Author Topic: Кинески радиостаници?  (Read 23808 times)

Offline vanne

  • Нов член
  • *
  • Posts: 47
Одг: Кинески радиостаници?
« Reply #90 on 21.11.2016, Monday, 23:29:11 »
Ние сме и АМАТЕРИ, што значи дека бизниси во нашето хоби нема. Секој си работи сам за себе според своите можнсти. Ова е правило прифатено за сите. А ако на некој не му одговара тогаш тие работи да си ги задржиме сами за себе и нема проблеми да има.

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Одг: Кинески радиостаници?
« Reply #91 on 22.11.2016, Tuesday, 10:48:48 »
Значи пак ќе повторам. Кинеските радиостаници се добри "entry level" радиостаници. Како што кажа MilerovEfekt, се купуваат само поради евтината цена на достапност и со ај да речеме колку толку просечен квалитет. Доколку ја загиниш или оштетиш, уво нема да те боли. Но....за посериозна употреба, е тука е веќе нешто друго. Радиоаматерството е скапо хоби кое во недај боже ситуации е најспособната радиомрежа која што нема да падне при катастрофи. За сериозна радиоаматерска употреба кинеските радиостаници не се баш некој добар избор, но ај да речеме ќе поминат некако. За радиоаматерски цели, односно фреквенции, може да се користат и комерцијални "Heavy Dutu" радиостаници, од брендот Standard (Yaesu commercial), Motorola и така натаму. Секако тие се доста поскапи, но тоа што ќе ти го пружи радиоаматерска станица од познат бренд, или комерцијална радиостаница која може да работи на радиоаматерски фреквенции, кинеската радиостаница не може.
Од кинеските радиостаници најквалитетен бренд е HYTERA која може да им парира на познатите светски брендови. Единствена маана на хитера е што држи иста цена како најпознатите светски марки на радиостаници.
Мој апсолутен фаворит е комерцијална радиостаница која што без проблем може да се програмираат сите радиоаматерски фреквенции, било аналогни или дигитални. Тоа е MOTOROLA SL1600, ја има во UHF i VHF верзија. Овој модел е достапен и во Македонија

Code: [Select]
http://alpha-com.ru/wa-data/public/shop/products/27/64/6427/images/7942/7942.1600.jpg
Hams do it! With Frequency

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Кинески радиостаници?
« Reply #92 on 22.11.2016, Tuesday, 17:50:08 »
Ние сме и АМАТЕРИ, што значи дека бизниси во нашето хоби нема. Секој си работи сам за себе според своите можнсти. Ова е правило прифатено за сите. А ако на некој не му одговара тогаш тие работи да си ги задржиме сами за себе и нема проблеми да има.

Не знам што сакаш да кажеш,ама вака кажано не е јасно.Тоа што си АМАТЕР (како тоа гордо звучи! ::) ) нема ништо со бизнисот?? Кој бизнис?? Бизнис секаде има,а кај радио-аматерите најмногу. И ако има проблеми ,не треба *тие работи да си ги задржиме сами за себе и нема проблеми да има.* Каде има проблеми треба да се решаваат.Во МК аматеризмот има проблеми и да видиме ке се најде ли некој да ги реши.Дотогаш се што се кажува е релативно.За кинеските и другите станици - се е добро дури не се проба...

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Кинески радиостаници?
« Reply #93 on 23.11.2016, Wednesday, 13:08:01 »
Бизнис во ХАМ бандовите не смее да има. Се знае за што може а за што не смее да се зборува во етерот.
По ниту еден услов не може да се комерцијализираат ХАМ бандовите.
Точно е дека ова е хоби и ние сме хобисти. Некои ке речат скапо хоби, јас ке речам не е точно тоа! Дали е скапо или е евтино е релативна работа. Можеш да бидеш рибар хобист со скапа или евтина трска, на другиот рибар со по скапа трска не треба да му биде гајле за твојата трска. Фудбалер хобист може да има скапи патики а може да игра и со евтини, тоа е негово лично право и никој не треба да му се меша во неговиот избор ниту да му наредува што да купи или уште помалце да го навредува и понижува бидејки имал евтини патики а не скапи копачки за на терен. Да си радиоаматер дали е престиж? Да престиж е за мене и за сите оние кои така го чувствуваат ова убаво хоби. За жал постојат луѓе на бандот кои се обидуваат да го множат радиоаматеризмот со 0. Како? Набавиле т.н. скапа опрема и влегуваат во 5W локален репетитор со 50 и 100W а тој репетитор е на само 2-5km од нив и имаат оптичка видливост. Потоа, радиоаматери што ги газат со многу јак сигнал другите радиоаматери кои емитуваат према репетитор со нормален сигнал. Да не зборам за радиоаматерите кои навредуваат, понижуваат, ти се мешаат во твоите ставови, се прават газди и шефови во етерот, се мангупчат, се дерат и се караат на репетитор. Е тоа е тоа Батка што не не вади од такт и мене и Ване и сите други радиоаматери кои сме мирни, воспитани, почитуваме ХАМ спирит и секогаш сме со позитивно расположение на бандот.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Одг: Кинески радиостаници?
« Reply #94 on 23.11.2016, Wednesday, 16:22:21 »
Убаво кажано DX-er што да се прави тоа е
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Кинески радиостаници?
« Reply #95 on 23.11.2016, Wednesday, 18:35:14 »
Убаво кажано DX-er што да се прави тоа е

