Е па јас побарав таква услуга,сигналот кај што ни е викендичката е слаб,не знаеш какво е покривањето надвор од Скопје.
Зашто да купувам скапа сателитска антена и сателитски ресивер,кога сет топ боксот ме кошташе само 990 денари? Кај си видел сателитска антена и сателитски ресивер за 990 денари?
Ти да не работиш за некоја корпорација,штом пропагираш купување десет пати поскапа сателитска антена и ресивер,а уопште нема потреба од тоа?
Епа јас не побарав и сметам дека треба да ми остане изборот мој, дали ќе следам аналоген или дигитален сигнал, а не да бидам приморан да купувам дополнителна опрема. Мене не ми пречи снег дури и многу да има, воопшто не ми пречи. Многу повеќе ми пречи „сец сец“ и пикселизација на сликата. Не ради друго, и звукот почнува да сецка и всушност тоа ме нервира (и онака повеќе слушам отколку што гледам).
Јас не пропагирам купување на сателитски антени, само спомнав дека кој сака да следи чист дигитален сигнал, може да си купи сателитска антена. Инаку, да, сега, по дигитализацијава, нема потреба, ама требаше да остават опција кој сака да си користи аналогна, кој сака дигитална, само тоа кажувам, не треба да се гасат аналогните предаватели бидејќи, сега и оние кои имале совршено добар прием (или задоволителен) мора да купат set top box и тоа посебно (по еден) за секој телевизор бидејќи никој од set top box-овите кај нас нема RF илез за да можеш да си местиш по желба канали на секој од аналогните RF канали, па само да го пратиш потоа сигналот до сите останати телевизори кои ти се дома. За разлика од set top box-овите кои се продаваат кај нас, дел од сателитските рисивери имаат RF излези и можеш да местиш кои сакаш канали од сателитскиот прием да бидат на кои сакаш аналогни RF канали, па така, ти треба само еден сателитски рисивер во домот место 2, 3 ,4 (во зависност од тоа колку телевизори имаш дома). А што правиме ако дома имам 5 телевизори? Треба да фрлам 5000 денари за 5 set top box-а, а за 160 евра имам сателитски рисивер со RF излез, со контрола на мотори, заедно со монтажа, на принципот „далечинско на рака“. Можам ако сакам да врзам и 10 телевизори на него без некоја специјална дополнителна опрема (освен сплитери кои и онака не се скапи, а и не трошат струја). Зар не мислиш дека повеќе ми се исплати оваа инвестиција? Не сум зависен од никој, врзувам колку сакам телевизори за RF сигналот и немам по два далечински управувачи за секој уред (јас со еден не можам да се снајдам, пола од времето не знам кај ми е, па камо ли со два).
И по се ова, не може никој да ме убеди дека „мислеле на нас, корисниците“. Тоа се гледа дека е фасада зад која стои „ајде да им собереме некој денар на корисниците“. Кога јас влегувам во продавница за сателитска опрема, јас свесно влегувам и сам сум одлучил да дадам определена сума на пари за да следам дигитален сателитски сигнал, иако на располагање имам и обичен аналоген. Со дигитализацијава, јас сум приморан да купам додатна опрема за да можам да следам било каков терестријален пренос. Се надевам, ја согледувате разликата
.