Author Topic: Радиоаматери општо  (Read 89085 times)

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Радиоаматери општо
« Reply #105 on 24.08.2015, Monday, 18:21:38 »
Сега се разочарав :( таман реков направив врска со репетитор на 85km ама ништо :( Затоа се чудев како и со 1W го отварам. Испаѓа погрешно сум слушнал, не било ВИ ВИ АР туку ВИ БИ АР.


Дали ова е локацијата на предавателот Р6:



Мислам дека не можеш ФМ предавател да пренамениш за радиоаматерска станица На ФМ предавателите целото коло е дизајнирано д работи на фреквенција од 88-108 мегахерци. На радиоаматерските станици на ФМ мод  имаш 600 килохерци разлика меѓу RX i TX.
Ова не ми е баш јасно, мислиш на ширината на каналот ? На пример кај ФМ радиото е 180КХз (моно) или 250 КХз (стерео) или на пример за радио станица 12КХз ? Дали ако преправам ФМ предавател ке треба да му го "стеснам" каналот на некој начин за да биде со помал опсег ?



П.С. Дали некој може да ми ги каже сите фрекфенции од Р2 до Р10 или колку ги има, па кога ке одам некаде на планина рачно да скенирам
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline xantox

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 165
Одг: Радиоаматери општо
« Reply #106 on 24.08.2015, Monday, 18:49:35 »
R0 rx145.000 tx145.600   
R1 rx145.025 tx145.625   
R2 rx145.050 tx145.650   
R3 rx145.075 tx145.675                                      
R4 rx145.100 tx145.700                                          
R5 rx145.125 tx145.725   
R6 rx145.150 tx145.750
R7 rx145.175 tx145.775




Offline MilerovEfekt

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 176
Одг: Радиоаматери општо
« Reply #107 on 24.08.2015, Monday, 19:42:47 »
Ова не ми е баш јасно, мислиш на ширината на каналот ? На пример кај ФМ радиото е 180КХз (моно) или 250 КХз (стерео) или на пример за радио станица 12КХз ? Дали ако преправам ФМ предавател ке треба да му го "стеснам" каналот на некој начин за да биде со помал опсег ?

За да ти е компатибилен предавателот со F3E емисијата, да. Ќе мора да го направиш излезниот пропусен опсег да е ограничен на 12.5 KHz

Offline Z3nesto

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 83
Одг: Радиоаматери општо
« Reply #108 on 25.08.2015, Tuesday, 15:25:02 »
Колку што знам скоро сите српски репетитори се линкувани меѓу себе. Не ме чуди да имаат и линкови надвор од Србија како што е случајот со црногорскиот R4. Нашиот R6 отсекогаш е на Бреза во близина на Велес и никогаш немало во Скопје R6 и знакот му е Z35VBR. (Не знам што ве чуди знакот па да се прават дискусии дали е наш или не :) ). Во правилникот кој може да се симне од АЕК, добро е дефинирано и објаснето користењето на Z35Vxy знаците.
Упаѓаат Грци затоа што нема PLL тон и тоа се истите 2-3ца кои што во исто време идат на нивниот R6 и кај нас.

RU5 и R4 се на Водно горе, не на средно, а R0 колку што сум запознаен се наоѓа во касарна Илинден.

ПС. Ми фали времето кога не можеше секој да има две букви во знак :D Да цитирам коментар од еден српски форум... Дојде ред оние со една и две букви да учат од почетниците со 3 букви...