Фала друже
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Одг: Кинески радиостаници?
« Reply #96 on 25.11.2016, Friday, 14:58:20 »
Нема на што само те подржав бидејќи исто размислуваме. 8)
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Одг: Кинески радиостаници?
« Reply #97 on 08.12.2016, Thursday, 00:02:51 »
Дечки
Стигна шитот :)

Кога стигна пакетот само си велев да не пратија нешто друго, некој друг модел или било што, оти знаат да ја утнат.




кутијата деформирана целата, кој знае низ што поминала


на кутијава цревата и излегоја, па си реков се надевам дека тоа што е внатре не е исцреварено


Ок, се е во ред, станицата е таа, но забележав дека нешто како да фали, па видов дека станицата е комплетна , односно трговецот ја ставил батеријата на станицата. Да, но јас не знам зошто ја извадив батеријата и се обудов да ја ставам на тоа празно место, и.......не одговара, местото е тесно за да влези батеријата. Тогаш ми стана јасно дека кутијата не е оригинална. Ок, баофенг кутија е, на кутијата не пишува модел на станицата, и секако батеријата не ја бери во местото наменето за батеријата, и да 100% кутијата не е оригинална, ама нема врска. Важно е дека се што треба да има, има во кутијата. Кутијата како кутија секако ќе послужи како потпалок на оган во овие зимски денови


Убаво лежи на рака иако малку поголема од uvb2 Plus по мое мислење



Потенка од uvb2-Plus



Ја уклучив станицата и си работи како што треба, менито е речиси исто како uvb2 Plus. Според мене ова е можеби малку визуелно подобрена верзија од uvb2 Plus, со поинаков изглед и секако 20 долари поскапа.
Единствено нешто што ме нервира е РТТ дугмето, ужас!!!!
На останатите модели на баофенг има едно дугме под дисплејот за префрлување од фреквенциите запишани на горниот и долниот дел на дисплејот. Овој модел го нема тоа. Затоа некој чајна бој му наместе dual PTT дугме кое знае да нервира. Се случува да сакам да емитувам на една фреквенција запишана на дисплејот, и во притискање да ми префрли на другата фреквенција. Значи треба да се навикнам на измената.



Инаку станицата си работи супер, ја тестирав со motorola gp300. Овој модел на баофенг според мене има најдобра модулација и добро се рамни со моторола гп300.
Останува да се види како ќе  работи преку репетитори и секако симплекс на поголеми далечини.
ФМ радиото е за чудо добро, но мразам батериска ламба на радиостаница.
Овој модел вреди за секој денар потрошен на неа, ме изненаде модулацијата и јачината на звукот.
Сепак оваа станица е малку поскапа од останатире во палетата на баофенг и ја купив пред се поради радозналост, но вредеше. Се надевам нема да ја загинам и оваа.
Hams do it! With Frequency

