Македонски форум за електроника

Дигитална електроника => Микроконтролери => Topic started by: Birokrat on 16.08.2010, Monday, 21:21:25

Title: Безжична комуникација со сензор за топлина
Post by: Birokrat on 16.08.2010, Monday, 21:21:25
Здраво дечки  :)

Сакам преку микроконтролор безжично да комуницирам со дигитален сензор за топлина.

Знае некој каков микроконтролор би ми завршил работа и каде можам во Скопјево да најдам дигитален сензор за топлина?

Имено, сакам преку микроконтролорот кој ќе биде поврзан со сериската порта да го вклучувам еркодишнот кога температурата ќе дојде над 27 степени, ако некој има идеја како можам да го решам проблемов нека го приложи решението.

Поздрав.
Title: Одг: Безжична комуникација со сензор за топлина
Post by: Georgi on 16.08.2010, Monday, 21:34:18
За сензор можиш DS18B20 го има во Логин.
Title: Одг: Безжична комуникација со сензор за топлина
Post by: Devil on 16.08.2010, Monday, 21:39:42
зошто баш со микроконтролер ?
не ја разбирам поентата на микроконтролерот во сето ова ?
како планираш да го изведиш вклучувањето ?
еркондишонот има сериска порта или ?
дај објасни малку повеќе околу твојата идеа за да можеме да смислиме нешто :)
Title: Одг: Безжична комуникација со сензор за топлина
Post by: DX-er on 16.08.2010, Monday, 21:45:37
извинете за оф, ме интересира следново DS18B20 е дигитален сензор кој мери и праќа информации за температурата во бинарен облик ? Јас мислев дека е нешто како термо отпорник/транзистор
Title: Одг: Безжична комуникација со сензор за топлина
Post by: Devil on 16.08.2010, Monday, 21:49:48
не, тој е нешто како претварач од топлина прави електрична енергија
во зависност од температурата тој на излезот дава некој напон
после тој напон преку ADC од микроконтролерот се преработува во дигитален облик и после се обработува во микроконтролерот и во зависност од програмата/ намената која му е зададена на тој мцу се врши некоја операција..
сигналот е аналоген :) ( накратко ова )
Title: Одг: Безжична комуникација со сензор за топлина
Post by: Birokrat on 16.08.2010, Monday, 21:50:19
Не објаснив.  :)

Преку сериската порта на компјутерот сакам да приклучам кастм мејд микро контролор преку кој безжично ќе го контролирам сензорот за топлина, промената на состојбата на сензорот-ТЕМПЕРАТУРАТА над 27 степени ќе ја хендлерирам преку интерапт (имам искуство со ова) кој ќе го вклучи еркодишнот.

Сензорот ваљда има некаков интерфејс преку кој бежично ќе пристапувам.

Незнам, не сум електроничар, програмер сум затоа барам од вас помош.  :)
Title: Одг: Безжична комуникација со сензор за топлина
Post by: Devil on 16.08.2010, Monday, 21:59:05
а чек немаш далинско од еркондишонот
пошто тој сигурно има сензор, е сега проблемот е следен
треба да најдеш како е кодиран сигналот од далинското кој се праќа на еркондишнот
пошто не можеш со било каков сигнал да го побудиш мора да има некој посебен сигнал со кој се побудува, или ќе земеш јово наново цел систем ќе го преправиш што не ти препорачувам :)
проблемот е комуникацијата меѓу еркондишнот со компјутерот

наједноставно направи некој термометар ( аналоген не мора нешто посебно ) баждари го, земи реле и направи го еркондишнот цело време да работи, е сега релето постави го да го исклучува од струја, кога ќе крени температурата ќе се активира релето и ќе се уклучи еркондишнот ;D
Title: Одг: Безжична комуникација со сензор за топлина
Post by: GigaWatt on 16.08.2010, Monday, 22:04:25
Тоа што го предложи Devil e далеку поедноставно од идејата со микроконтролер. Или може да се имплементира микроконтролер кој кога ќе ја мери темературата при определена температура да го пушта и исклучува релето ;).