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Радиоаматери општо
« Reply #109 on 25.08.2015, Tuesday, 15:53:31 »
VHF репетиторот на Водно не работи? Што се случило? >:(
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline xantox

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 165
Одг: Радиоаматери општо
« Reply #110 on 25.08.2015, Tuesday, 22:37:50 »
Нашиот R6 отсекогаш е на Бреза во близина на Велес и никогаш немало во Скопје R6 ...
Репетиторот R6 на Бреза се наоѓа отприлика некои 10 месеци. Предходно беше поставен на Скопска црна гора - Равно и беше линкуван со RU6 (не функционира), R0-Te, R0-Ku и Ехолинк. Од, за мене непознати причини и особи, компетно беше уништена опремата пред извесен период, кога и престана засекогаш да работи на таа локација. Тоа е пред одприлика 2 години и кусур.
R0-Sk беше во касарната илинден. Престана да работи пред одприлика година две и сега е повторно активиран. Дали е сега во касарната или не, неможам да тврдам.

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Одг: Радиоаматери општо
« Reply #111 on 26.08.2015, Wednesday, 10:35:41 (Edited 31.08.2015, Monday, 21:19:39) »
@xantox
Точно така, локациите беа затворени, а репетитирите беа симнати. Истото се случе и со R7 пред некоја година кога беше симнат од локацијата демек „доста е не е потребен повеќе„
А да не зборуваме за R2 и охридската нула која заврше во такси компанија. Тој период тие репетитори беа прогласени како „не се потребни повеќе„
Но работите се сменаа кога се смена раководството на РСМ. На чело на РСМ е друг претседател кој многу работи смена на подобро, а поединци го кочаеа во тоа за да не излезат работите на виделина.
Кога имаше генерално собрание на РСМ во Скопје мислам некаде 2011 случајно се најдов во Велес и по претходен телефонски разговор со радиоаматер од Скопје ми беше пренесено дека за неколку часа ќе има собрание на РСМ во Скопје. Веднаш тргнав за Скопје. Тоа мое изненадно појавување на состанок направе да има кворум за гласање бидејќи некои поединци сакаа да го прогласат состанокот за невалиден бидејќи немаше кворум за гласање пред да се појавам на состанокот.
Ги подржав сите предлози на претседателот во насока за подобрување на состојбата на РСМ. Беше побарано од поединци, членови на минати раководство или тела на РСМ кои во поголем број не дојдоа на состанок, да ги вратат сите симнати репетитори R7, R2 и Охридската нула. Им беше дадена шанса за работата на не оди на суд. Поради сега имањето на кворум многу работи беа изгласани. Потоа поединци (блиски до минати раководства на РСМ) сакаа да го прогласат моето присуство невалидно, исто како и да го прогласат состанокот невалиден и да го дискредитираат претседателот на РСМ, но не им успеа. Бев предмет на разни притисоци, но не се повлеков, туку напротив станав погласен.
R6 колку што бев информиран, додека беше на Скопска Црна Гора бил „Приватен репетитор, односно присвоен од некого, со други зборови самоволно прогласен како приватна сопственост а не сопственост на РСМ, затоа репетиторот беше запечатен и затворен од РСМ пред се да се заштити.
R7 беше вратен на РСМ, исто како и R2 и охридската нула. Сега се во владение на РСМ. R2 беше толку оштетен и му фалат делови, добро се гледаше дека некој го кубел репетиторот.
R7 беше вратен на солунска глава, а R6 почна пак да работи но ете како што рековте пред 10 месеци е поставен на друга локација. Потоа по иницијатива на сегашниот претседател на РСМ беше поставен и R3, како и прилепската нула.
Во меѓувреме R7 бешее оштетен од гром и сега не работи и верувам дека за брзо време ќе се врати во функција, исто како и охридските репетитори.
Сега веќе како член на надзорен одбор од 2013,  гледам и јас колку што можам да помогнам работите да тргнат нанапред.
РСМ на неколку поединци кои беа одговорни за тоа по враќањето наисчезнатите репетитори, на некој начин им опросте во знак на ham spirit, но и натаму гледаат да го кочат РСМ
Тоа се само поединци 4-5 души, кои не можат да си опростат што не се тие на чело на РСМ. Тешко на РСМ ако беа тие. Се зборува дека во еден ден 200 души положиле за радиоаматерска класа колку да имаат право да користат радиоаматерски репетитори за лични цели, ловци, параглајдеристи итн. Тие околу 200 души, најголемиот дел не ни помислуваат да плаќаат членарина на РСМ и ден денес.
Откако се случе тоа АЕК го укина правото да се полага во клубовите, и сега секој мора да полага во АЕК, што мислам дека е правилно.
Оваа тема е голема, но ова е само мал дел од глупостите што се случуваа во РСМ. За среќа сега работите тргнаа на подобро и во иднина мислам дека работите ќе бидат уште подобри. Таквите поединци никогаш повеќе не треба да бидат дел од раководства на РСМ. Имињата и знаковите на тие поединци не ми се познати, ова што го кажувам тука е зборувано на состаноците на РСМ каде што и јас присуствував.

