Други технологии > Електроенергетика

Помош поврзување на соларен панел со грејач од болјер

<< < (4/4)

GigaWatt:

--- Quote from: mikromk on 21.09.2020, Monday, 22:18:48 ---GigaWatt, електрогреачите не препознаваат права од неизменична струја, не се електромотори.
--- End quote ---

Тоа дека не препознава, нема збор.

А инаку, да, јас згрешив. 220V~ е ефективна вредност, што значи дека со истиот тој еднонасочен напон, ќе се постигне истата моќност како и со 220V~. Што значи дека сосема солидна вредност е 210V еднонасочен напон како еквивалент на 220/230V~.


--- Quote from: mikromk on 21.09.2020, Monday, 22:18:48 ---Големата акумулација на топла  вода дозволува користење и во денови кога нема сонце.
--- End quote ---

100 литри бојлер да монтирам за да имам топла вода и кога нема топли денови... извини, ама пак ќе речам. Немам намера станот само со бојлери да го полнам. Подобро ќе земам ќе сработам нешто плус и ќе ги покријам тие 200, 300 денари месечно струја за бојлерот отколку цел стан само бојлери да ми е. Можеби некои имаат големи станови, ама што правиме ако некој има мал стан? Или мало WC? Па сигурно нема да го стави во спална или дневна бојлерот.

Да, ова е решение, ама не и за конкретната ситуација. Лесно изводливо и добро е за во куќа. За во стан, не. Членот кој праша живее во стан... барем јас така разбрав.


--- Quote from: mikromk on 21.09.2020, Monday, 22:18:48 ---Точно за станови е проблем  монтирање на каков и да било соларен систем за загревање на топла вода, но мојот предлог се темели на минимална инвестиција и што побргу враќање на истата
--- End quote ---

Не знам што подразбираш под минимална инвестиција, ама се што е над 100 евра е голема инвестиција... барем за мене... бидејќи парите ќе си ги вратам тек по 4 или 5 години... и за што? За 200, 300 денари помала сметка за струја.

Искрено, оваков систем е исплатлив само ако планираш да правиш нешто како hosting/серверска просторија. Зошто? Ќе објаснам. Прво, компјутерите континурано влечат помалку струја во однос на бојлер. Реално гледано, можеш комотно да опслужиш две до три моќни машини (кои патем, може да опслужуваат околу 100-тина и повеќе сајтови) со систем со 20, 30 панели. Второ, не се екстремно зависни од напонот кој го добиваат на влез. И да падне, не е страшно, сите работат од 110 до 230V, не е проблем и ако падне под определена вредност. Трето, (ова е предност и кај греачите, но сакам само да напоменам), работат и со еднонасочен напон. Четврто, дури и ако наплаќаш по 20 евра од година за hosting по сајт (а најчесто се плаќа повеќе од тоа), инвестицијата си ја враќаш за рекордно време, година дена максимум... се потоа е само ќар. Дури и ако го користиш системот само преку ден, не и преку ноќ, пак си ќар, најголем дел од денот е скапа струја ;). И со тие пари, ќе си ја платиш повисоката сметка за струја поради бојлерот :P :D.

Значи, да бидам краток и јасен. Вакви инвестиции се исплатат само ако има 24/7 експлоатација на системот при (скоро) фиксна потрошувачка на уредите (примерот кој го наведов погоре). Тоа е практично системот на кој работи секоја електрична централа. Се исплати, ама само ако се експлоатира секојдневно континуирано. Во секоја друга комбинација, системот ќе биде или неискористен, или преоптоварен на моменти, што може да предизвика оштетување на системот... што значи дека нешто ќе се расипа и пак мора да греете бојлер на мрежно напојување ::).

Ова се важи под услов панелите да се навистина 10 евра по парче... па еве нека се и 20. Ако е 100 евра парче, ни ова не се исплати... односно се исплати, ама исто како и во случајот кој го наведов претходно (инсталирање на ваков систем во домаќинство), ќе ти се исплати по 10 години... да врзам 2000, 3000 евра за систем кој ќе ми се исплати по 10 години, барем за мене е фрлена пара, ништо повеќе од тоа.


--- Quote from: krema on 21.09.2020, Monday, 22:46:17 ---Вакви акумулатори се потребни за акумулирање од фотоволтаични панели, изгор скапи се!
--- End quote ---

Тоа е башка муабет... ама да инвестирам во бизнис како што наведов погоре, да, би ги земал. Најголем проблем кај тој бизнис се сметките за струја. Серверите не влечат многу струја, исто како и PC, ама континуирано влечат бидејќи мора да бидат online 24/7. Тоа е проблемот.

И со 10-тина акумулатори ќе си го решиш проблемот за оние 2, 3 часа, по стемнување и префрлување од скапа на евтина тарифа и после ќе тераш на евтина тарифа ;).


--- Quote from: bicikle on 22.09.2020, Tuesday, 01:32:05 ---Може и болер со 2 греачи, има...
--- End quote ---

Има, ама и тие работат на струја ;D. Пак треба од некаде да ја произведеш, така ;D.

bicikle:
Ако веќе правиш таков систем, поарно да земиш еден бољер од 150-200л со 2 греачи него 2 бољери. Не дека би правел.
Па и за во куќа немаш есап. И да имаш машина за садоби и алишта шѕо ќе ја користи таа вода, пак немаш есап.
Ако користиш систем под притисок за 5-6 години ќе се наполни со вигор, ќе почне да кородира и толку од него, поправката е скоро колку системот ( ако го земиш предвид и времето. Најчесто коштаат 300-600еу.
Вториот систем е изолиран, по долготраен но почетната инвестиција е 1000-2000евра, што ти по 500 денари ако штедиш, тоа ти се 100 еу месечно, што во најдовра варијанта ќе ти се исплати после 10 години. Да сме здеави живи после 10 години.
Како идеја ок е да се размислува нобтреба да се земе предвид и исплатливоста.

GigaWatt:

--- Quote from: bicikle on 22.09.2020, Tuesday, 07:31:59 ---Како идеја ок е да се размислува нобтреба да се земе предвид и исплатливоста.
--- End quote ---

За исплатлив, исплатлив е, но на многу многу долг рок. За 10 години не знам дали ќе живеам тука или дали ќе бидам жив... такво е времето. Така да, јас не би се одлучил на таков чекор.

А како инвестиција во некој бизнис како што спомнав погоре, да, се исплати и парите се враќаат назад за рекордно време, една година максимум.

DS:
Благодарам на сите за сугестиите во оваа проблематика :)

bicikle:
Еното е бизнис и треба да го работиш, другото е за топла вода :)
Ама да, за 10 години здрави и живи да сме.

Navigation

[0] Message Index

[*] Previous page

Go to full version