Имеше некаде на форумов шема за термометар со микроконтролер и со дисплеј од Nokia 3310 ;).
Title: Одг: Безжична комуникација со сензор за топлина
Post by: DX-er on 16.08.2010, Monday, 22:11:39
Devil ама значи сепак сензорот не е дигитален туку е нешто како термо отпорник? Ова што се нарекува дигитален сензор не е прав опис на делот :)
Title: Одг: Безжична комуникација со сензор за то
Post by: Birokrat on 16.08.2010, Monday, 22:12:50
Еркодишнот го дадов како пример идејата ми беше да можам да контролирам било каков електричен уред.  ;D

Значи, сакам да знам како можам да направам   микроконтролорот бежично да комуницира со било каков дигитален сензор  (аналоген не е опција пошто мука ќе мачам со ADC,регистри итд... ќе ми одземе многу време)
Title: Одг: Безжична комуникација со сензор за топлина
Post by: Devil on 16.08.2010, Monday, 22:14:08
па така, само штро личи на транзистор и работи малку поинаку и малкју слично на термоотпорникот
друго по стабилен е и има варијанти кој издржуваат високи температури, но како и секогаш кај нас тоа не може да се купи, мене ми требаше таков за да ја направам лемилицата со дигитална контрола на температура али нема тоа :(
Title: Одг: Безжична комуникација со сензор за топлина
Post by: Devil on 16.08.2010, Monday, 22:19:02
1 начи инфраред ( помала далечина 5-10м )
2 начи РФ хибридни модули ( поголема далечина 20+м)

првиот начи може лесно да се изведе бидејќи има гготови склопови кој се наменети за тоа
твоја работа ќе биде само да напишеш програма на компјутер/ софтвер кој ќе комуницира со сериската порта и ќе испраќа податок до Ir лед диода кој ќе го побудува тој склопот.
малку електроника ќе се чачне нешто на овај дел и тоа е готово

вториот начи е малку посложен и за ова ќе се потреби 2 микроконтролери кој ќе се направат така да се поврзуваат еден со еден и ќе биде мн поскапо..
види ги темиве

http://elektronika-mk.net/index.php?topic=1783.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=1783.0)
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=159.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=159.0)

со некој мали измени за да може да се користи портот ќе се таман, бар так мислам
Title: Одг: Безжична комуникација со сензор за то
Post by: Birokrat on 16.08.2010, Monday, 22:30:48
Фала за одговорот.
Може  да ми посочиш кон линкови/книги кои подетално ги објаснуваат начи РФ хибридните модули?

One more question, RF  stands for Radio Frequency, right?
Title: Одг: Безжична комуникација со сензор за топлина
Post by: Bojan on 16.08.2010, Monday, 22:37:59
thats right...

а за книги некој друг ке ти даде, дека јас појма немам од РФ техника...
Title: Одг: Безжична комуникација со сензор за топлина
Post by: Devil on 16.08.2010, Monday, 22:41:05
книга, нема книга отвори некој дата шит од рф модул и прочитај го
али едноставни се
нема тука што многу
имаш влез на сигнал ( кој е веќе кодиран и преработен), излез ( антена ) и напојување
ова е од предавателот
кај приемникот имаш влез ( антена) излез на кој иде тој кодиран сигнал и имаш напојување
можеш да пренесуваш што сакаш, сакаш дигитален  облик, аналоге облик тоа е твое

книги поточно за оваа област не можам да ти препорачм, знаењето ќе си дојде само кога ќе почнеш да гибаш малку електроника :)
Title: Одг: Безжична комуникација со сензор за топлина
Post by: Birokrat on 16.08.2010, Monday, 22:47:29
Брат, фала многу. :)

Одам јас сега да го расклопам безжичниот телефон.  ;D
Title: Одг: Безжична комуникација со сензор за топлина
Post by: Devil on 16.08.2010, Monday, 22:54:22
не мора цел да се расклопува, плус тоа со телефон потешко
дека поинаку малку работи ќе треба сервисна документација да бараш од телефонот како работи да видиш
и е претешко з анеискусни луѓе
има готови хибридни модули да се купат, само ако купуваш пази тоа да се или за АМ или за ФМ модулација и да се за иста работна фреквенција ;)
Title: Одг: Безжична комуникација со сензор за топлина
Post by: Birokrat on 16.08.2010, Monday, 23:00:20
Не зезанција го спомнав расклопувањето на телефонот.  ;D
Сакав да кажам време е да се фрлам на работа.

