Други технологии > Електроенергетика

Нуловање на зграда - новоградба

(1/2) > >>

Aowek:
Здраво до сите,

Прв пост на форумот :)
 
Немам познавање од електрика речиси никаков освен да врзам сијалица и штекер друго ништо.

За брзо се вселувам во стан , новоградба 2022 и сакав да поставам фид склопка во станот , другарче работи електрика дојде средивме се останато на крај фидот. Го инсталиравме и постојано фидот паѓаше кога ќе ги уклучев долните осигурачи. Се посоомнева на нуловање . Се јавивме кај инвеститорот и потврди дека е нулован систем цела зграда , како што знам тоа е забрането и во Македонија, видоа се бунам дојде мајстор кој демек ја преработи таблата и го инсталираше фидот.
По тоа што ми објасни на нулован систем нула и земја се врзани заедно и фидот никогаш нема да трипне на 0 и земја само на фаза и земја или фаза и 0. Тестираше со допирање на фаза и 0 паѓаше фидот. Било пуштено 4 х 10 кабел наместо 5 х 10, за фидот да работи правилно треба 5 х 10 кабел.

Фала ви однапред за помошта и советите.

Ме интересира дали е ова стварно забрането да се намести во зграда или не ?
Дали фидот си ја врши својата функција на овој начин или ме смотаа само колку да не се бунам?
Во згради на Голден Арт сум видел секаде имало фидови.
Зошто некој би нуловал во ова време? Дали е толку поефтино од одвојување на земја и 0.

bicikle:
поефтино е, затоа, инаку треба да е забрането. а фидот ќе си работи чим паѓал.

Devil:
ЕВН не поврзува објекти на мрежа доколку немаат исправно заземјување, ова е малку чудна ситуација во моментов..
Консултирајте се со некој кој извршува надзор на електрични инсталации а не е поврзан со инвеститорот на градбата..

mikromk:
Чудно но вистинито,треба да се побара записник од техничкиот прием на зградата.Дали воопшто е  проверено заземјувањето.Без технички прием зградата не смее да се користи.Ред Бул и се е можно.

MarkoMK:
ФИД склопки сега гледам се ставаат како стандард во новите градби.

Порано знам дека ставаа фид склопка онаму каде што беше слабо заземјувањето (еден вид замена/дополна на заштитата).

Тоа што ти кажале дека ќе реагира само на фаза и 0 или фаза и земја е точно, реално и нема некоја шанса од струјата што би течела помеѓу 0 и земја да ти се случи нешто, така што според мене е во ред заштитата..

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version