Hams do it! With Frequency

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Одг: Радиоаматери општо
« Reply #112 on 28.08.2015, Friday, 11:07:20 »
Да бе стварно и Р4 на водно не ви бил во функција порано слушав што се збори на него не сум се умешувал само три пати од мерак пусти мерак го имам копчано да ми врати со тонот и толку да не сметам али слушнав едно десетина радио врски у месецот кога ќе начекав радости али сега после неколку месеци ма како од октомври лани девет месеци не сум пуштил радио станица и стварно Р4 го нема а ми беше едини блиски репетитор што се вика со мобилна антена ламбда четврт слушав имав убав прием некад кога ќе ми текнеше чисто онака.Во дефект ли ви е нешто или привремено не работи  8)
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Радиоаматери општо
« Reply #113 on 28.08.2015, Friday, 12:27:25 »
 а дали некој што живее надвор од Скопје го отворил UHF репетиторот на Водно?
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Одг: Радиоаматери општо
« Reply #114 on 28.08.2015, Friday, 17:09:37 »
UHF тешко од Битола, а и не познавам аматери што работат UHF, знам дека има неколку но не сум баш во тек
Hams do it! With Frequency

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Радиоаматери општо
« Reply #115 on 31.08.2015, Monday, 22:18:59 »
Бев малку настрана ,па не сум во тек со настаните,ама за почеток ке ви постирам една страница на која има еден тон антени ,кои се изработени во пракса.Оваа за 144 Mhz ја направивме во * живо* и се покажа како * одлично усмерена мала антена*.

Code: [Select]
http://tehnium.org/wp/?p=4195   

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Радиоаматери општо
« Reply #116 on 01.09.2015, Tuesday, 17:46:01 »
Дали некој отворил грчки, албански или бугарски репетитор?
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Радиоаматери општо
« Reply #117 on 04.09.2015, Friday, 19:19:51 »
Зошто во Македонија нема Р1 и Р5 репетитори? Дали на пример Р1 се поставува на одредена надморска висина која ние ја немаме или пак треба да покрие голема територија а нашата држава е претежно планинска?
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Одг: Радиоаматери општо
« Reply #118 on 04.09.2015, Friday, 20:52:25 »
Има R1 Тој е на Пирибег мислам. Сопственоста е сеуште нејасна бидејќи на необележаната  граница со Косово. Работи со сончеви колектори, но дали е демолиран, уништен или во работна состојба не знам. Мислам Z3nesto ако има некоја информација ќе каже. Додека за R5 немам никакви податоци
Hams do it! With Frequency

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Одг: Радиоаматери општо
« Reply #119 on 04.09.2015, Friday, 21:53:59 »
Зошто во Македонија нема Р1 и Р5 репетитори? Дали на пример Р1 се поставува на одредена надморска висина која ние ја немаме или пак треба да покрие голема територија а нашата држава е претежно планинска?
Истово сакав да го прашам одамна.А за Р1 ја имам чуено таа приказна.Ај за арно за убаво нека тргне работава со репетиториве и во оваа чудесна мала земја. 8) :).Супер чим главниот Р7 е во функција
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш