Други технологии > Електроенергетика

испитување на фаза на трофазен штекер

(1/4) > >>

masinist:
Како прво поздрав до сите членови на форумот и администрацијата на (колку што знам) првиот  Македонски форум за електроника.
Моето прашање не од областа на електрониката туку од електроенергетика па ако темата не е поставена на соодветно место модераторите нека ја преместат.
Ме интересира зошто на трофазен штекер кога проверувам со фазомер покажува дека има фаза иако има изгорено осигурач и тоа е така се додека не се извадат сите три осигурачи.
Знам дека најдобро меѓуфазен напон да се проверува со унимер или пак како што ние работиме на работа со две сиалици врзани во серија. ;)

Ова се случува и на монофазна струја некогаш.

Devil:
А дали пробавте да не има спој измеѓу фазите ?

--- Quote ---Ме интересира зошто на трофазен штекер кога проверувам со фазомер покажува дека има фаза иако има изгорено осигурач и тоа е така се додека не се извадат сите три осигурачи.
--- End quote ---

па се разбира дека ќе има, пошто трите фази би требало да ти работаат одделно една од друга, значи ако изгори осигурач од една имаш сеуште 2 други

masinist:

Грешка ме имаш разбрано,ако има еден осигурач изгорено фазомерот кажува дека сите три фази на штекерот  има напон и два да се изгорени повторно кажува дека имаат трите фази напон додека ако мериш со сиалици врзани во серија  не покажува напон.
Јас мислам дека е некоја индуцирана струја но од што може да биде таа струја индуцирана и дали може да се реши тој проблем. 

Devil:
јас мислам дека на трите фази имаш една, односно имаш спој
ако мериш со фазомер на која било ќе свети
а ско мериш со сијалици нема да светат оти с ена исти потенцијал ( 1 фаза )

BorceBT:
Можно е да е некоја индуцирана струја или влага во кабелот или во разводната табла (најчесто). Но може да биде и заземјувањето да не е во ред во објектот мора тоа да го проверите убаво!

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version