Битвин кај можам да го купам RF хибридниов модул?
Title: Одг: Безжична комуникација со сензор за топлина
Post by: Devil on 16.08.2010, Monday, 23:02:11
ај ти фати се за работа па ако заглавиш ќе ти помогнеме
а гледај да не заглавиш оти ми се спие :)
Title: Одг: Безжична комуникација со сензор за топлина
Post by: SKOLS_OLD on 16.08.2010, Monday, 23:08:17
Имаш во ГАЦ електроникс!!!Цена незнам но јас барав од таму одамна па затоа знам и ти кажувам!! :D
Title: Одг: Безжична комуникација со сензор за топлина
Post by: Devil on 16.08.2010, Monday, 23:10:40
имаше во онаа бугарската за мали пари али ја затворија
Title: Одг: Безжична комуникација со сензор за топлина
Post by: SKOLS_OLD on 16.08.2010, Monday, 23:36:16
не, тој е нешто како претварач од топлина прави електрична енергија
во зависност од температурата тој на излезот дава некој напон
после тој напон преку ADC од микроконтролерот се преработува во дигитален облик и после се обработува во микроконтролерот и во зависност од програмата/ намената која му е зададена на тој мцу се врши некоја операција..
сигналот е аналоген :) ( накратко ова )
  мислам ДС1820 дава на излез дигитален влез!!!Нешто грешка имаш не е аналоген и не се прави АД конверзија на излезниот сигнал од температурниот сензор!!!
Title: Одг: Безжична комуникација со сензор за топлина
Post by: Birokrat on 16.08.2010, Monday, 23:36:54
1 начи инфраред ( помала далечина 5-10м )
2 начи РФ хибридни модули ( поголема далечина 20+м)

првиот начи може лесно да се изведе бидејќи има гготови склопови кој се наменети за тоа
твоја работа ќе биде само да напишеш програма на компјутер/ софтвер кој ќе комуницира со сериската порта и ќе испраќа податок до Ir лед диода кој ќе го побудува тој склопот.
малку електроника ќе се чачне нешто на овај дел и тоа е готово

вториот начи е малку посложен и за ова ќе се потребни 2 микроконтролери кој ќе се направат така да се поврзуваат еден со еден и ќе биде мн поскапо..
види ги темиве

http://elektronika-mk.net/index.php?topic=1783.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=1783.0)
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=159.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=159.0)

со некој мали измени за да може да се користи портот ќе се таман, бар так мислам

Не ми кажа каков тип на микро контролори ќе ми требаат и каде можам да ги најдам, е да и колку чинат?
Title: Одг: Безжична комуникација со сензор за топлина
Post by: Devil on 16.08.2010, Monday, 23:46:37
пик најверојатно PIC16F628 20MHz
по можност едно поефтини се друго имаа  доволна меморија, е сега да најдеш некој шо знае асемблер или некој програмски јазик и се е решено :)

Моја грешка со сензорот, измешав малку некој работи
да на излез од овај се добива дигитален сигнал  :-\
Title: Одг: Безжична комуникација со сензор за топлина
Post by: SKOLS_OLD on 16.08.2010, Monday, 23:50:52
Можеш да искористиш некој микро контролер од типот ПИЦ16Ф630 за предавател,тој ќе се наоѓа на некое место на пр. на маса.На него ќе биде прикучен темп. сензор и исто така РФ предавателот!!А за приемник користи го ПИЦ16Ф628,заедно со РФ приемникот и ако сакаш приклучи ЛЦД дисплеј па така да вметни го во далечинското за клима уредот така да се вклучува.(хакни го далечинското на клима уредот)Т.е. направи го со СМД делови за да моше да го вметнеш во далечинското и со проводници до копчето за пуштање на климата!! ;D ;D ;)
РФ модулите се отприлика околу 600 ден. (заедно 1200)

Споено мислење: [time]17 Август 2010, 00:01:03[/time]
дај да направиме некој проект па да го дадеме на Емитер да го има во списание!!!
А ти Девил од кој град си???

