Околу форумот > Побарувања

Изработка на Лого и мини банери за форумот

(1/4) > >>

Devil:
Почитувани членови,
Форумот има потреба од ваша помош, се разбира ова е доброволно не е задолжително, секој има право да учествува во ова.

Како што гласи насловот, птребни ни се членови кој би изработиле лого и банери за форумот
потребни ни се следните димензии

315p x 850p (850 пиксели широко на 315 пиксели високо )
повеќе мали банери и тоа со следниве димензии

100p x 500p (100 пиксели високо на 500 пиксели широко)

180p x 200p (180 пиксели високо 200 пикесли широко)

Идеата за дизајнот ви го препуштаме на вас, доколку се нафати некој да изработи, гледајте да биде во склад со боите на форумот, нека не штрчи многу и да не е премногу пренатрупана сликата нека биде умерена, на сите овие треба да стое името на форумов (Македонски Форум за Електроника).

Поради тоа што сме непрофитабилна организација, не можеме да ви понудиме финансиски средства со кој што би ви го платиле трудот, но верувам дека на повеќето од вас форумов ви помогнал некогаш.
Како надокнада може во тоа најголемото лого од 315p x 850p во десниот долен ќош да го ставите вашето име.

Со почит
Администрација на Македонски Форум за Електроника

п.с. Темава е намерно отворена во делот „Околу Форумот“ поради тоа што се работи за побарување поврзано со самиот форум.

п.п.с. Слободно коментирајте на темава доколку имате предлози или идеи околу оваа тематика.

Nakolce:
2 недели немам пипнато фотошоп... Ке пробам да скоцкам нешто едноставно но интересно (доколку ми дојде идеја) И дали изработката да ја поставам во темава или на ПП кај администраторот?

Едит
Еве првото


Едит 2
За другиве немам некоја идеја моментално.
еве нешто од прилика ама мене не ми се допаѓа.


Доколку ви врши работа тоа горе кажете ке ви пратам друг формат од сликата.
П.С. Намерно не се потпишав

Bojan:
Nakolce ако можеш најди некоја шема од форумов со некои лампи, трансформатори и такви работи па тоа да го ставиш во позадина...јас вака сугестии давам дека немам врска за цртање ;D

electron:
Еве еден предлог.



п.с. Сликата не е превземена од нет, моја е. (Сликав матична од лаптоп)

GigaWatt:

--- Quote from: Nakolce on 07.04.2012, Saturday, 23:41:00 ---

--- End quote ---


--- Quote from: electron on 08.04.2012, Sunday, 03:51:21 ---
--- End quote ---

Сега за сега, барем мене лично, ми се допаѓаат овие две (од вкупно три ;D).

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version