Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Радио техника => Сè останато => Topic started by: DX-er on 18.11.2020, Wednesday, 21:22:09
-
-
Интересен документарец.
Дали овој објект работи и сега или не? Исто така и предавателот?
-
Работи, сега е дигитална технологија префрлен не е баш како во видеото XD
-
Работи објектот само што од тогашните фрекфенции, исти се само оние на ФМ
-
А опремата за FM дали е иста?
-
А работи ли некој таму? Или управуваат од далечина со него? :)
-
Не ми се верува да се истите ФМ предаватели, сепак многу години се помимати.
Иначе од предавагелите што ги спомнаа, АМ предавателот во Битола не работи, мислам дека и столбот не постои веке.
На Пелистер двата аналогни ТВ предаватели се исклучени (4канал за МТВ1 и тој на за МТВ2 на UHF) Може не требаше да го гасат 4 канал, не сметаше никому и така таа фрекфенција никој не ја користи ниту ке се користи за нешто како DVB-T, DAB+, 5G и сл. а покриваше до Солун.
Има луѓе тамо каако и на Црн врв и Туртел. Тие се дежурни екипи. На Пелистер имаат цела лабораторија и сервис за поправка на уредите. Ама имаат супер работно време, една недела се тамо а слободни се две или три недели? Ајде некој ако знае нека пише.
-
Се уште имаат работно време како и кога е снимен филмот, се тргнува во среда од Битола, зимно време се патува со џип до негде (до крај на патот) и се продолќува со ратрак до антена, летно време патувањето е со џип, враќањето е во среда, се уште може да се случи да заглават подолг период, но тоа најчесто е 1-3 дена додека да се подобрат условите.
Во основа се она од видеото се уште функционира, само други се луќето и друга е опремата
Колку точно вработени има не сум сигурен.
-
Приметивте дека во тоа време грчката ТВ ЕРТ емитувала во црно-бела техника а пак РАИ имале добра програма. Многу е интересно од врвот на Пелистер да се скенира, што се може да се фати од радио и ТВ :)
-
Има луѓе тамо каако и на Црн врв и Туртел. Тие се дежурни екипи. На Пелистер имаат цела лабораторија и сервис за поправка на уредите. Ама имаат супер работно време, една недела се тамо а слободни се две или три недели? Ајде некој ако знае нека пише.
Мислам дека веќе не сервисираат, само ја носат опремата на овластен сервис доколку се расипа. Евентуално мали кварови, кабле некое зеза или нешто слично.
-
Мислам дека веќе не сервисираат, само ја носат опремата на овластен сервис доколку се расипа. Евентуално мали кварови, кабле некое зеза или нешто слично.
Убаво си ја наредиле :) уживанција е таа работа.
-
Убаво си ја наредиле :) уживанција е таа работа.
Да да, бомбона ;). Практично, работата им се сведува на седење и дремење ;D... и ако се расипа нешто, извади од rack, стави го на страна, иде у сервис :P :D.