Споено мислење: 17.08.2010, Tuesday, 01:04:07
а чек немаш далинско од еркондишонот
пошто тој сигурно има сензор, е сега проблемот е следен
треба да најдеш како е кодиран сигналот од далинското кој се праќа на еркондишнот
пошто не можеш со било каков сигнал да го побудиш мора да има некој посебен сигнал со кој се побудува, или ќе земеш јово наново цел систем ќе го преправиш што не ти препорачувам :)
проблемот е комуникацијата меѓу еркондишнот со компјутерот

наједноставно направи некој термометар ( аналоген не мора нешто посебно ) баждари го, земи реле и направи го еркондишнот цело време да работи, е сега релето постави го да го исклучува од струја, кога ќе крени температурата ќе се активира релето и ќе се уклучи еркондишнот ;D

Оваа идеја не е баш добра бидејќи ако се гаси напојувањето на клима уредот ќе дојде до негово оштетување!!
Пс Вујко ми е енергетичар и работи во фирма за клими,па ми кажа дека ако се гаси климата со вадење на кабелот од напојување може да дојде до нејзино оштетување!!!
Title: Одг: Безжична комуникација со сензор за то
Post by: Birokrat on 17.08.2010, Tuesday, 12:11:55
1 начи инфраред ( помала далечина 5-10м )

првиот начи може лесно да се изведе бидејќи има гготови склопови кој се наменети за тоа
твоја работа ќе биде само да напишеш програма на компјутер/ софтвер кој ќе комуницира со сериската порта и ќе испраќа податок до Ir лед диода кој ќе го побудува тој склопот.
малку електроника ќе се чачне нешто на овај дел и тоа е готово

Се одлучив да го реализирам првиов проект пошто е полесен и поефтин, колку да одбијам осет со "материјава".  ;D

Може да ми направиш листа на елементи кои треба да ги купам и да ми кажеш каде да ги купам.  ;D

п.с ако може да ми препорачаш броеви од емитер кои имаат допирни точки со проектов
Сум зараѓал, последен пат со електроника сум се бавтал на часовите по ОТП 7 и 8 одделение ;D
Title: Одг: Безжична комуникација со сензор за топлина
Post by: Devil on 17.08.2010, Tuesday, 12:14:28
листа на елементи сам ќе си направиш 2 минути работа е
а каде да купиш, ако си скопје
види ја темава
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=483.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=483.0)
ако си од друг град од каде си, за да ти кажам :)
дали планираш да правиш некој проект наново или ќе користиш веќе готов ?
дали имаш нешто познавање од програмирање на микроконтролери ?
дали имаш програматор за истите
доколку немаш има многу теми на форумов со програматори направи си  еден :)

проекти од емитер во врска со ова не знам :(
Title: Одг: Безжична комуникација со сензор за то
Post by: Birokrat on 17.08.2010, Tuesday, 12:37:34
листа на елементи сам ќе си направиш 2 минути работа е
а каде да купиш, ако си скопје
види ја темава
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=483.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=483.0)
ако си од друг град од каде си, за да ти кажам :)
дали планираш да правиш некој проект наново или ќе користиш веќе готов ?
дали имаш нешто познавање од програмирање на микроконтролери ?
дали имаш програматор за истите
доколку немаш има многу теми на форумов со програматори направи си  еден :)

проекти од емитер во врска со ова не знам :(

Брат бе ко да живееш во форумов веднаш ми одговори.  ;D

Од Скопје сум.
Немам апсолутно никакво искуство ниту со микроконтролори ниту пак со програматор.
Имам искуство со C,C++ и assembler if that counts.

Дома имам неколку диоди,кондезатори,транзистори и леткум.

