Author Topic: Дали има и колкава е застапеноста на AVR кај нас ?  (Read 639 times)

Offline Urahara

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 194
Дали има и колкава е застапеноста на AVR кај нас ?
« Opened on 17.07.2011, Sunday, 22:19:02 (Edited 17.07.2011, Sunday, 23:42:19) »
Ме интересира дали некој воопшто се занимава со развивање на системи со помош на AVR/Atmel серијата микроконтролери ? Што toolchain користите, хардверски програмер, развојни околини, компајлери ?

Јас лично користам gcc-avr и toolchain-от околу него (debuger, linker etc), со Makefile кој што го имам модифицирано/препишано од неколку проекти и е достапен како слободен на гитхаб,

Code: [Select]
https://github.com/AleksMK/AVR-Makefile
Омилен хардверски програмер : USBtinyISP
Омилена развојна околина : Arduino

Па, споделете мислења.

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Дали има и колкава е застапеноста на AVR кај нас ?
« Reply #1 on 17.07.2011, Sunday, 23:27:02 (Edited 17.07.2011, Sunday, 23:42:27) »
застапеноста на овие микроконтролери според мене е премногу мала во Македонија, поради тоа што тешко се наоѓаат кај нас, јас кога започнав да се интересирам за микроконтролери единствено ги знаев PIC, луѓето околу мене кој се занимаваа со електроника, а особено со микроконтролери зборуваа само за ним, не спомнуваа други имињ на микроконтролери, поради таа причина кога започнав се повеќе да учам за микроконтролери јас почнав со PIC, не успеав да многу добро да ги запознаам и другите производители, со оглед на тоа јас сега учам програмски јазици за овие микроконтролери кој за моите потребии се повеќе од доволни, со AVR се запознав подоцна, откако почнав да учам за останатите, сакав да направам некој проекти со микроконтролери од tiny сериите, ама па како за малер од ним ни трага ни глас кај нас нема. Во иднина кога ќе го совладам прилично подобро програмскиов јазик кој го учам за PIC, сакам да се префрлам на AVR, да се проширам малку, но се зависи од тоа дали микроконтролерите ќе се прошират малку повеќе кај нас, дали ќе бидат достапни или не

Од она што го имам читано за AVR, мислам дека се доста солидни микроконтролери со добри можности.
Поради тоа што јас немам никогаш учено програмски јазици на школо, односно сум самоук малку ми е проблем додека се навикнам и научам како оди програмирањето, кај бејзик-от (mikroBasic) на микроелектроника е едноставно да се научат командите, плус тоа имате помошна библиотека со преку 500 страни доколку сакате нешто да принаучите за одредени функции, ако некогаш во иднина се нафатам да учам да работам со овај тип мцу, најверојатно ќе го користам пакетот од микроелектроника :)
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Да, тоа е еден од најголемите проблеми со кој се соочува Atmel, не-информираноста на пазарот. За жал кај нас не верувам дека ќе имаме можност да ги купуваме *од пазар* во блиска иднина. Иначе ако зборуваме за перформани, авр архитектурата ја *шиша* пик архитектурата во многу погледи и плус, односот цена-перформанси е далеку подобар кај AVR контролерите.

Јас истотака почнав да чепкам embedded со PIC, но набрзо (неколку недели) ги баталив поради фактот што софтверот не е унифициран и нема развојна околина под GNU/Linux (за разлика од AVR каде што платформата е за сите оперативни системи + слободна) како и хардверските спецификации за PIC-овите (напонот од 13 волти за програмирање ми е смешен) и малите можности (мала флеш меморија, рам и епром), како и фактот што PIC-овите извршуваат инструкции со по неколку такта (4 миинимум ако се сеќавам добро во PIC16f серијата), од друга страна AVR има 1 такт - една инструкција, освен некои инструкции кои што се по захтевни (PLL манипулација итн).

ПС: Дали би можел да замолам да се врати насловот на темата како што беше ? Доколку сакав вака да се пишува ќе го направев тоа :)

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
насловот нрма да се врати поради тоа што небеше правилно напишан, односно темата ќе треба или да се заклучи или да се избриши :)

за тоа дека имаат мала рам и мала програмска меморија како и тоа си грешка, постарите модели да имаа мала рам и мала програмска но сега новите се со 512к програмска и 128к рам што мислам дек ае повеќе од доволно работаат на такт од 80MHz и имаат прилично добри можности, разгледај некој од 32 серијата или dsPIC, исто така веќе се исклучуваат 13Волти програмски напон, новите верзии се 3.3В
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!