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Одг: Кинески радиостаници?
« Reply #98 on 08.12.2016, Thursday, 10:04:48 »
Со здравје да си ја користиш другар  ;D
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Кинески радиостаници?
« Reply #99 on 08.12.2016, Thursday, 12:19:31 »
Честито Z31GH и со здравје да ја користиш. Искрено мило ми е што си задоволен од станицата. Драго ми е што Baofeng изработиле симпатична рачна радио станица. Многу повеке ме радува тоа што спомна дека има многу добра модулација, гласна модулација и може да парира на една од најдобрите Моторола ГП 300. Ме радува тоа што Baofeng како бренд се усовршуваат и ги преболуваат детските болести од минатото. Како што тргнало за кратко време ке бидат сериозна конкуренција на скапите имиња и секако шамар за стереотипите кои се полни со предрасуди према овој бренд :)
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Одг: Кинески радиостаници?
« Reply #100 on 08.12.2016, Thursday, 17:09:20 »
Тоа повеќе од сигурно дека полека им се убедлива конкуренција а кој збори нека си збори. Полека полека озбилен модел ќе биде конкурентен тоест и веќе е еве супер чим многу е задоволен Z31GH како ти оди од Битола отварањето на репетиторите Z31GH Битола подалеку ти е али Р1 Прилеп супер го отвараш можам да претпоставам. Можеби Р6 го отвараш сега во Скопје имаме Р4 Р0 Р3 работи Р5 на Попова Шапка работи уште Р7 и Р2 не се во функција
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Одг: Кинески радиостаници?
« Reply #101 on 09.12.2016, Friday, 01:52:03 (Edited 09.12.2016, Friday, 01:57:10) »
@nsu
Уште не ја тестирав на репетитор, освен симплекс на неколку километри. Модулација страшна, пречки нема, сигналот е јак и нема маана. Да не заборавиме дека најквалитетен бренд е HYTERA која е водечкa во кинеските радиостаници.
Производството на кинески радиостаници го започнаа неколку фирми истовремено и сите беа тука некаде со квалитетот, но додека HYTERA напредуваше, Baofeng си остана со UV-5R и си остана со неа долго време како најпопуларна радиостаница. HYTERA за тоа време си ја разви технологијата, а Baofeng не. Нивната UV-5R ја модифицираа во други куќишта и демек понови модели, а во суштина не беа, беше истата радиостаница. Дури сега почнаа да мрднуваат од заспаната позиција, но се сеуште далеку од HYTERA која воведе и DMR технологија кај нејзините модели. Кај поновите модели на Baofeng модулацијата и квалитетот во последно време се одлични, се разбира кај поновите модели.
Се обидуваат и тие да воведат DMR но не им успева некако, долго време дремеа во место. Нивниот модел DM-5R која е DMR радиостаница се зборува дека е промашен, дури и со софтверска надоградба која кошта 10$. Колку е вистина не знам и не мислам да истражувам по интернет за овој модел, барем не засега.  И што е најлошо пак моделот на DMR радиостаница им изгледа како застарениот UV-5R. Можеби во магацините им останаа многу куќишта од таа станица, па да ги искористат :) или едноставно носталгијата по најпопуларната радиостаница на Baofeng.
Во секој случај се си има и позитивни и негативни страни.
Позитивна страна на Baofeng е тоа што се најпродавани радиостаници од кинеско производство и тука се лидери поради цената, додека позитивна страна на Hytera е тоа што се најквалитетни кинески радиостаници.
Во секој случај Baofeng се добри, евтини и конечно им текна да се разбудат и да го подобрат квалитетот на нивните модели, односно поновите модели.
Кога би купувал повтпорно кинеска радиостаница, пак би се одлучил за баофенг, само поради цената
Hams do it! With Frequency

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Одг: Кинески радиостаници?
« Reply #102 on 09.12.2016, Friday, 13:23:56 »
Размислувам како тебе исто за рачна радио станица Baofeng секогаш би ја купил никогаш не би фрлил ни за половна моторола или yaesu. А за базна има добри половни мотороли или yaesu или kenwood.  8) ;D
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Кинески радиостаници?
« Reply #103 on 09.12.2016, Friday, 23:46:39 »
Налетав на едно убаво видео објавено од врвниот QRZ Now каде момчево воспоставува САТЕЛИТСКА радиоаматерска врска и тоа со Baofeng UV 5R! Уште еден шамар за хејтерите на Баофенг :) Интересно е тоа што успеа да оствари контакт без проблем иако локацијата му беше со пречки како куќи и дрво. Сепак и со таа расклатена антена успеа да направи одличен контакт.



Ке ги цитирам зборовите од еден од најдобрите радиоаматери во Македонија кој во една прилика на кафе муабет ми рече, со Баофенг комотно можеш да направиш сателитски врски. На ова му реков, ама нели Баофенг не се добри како скапите имиња? Тој ми одговори: не се добри, туку одлични се!!!
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Одг: Кинески радиостаници?
« Reply #104 on 10.12.2016, Saturday, 19:52:07 »
Јако е јака работа  8)
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш