Тоа е една од контраефектите во врска со кинеските радиостаници. Во странство без приложена копија од лиценца, не можеш да купиш радиостаница нова, а и законот важи и за половни радиостаници, зборувам конкретно за Швајцарија. На радиоаматерска берза за нови и половни радиостаници, добро пишува, САМО ЗА ЛИЦЕНЦИРАНИ РАДИОАМАТЕРИ. За разлика од тие земји, овде може секоја будала која и не е радиоаматер да купи кинеска евтина радиостаница, и со тоа се врши злоупотреба на радиоаматерските фреквенции. Како што кажа nsu, некој пече ракија, и ја опишува ракијата, друг вреѓа нечија жена или на национална основа, а тоа не се радиоаматери, немаат знак, ете купиле станица и сега фрлаат темна сенка на бандот. Јас лично на некои репетитори имам слушано ловци, како се координираат за да направат заседа на дива свиња, имам слушано параглајдетисти, планинари....ниту еден не кажал знак, што потврдува дека не е радиоаматер,.
Но најстрашни се штракачите, пуштаат музика, сметаат на бандот, се кикотат како некои ненормални, намерно го држат РТТ дугмето долго време уклучено, некој го слушав рика на радиостаница како некое животно и така натаму. Таквите корисници на кинески радиостаници јас им дадов ново име, а тоа е Генетски отпад.
Затоа некои радиоаматери ги разбирам што се против кинеските радиостаници, но не значи тоа дека ги оправдувам во целост. Јас не сум против кинеските радиостаници, но сум да ги користат само лиценцирани радиоаматери, а не да бидат злоупотребувани тие радиостаници од корисници што не се радиоаматери и ги користат за други намени на радиоаматерскиот банд.
Извинете ако бев малку вулгарен, но освен позитивната страна на кинеските радиостаници- цената, негативниот ефект е тоа што полека м,оже да настане хаос. Убеден сум дека во државава повеќе има пирати отколку лиценцирани радиоаматери корисници на кинески радиостаници.