Ќе мора да ми препорачате саглам продавница пошто вчера со тој човекот од ГАЦ електроник не искомуницирав баш најдобро.
Ми рече во стилот имаш на нет сајт од емитер и имаш списанија кои доаѓаат со материјалите од реалзираните проекти.

Ај ако можете искочете му во сусрет на поштеног човека.  ;D
Title: Одг: Безжична комуникација со сензор за топлина
Post by: Devil on 17.08.2010, Tuesday, 12:48:29
ќе биде тешко да се работи значи
пошто немаш никакво, ај не никакво али мало искуство во електрониката проблем ќе биде да се работи со микроконтролери
дали можеш ти да направиш софтвер на компјутер кој на излез ќе дава сигнал од 38кHz ?
се разбира со некој мали прекини измеѓу, да се неколку микросекунди прекините
тоа треба да е кога прицкаш на нешто копче во софтверот да дава таков сигнал на излез
ако е можно ова ако не ќе бараме друго решение
ама нема да биде едноставно

и не живеам на форум,  туку долго време сум онлајн :)
Title: Одг: Безжична комуникација со сензор за топлина
Post by: deophorant on 17.08.2010, Tuesday, 13:09:28
Ако веќе немаш искуство од електроника, а си програмер заборави ги микроконтролерите и сложената електроника. Идејата е добра ама нема така брзо да дојдеш до реализација. Мојот совет ти е следниов. Се што ти треба е една сеиска порта (од компјутер), DS1820, IR LED. Значи температурниот сензор ке го врзеш на сериската на 2 контрилни сигнали, преку некој трансивер што насоката на комуникација ке му ја кажуваш со трет контролен сигнал. Ке си наместиш BAUT RATE на 38KHz, ќе ги најдеш сигналите за ON, OFF на климата и ке ги генерирас тие. Истово можеш да го направиш на паралелна порта. За софтверот нема да објаснувам зашо веке кажа дека си програмер. Почни вака, зашто тоа што го сакаш сега за сега е преголем залак за тебе. (и NASA  не почнала од екипаж кон марс)
Title: Одг: Безжична комуникација со сензор за топлина
Post by: GigaWatt on 17.08.2010, Tuesday, 14:44:22
Само што треба да провери кои се контролните сигнали за ON и OFF на климата, тоа може да се провери, но потребен му е осцилоскоп и IR приемна диода врзана за осцилоскопот :S.
Title: Одг: Безжична комуникација со сензор за топлина
Post by: Birokrat on 17.08.2010, Tuesday, 14:54:15
Ок, баталете ја сериската порта дајте ми нешто поедноставно.

Сакам да го рeaлизирам проектов на линков или нешто слично.

Code: [Select]
http://www.rentron.com/PICX4.htm
Kажете ми во кој број од списанието Емитер можам да најдам воркинг егзампл со овие три елементи

-микроконтролор- за да можам да научам да програмирам микроконтролор во асемблер или во PicBasic (PicBasic е бесплатен програм?)
-инфраред приемник- дали е битно приемникот со кој микроконтролор ќе го искомбинирам или нема везе?
-дигитален термометар/сензор- на пример DS1820

Quote from: Администрација
Кодирај линкови !

Правила на форумот:

http://elektronika-mk.net/index.php?topic=4.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=4.0)
Title: Одг: Безжична комуникација со сензор за топлина
Post by: SKOLS_OLD on 17.08.2010, Tuesday, 15:05:56
ГигаВат убаво ти кажа ти треба да го декодираш сигналот на далечинското од клима уредот т.е. да знаеш на која фрекв. ИР диодата од далечинското праќа сигнал кога се притиска Он/офф копчето!!Кога ќе ја добиеш фреквенцијата на осцилоскопот запиши си ја!!
Title: Одг: Безжична комуникација со сензор за топлина
Post by: Birokrat on 17.08.2010, Tuesday, 15:15:05
ГигаВат убаво ти кажа ти треба да го декодираш сигналот на далечинското од клима уредот т.е. да знаеш на која фрекв. ИР диодата од далечинското праќа сигнал кога се притиска Он/офф копчето!!Кога ќе ја добиеш фреквенцијата на осцилоскопот запиши си ја!!

