Електронски уреди > Дигитални камери и фото апарати

Проблем кај дигитален фотоапарат HP945, после нагло празнење на блицот.

(1/2) > >>

banjifiko:
Малку е покомплексен проблемот, за да биде во една речениц а сепак насловот да го опфати :(
Имено имам дигитален апарат HP 945, кој има блиц на извлекување, при што жиците што одат до блицот се прецвикале од отварање и при последното празнење на блицот, се случи краток спој на кондензаторот што го полни. Проследено со големо пукање. Го товорив апаратот и ги преспоив жиците, но сега не работи блицот. Дисплејот покажува дека софтверски е се ок, "charging flash" и потоа ништо. Му направив дијагностика, и таа покажа дека софтверски се е ок. Повторно го расклопив и со голема мака дојдов до кондензаторот





И како што се гледа навидум, се е ок. Прашањето е како да ја проверам тубата од блицот дали е добра. Или некој друг процес за тестирање.

Malecko:
За тубата да ја провериш ти треба релативно висок напон,минимум 3-4KV...Јас овие цефки ги испитував на таква Plasma ball,отвори ја внатре и пипни ја тубата на анодата од трафото,и ако се појават во нејзе бели искри значи работи :)

GigaWatt:
Најверојатно се „заварил“ кондензаторот од внатре, пробиена е изолацијата, поради пребрзо празнење. Пробај стави го на унимер на подрчје на диода (beep-ер) и види што ќе ти јави. Ако јави краток спој секунда (или две, три), а потоа отворено коло, значи кондензаторот е ОК, ако јавува краток спој цело време, значи кондензаторот е пробиен :S.

banjifiko:
Не постои ли можност од повторно празнење кога ќе го испитувам, бидејќи апаратот на дисплејот ми покажува "charging flash" па претпоставувам дека го полни.

batka:
Може да покажува дека полни,ама капацитетот да биде мал и не може цевката да ја *окине*.Најди најдобро друг кондензатор и пробај со него!

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version