Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Радио техника => Побарувања => Topic started by: TeslaBt on 14.04.2016, Thursday, 13:21:10
-
Вчера еден пријател ми даде стар 10-15 години 5W предавател. Е се арно го теситрав работи. Ама до сега не сум местел фреквенција на предавател со PLL. Еднио што јас направив е филтерот излезен што беше со сите делови од порано само јас го склопив.
(http://i.imgur.com/F9gFY8h.jpg)
Ете слика од PLL-от. Дали можи да ми поможите со местење на фреквенции или некој документ да ми дадете да видам како се местат ? Инаку сега го слупшам на 89.500MHz.
И на кој од овие два тримери можам да ја менувам снагата пошто со 5 вати и АЕК дома кај мене одма е.
(http://i.imgur.com/jxiSz6G.jpg)
Споено мислење: 14.04.2016, Thursday, 15:11:58
Се снајдов со PLL-от ми остана уште ватажата да ја намалам. Ако знај некој нека помогни околу намалувањето.
-
Или со намалување на напонот на напојување или со намалување на побудата,трето нема (има,само не верувам дека ќе се снајдиш а и шемата е потребна )
-
Тримерите на излез ти се за намалувајне на снагата на излезнио степен а на плл имаш тримерче кај излезо.
-
Тримерите на крај се за подесување на импедансата а не за намалување, ако намалуваш од тамо голема е веројатноста да прегори излезот по некое време.
Црниот тример нај вероватно е за намалување на побуидата а со тоа и снагата која иде на антена.
TeslaBt доколку сакаш да го ограничиш дометот во рамките на твојот дом или просторија, на излез наместо антена поврзи некој по моќен графитен отпорник од 50 оми.
-
Абе не е работата ни да ограничам ниту ништо сакав да ја намалам снагата , а и така ретко ќе го палам па да не ме ми го скини газот АЕК со казна зато. Имам 2 тримери едниот е од транзисторот главниот кон транзисторот за засилвање тој црниот Искра , а другиот не знам зошто е ама и тој е за снагата. Шема немам. :-\ Ваљда тој помалиот тример е за снагата.
-
Ова ке да е на радио Голди PLL - то колку што можам да видам. Тримерот е за силата тој кај малиот транзистор BFR. PIHER тримерчето или гледам имаш таму некој транзистор LM 317 T изгледа е за регулација за напонот и на 2SC1971 и одтаму можеш исто да го намалиш. Но најсигурно е PIHER тримерот каде што ти пишува Power одма до BFR транзисторот. Јас сум мераклија по предаватели па дај во целост да го видам пллто или целосно сосе излезот во кутија. Јас имам 10 ватен предавател со Вероника плл и Бостерот 2sc1971-2sc1946A и јас ке ставам некоја слика кога ке го склопам ;) .
-
Ова ке да е на радио Голди PLL - то колку што можам да видам. Тримерот е за силата тој кај малиот транзистор BFR. PIHER тримерчето или гледам имаш таму некој транзистор LM 317 T изгледа е за регулација за напонот и на 2SC1971 и одтаму можеш исто да го намалиш. Но најсигурно е PIHER тримерот каде што ти пишува Power одма до BFR транзисторот. Јас сум мераклија по предаватели па дај во целост да го видам пллто или целосно сосе излезот во кутија. Јас имам 10 ватен предавател со Вероника плл и Бостерот 2sc1971-2sc1946A и јас ке ставам некоја слика кога ке го склопам ;) .
Ќе направам галерија специјално за вас ентузијастите за радиа(вклучувајќи ме и мене), а за ЛМ317 , да тој е за регулација на напонот кон тој транзистор. Па ваљда со него се намалва , ама нема врска утре ќе видам ќе правам SWR/POWER метар и ќе видиме. Шо е како е и така не го уклучвам ни за сметање ниту за ништо само така некогаш да видам на вечер ко ќе спијат АЕКовци дали се слушаме со другарчиња. ;D
-
Дај направи неколку сликички нестрплив сум да видам ;) јас утре ке ставам од мојот 10 ватен предавател со плл контрола.
-
За 15 минути имаш. ;D ;D
-
Ок . Јас од утре натаму ке ставам слики од мојот предавател не ми е расклопен и така ме зафркава копчето за палење ке го отворам и ке го сликам. ;)
-
Се извинувам за сликите имам проблем со телефонот не се уклучва во bootloop влегва.
-
Ок нема проблем кога ке го средиш ке ставиш слики ;)
-
Имам проблем со мојо PLL како на колегата TeslaBt му имам пишано приватна порака но не ми одговара да ги споредиме мојо PLL и нековио оти на мојо му фала делови не работи доколку види на темава нека ми пиши приватна порака ќе се договориме.
(http://www.mediafire.com/convkey/6141/b2297b3oga1ej2mzg.jpg)
-
Тоа што Тесла БТ не ти одговорил, тоа е во ред, бидејки не е финтата да се прашуваат технички прашања приватно туку на форум, иначе за што би бил форумот? Нели треба и други на форумот да прочитаат па може на некој од нив ке им помогне ако го имаат истиот проблем. Значи тука има еден плус Тесла БТ. Башка што и во правилата така пише, прашањата од технички карактер на форум!
Друга работа, во правилата пише да не се закачуваат слики на форумот освен ако не се некои од важен карактер. Сликите околу решевање на проблем закачувајте ги на ХОСТ сервер. Еве еден таков:
https://postimage.io/
-
Јас не го прашував кизнае што па да не ми одоговори му пишав да се видиме пошто е од Битола да видам и да направам споредба спрема нековио PLL.
-
Добро, еве и мене не ми одговорил на она што го прашав во друга тема на форумов па никому ништо.... не може некој да го натераме да ни помогне освен ако самиот не сака, така да спокојно малце, ако не тој, некој друг ке ти помогне, не е ништо страшно :)
-
Ок како и да е не сакам да пишувам ништо стварно има лујѓе што не помага на форумов мада затоа е ова место има стварно лујѓе што не се приклучува по месеци а некои членови се пушта секој ден бара помош и ништо не реагира а има потреба од помош страмота.
-
епа има и такви само ке дојдат, ке си зарвшат работа и си одат, ке се појават пак кога ке им треба повторно помош... а они да помогнат? Боже сачувај. Тоа е тоа, секаде во сите свери на општеството има такви. Ама за тоа има и добри, хумани, вредни, паметни луѓе кои не се штедат да помогнат некому. Само треба секој од нас да се запраша кој во која категорија спаѓа.