Го прочита мојот последен пост?

п.с

При изработка на проективе ќе ми требаат голем број на електронски елементи,
затоа ве прашувам кои елементи (отпорници,кондезатори,транзистори) се најчесто користени?

Ако не ви е тешко направете листа од елементи кои треба да ги купам.

п.п.с Леткум и мултиметар имам.  ;D

Поздрав.
Title: Одг: Безжична комуникација со сензор за топлина
Post by: SKOLS_OLD on 17.08.2010, Tuesday, 15:30:50
Да ти кажам делови неможе да ти напише никој дека ти не си се одлучил со кој порт од компјутерот да го поврзеш уредот.Па сега дека серискиот порт е многу комплициран а ти исто така рече јас ти го препорачувам паралелниот порт ДБ25!!Тој е поедноставен,има 5 дигитални влеза,8 дата порти (излези) и 4 контролни порти!!Мислам користи го овој па затоа дека темп. сензор е дигитален поврзи го на еден од 5 дигитални влеза,ИР диодата поврзи ја на еден од 8-те дата порти!!Кога ќе ја пишуваш програмата внесуваш дека кога на портата од темпер. сензор се добие температура од +25 цел. степени треба на излезниот порт (каде што е ИР диодата) да праќа сигнал со одредена фреквенција!!Претходно измерената на осцилоскоп!!Така да не мора некој скапи делови и многу само сензор (400 ден. кошта) ИР диода (20-30 ден.),машки или женски порт(за на компјутер) некој отпорник и кондензатор,може и на плочката да ставиш напојување за 5 волти со напонски регулатор(7805 тој е околу 15 ден.)!!! ;DОва  ако го правиш тие ти се деловите!!!Ако стварно го правиш пиши ми на чет ке ти пратам порака со листа од делови!!!
Title: Одг: Безжична комуникација со сензор за топлина
Post by: GigaWatt on 17.08.2010, Tuesday, 16:46:35
-микроконтролор- за да можам да научам да програмирам микроконтролор во асемблер или во PicBasic (PicBasic е бесплатен програм?)

Прво, ти треба програматор за микроконтролерот, има неколку шеми за програмтори на форумов (веќе испробани, функционираат), така да прво треба да направиш програматор (хардверскиот уред преку кој микроконтролерот се вврзува со комјутерот за да можеш да го испрограмираш).

Најкористена пргограма (моментално, барем јас колку што знам) е MPLab (нека ме корегира некој ако грешам) и мислам дека има поддршка за PicKit 2 Clone (еден од многуте програматори за PIC микроконтролерите на Microchip, што можат најлесно да се најдат во Македонија, други видови на микроконтролери, малку потешко :S).

-инфраред приемник- дали е битно приемникот со кој микроконтролор ќе го искомбинирам или нема везе?

Да, има везе, повеќето типови на IR приемници и предаватели се горе долу стандардизирани, но има различни стандарди, тоа е проблемот. Не се сите исти. Ако го правиш проектот како што ти напиша SKOLS, нема да ти преба IR приемник, само IR предавателна диода (IR приемникот веќе си постои во самиот клима уред, така да нема потреба од него).

-дигитален термометар/сензор- на пример DS1820

Во сензори мног не се разбирам, особено не дигитални, но доколку другите членови од форумот викаат дека може да се најде овој сензор во Македонија, тогаш најверојатно може да се најде тука ;). Единствена работа што треба да се направи е да се симне datasheet за него и да се види како ги праќа примените сигнали (кодови, позитивна логика, негативна логика, итн.) ;). Мада како што реков претходно, ако го правиш проектот како што ти спомна SKOLS, нема да ти треба IR сензор, само предвателна IR диода (каква, тоа е веќе друго прашање, зависи од тоа каква предавателна диода има во далечинскиот управуач за клима уредот, ако има иста или компатибилна IR диода да се купи во Македонија, тогаш нема проблеми ;)).