Морам малку да сум скептик на темата, од неколку причини :-)
Викаш кај нас - колку што знам во МК нема продавница за радио аматерска опрема, или некоја нова изникнала во 5ве месеци што не сум таму ?
*реална цена* е мноооогу широк поим. Реалната цена на некој производ (или добро) ја диктира пазарот т.е. односот на побарувачка / понуда. Затоа што кај нас нема никаква понуда, реално е цените да бидат скапи, а воедно нема ни вистинска побарувачка за овие добра (економија 101).
EBay не го решава проблемот, не верувам дека било кој продавач би испраќал скапа опрема (а богами ова наше хоби и бара малку поскапа опрема) бесплатно.
Баш ме интересира за таа процедура. Последниот пат кога го читав законот за ослободување на пратки од царина, немаше спомнато радио-аматерска опрема... но нормално дека и тоа подлежи на промена