Други технологии > Електроенергетика

Работа на FID (FI) Склопка

(1/13) > >>

Malecko:
Здраво се надевам дека темава тука ќе биде нај соодветна,ако не е тогаш преместете ја.Е сега вака дали некој може да ми објасни како работи FI склопката дали работи со механика со биметална лента или има некои електронски компоненти како заштита при краток спој и дали заштитува од струен удар.И по што се разликува од автоматскиот осигурач?

deophorant:
FI склопките ги има од повеке производители и со разни конструкции (претежно мозокот е механика). Овие склопки се сосема различни од автоматски осигурачи. Се поврзуваат на трите фази и заземјувањето мора да иде преку нив. Всушност тие го исклучуваат напојувањето ако забележат струја низ заземјувањето. Ги има повеке верзии за различни струи на исклучување (5, 10, 20mA). А струја во заземјувањето може да се појави само ако е некој апарат во домакинството расипан (обично пробиена изолација или термички потрошувач). Сите метални делови на апаратите се поврзани за заземјување па ако се појави напон во заземјувањето склопката ке ја исклучи струјата за нас да не не здрма (ако станува збор за болјер може и да биде опасно по живот). Се надевам разјаснив некои работи окули овој заштитен уред. за сите нејаснотии дискусијата продолжува :)

Devil:
јас имам видено имаа поврзано некој отпорници со голема моќност ( негде 10-15W ) на склопката појма немам зошто се ..
дали некој знае како поточно се поврзува оваа фи склопка, дали има нешто шема или ?
и зошто исклучуваат на толку мали струи

deophorant:
Со секоја склопка кога ќе ја купиш со нејзе иде едно ливче на која ја има шемата за поврзување. Таа струја што збориме за исклучување е струја која ќе протече во заземјувањето. Имено ако сите уреди се исправни не постои струја во заземјување, а струјата е мала за да работи склопката и на прилично лошо заземјување кое има голем отпор.

GigaWatt:

--- Quote from: Devil on 13.07.2010, Tuesday, 22:16:15 ---и зошто исклучуваат на толку мали струи

--- End quote ---

Па најверојатно бидејќи не треба никаква струја да тече низ заземјувањето, освен се разбира некои мали јачини од редот на uA или nA (поради самата ограничена отпорност на изолацијата).

А инаку и мене би ме интересирало како работи FI-Склопката ;).

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version