уво и по доктори се маткаше одвај му го извадија без да му го оштетат тапанчето. од тогаш вика нема шанси
-
Јас не разбирам шо барате на факултет ако планирате на ваков начин да го земите.
-
Јас не разбирам шо барате на факултет ако планирате на ваков начин да го земите.
И мене не ми е јасно, но тоа е тоа ::).
-
Јас не разбирам шо барате на факултет ако планирате на ваков начин да го земите.
друже не се сите толку поштени како што мислиш
-
некои си го сватиле буквално она "снајди се па живеј" па се служат со бубици, други (знаеме кои) купуваат фалсификат дипломи, трети се запишуваат на факултет и за 3-4 год. добиваат дипломи без да се појават на испит....
-
И послем државата нечинела и сме биле назад, ами шо е чудно. Пред се факултетот ти е образование и како човек се градиш.
-
И послем државата нечинела и сме биле назад, ами шо е чудно. Пред се факултетот ти е образование и како човек се градиш.
Ова последново 100% не е точно, бидејки знам луѓе со средно се па пак останале луѓе и се човечни, хумани, добри, и се што го карактеризираат добриот човек, а имам видено високообразовани но корумпирани, исфрустрирани, злобни и покварени до срш... така да образованието нема врска со тоа колку си изграден како човек или нечовек. П.С. Имам видено и наставник во гимназија во еден друг град да е манијак... така да...
Него да се вратиме на темата :) Моја препорака не ги купувајте тие буби бидејки освен што се многу скапи и се опасни по увото туку не се баш толку ефикасни, неможете да му речете на лицето што ви диктира, застани, ај повтори пак, ај читај поспоро или побрзо!
-
Сосема се сложувам, ама гледано статистички како шо кажвам е, иначе Тито бил бравар со средно па шо човек стана.