Други технологии > Електроенергетика

Ладење на апрат за заварување

(1/2) > >>

macstr1k3r:
Незнам дали ми е темата на место префрлете ја доколку е на погрешна локација. Значи имам дома еден стар Искрин апарат за заварување со трафо. Трафото прави 24V/120A. У последно време почна да грее многу па ме интересира дали може некако да му наместам некој вентилатор/ладилник за да не грее толку.

LordZi:
Може, ама ако ти загрева само во последно време а претходно не греело може си има друга мака (спој во трафото, исправувачот и сл).

Zdravkovski:
Ставај вентилатор без гајле јас имам наместено на многу апарати ама ако ти загрева на кратко време и на помала ампеража особено на овие зимски температури дефинитивно имаш проблем особено ако ти се случило да ти падне и осигурач . Ако можеш не е лошо да го разгледаш и трафото да видиш дали има некоја намотка оштетена визуелно или ако е трофазно дали некоја од намотките е загреана повеќе од останатите. Ако се решиш за вентилатор земај од тие што личат како кулер имаат долг век на употреба а не се многу скапи. Мислам дека ги има во повеќето железари се до бугарско потекло и се со пристапни цени за името на фирмата не ми текнува .

BorceBT:


Стави му вакво нешто, кулер 12цм (од големите). Е, сега напојување за него употреби некој евтин „адаптер“ 12V и поврзи го на 220V после прекинувачот (ако е трофазен апаратот за заварување поврзи го помеѓу нулата и една од фазите).

macstr1k3r:
Ставив еден кулер, малку поголем директно на 220 се врзува. Го ископав во гаражата некаде. работи спие не се слуша. Инаку едниот намот е зацрнет.

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version