Meне ми е сомнително дека тој предавател е 1MW. Работата е што со таа снага на VHF нема да се постигне посакуваниот ефект. Голема загуба а дометот нема да биде толку за да ја покрие цела држава како што би било доколку би се емитувало на MW AM. Потоа антенскиот систем мислам дека нема да крепи толкава снага, сепак тоа е играчка од антени ако се земе во предвид дека треба да ја емитуваат целата таа енергија.
Дури и засилувачкиот систем ми е сомнителен и не верувам да во толку мало кукиче ке збере толку габаритен предавател. Дури и радио пират не може да си дозволи да купи толку скап предавател, тоа го може само држава, но и таа тоа не би го направила. Нема потреба. Еве да ставиме таков предавател кај нас на Водно или на Св. Илија, колку ке има домет? Пола држава ? Сите предаватели на МРТ МР1 се може 200-300kW па и помалце. Предавателот на радио Македонија и радио Билјана е 1200kW (1,2MW) но како што кажа Диди, во реалност е пуштен на помала снага.
Мала корекција, тој предавател е транзисторски и е составен од моќни мосфети а ладењето е со клима уреди, до пред 2002 год. беше друг стар тип на предавател со голема лампа кој беше 300kW и се ладел со вода.
Овде има сигнал на радио Скопје низ Европа:
за подалеку да не збориме