Други технологии > Електроенергетика

Заштита на батерии за рачен алат

(1/3) > >>

BorceBT:
Секој кој користел рачен алат на батерии (воглавно бормашини) е свесен дека батеријата не трае ни приближно колку што пишува во спецификацијата (1000 полнења или повеќе). Но, проблемот најчесто не е во тоа колку полнења сме направиле туку како сме постапувале према батериите. Најголем проблем имаат батериите во два главни случаи: Препразнување и Преполнување.

1. Препразнување: Имено што се случува. Секоја батерија на рачниот алат е составен од индивидуални батерии (келии). Кога најслабата келија ќе се потроши таа веќе не дава струја туку стои таму само како отпорник и низ неа тече струјата од другите батерии кои не се дотрошени. Со ова се појавува инверзен напон на батеријата и таа внатрешно врие и се препразнува и оштетува толку да наредниот пат е се послаба и послаба и во еден момент станува најслабата алка и батеријата глобално откажува (веќе таа батерија и како отпорник не работи).

2. Преполнување: Полначите за батерии што ги даваат со рачниот алат најчесто не се регулирани напонски и се составени од обичен трансформатор и една диода. Ова значи дека ако ја оставите батеријата подолго од предвиденото (а всушност и како би знаеле колку е предвиденото за одреден степен на истрошеност?) батеријата ќе се преполни, батериите ќе зовријат и се случува слично оштетување како горе споменатото.

Решение? Решението кое го смислив е едноставно и евтино (во споредба со купување на нова батерија или келии) и со сигурност ќе постигне вашата батерија да можете послободно да си ја дотрошите до крај па дури и да ја заборавите на полначот подолго од предвиденото со што би требало да ви трае барем двојно во поглед на полнења и празнења.

Шема:



Како функционира шемата: Шотки диодите SR560 (или слични) се ставаат на секоја ќелија и ги штитат ќелиите од инверзен напон, едноставно поголемиот дел од струјата тече низ нив наместо низ батеријата кога келијата е празна. И второ зенер диодата која е ставена на целата батерија ја штити батеријата од преполнување со тоа што го држи напонот на максимум дозволениот. Не заборавајте дека зенер диодата мора да е од моќните (5W) иначе ќе изгори.
На шемата е прикажана вредност на зенер диода за батерија од 7.2V За да ја пресметате вашата зенер диода користете вредност 30% поголема од напонот на батеријата. Запамтете дека доколку нема соодветна зенер диода можете да комбинирате (да поврзувате редно повеќе диоди) се додека не го постигнете (отприлика) напонот кој го пресметавте.

На сликата подолу е прикажан батериски пак со залемени диоди:

DX-er:
одлична работа :) него ова да не требаше во VIP да биде?

LordZi:
Хм, јас скоро секој ден употребувам акумулаторска бормашина и иако не сум приметил некое позначајно намалување на капацитетот на батеријата превентивно ќе го применам ова решение. Значи, за 12 волтна батерија зенерот би бил околу 15V/5W?

BorceBT:
Да, така е. Таков зенер би требало да има на лагер по продавниците, ако нема ставаш неколку од по 1.3W паралелно ;)

Zdravkovski:
кога ќе бидам во можност ќе ја испробам методава па ќе пишам што сум направил

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version