Други технологии > Електроенергетика

Помош поврзување на соларен панел со грејач од болјер

(1/4) > >>

DS:
Имам неколку прашања и потребна ми е мала помош. Сакам да поврзам соларен панел со болер (класичен болјер 220VAC). Затоа што во зграда не е изводливо да се влечат цевки сакам да ја искористам следнава шема и болјерот да се поврзе директно преку инвертер.



Колку е изводливо и дали се исплати? :)

Прашања:

1. За колку време ќе се полни батеријата од 12V, 100Ah доколку се користи пример соларен панел од 12VDC,500W? p=u*i, i=p/u=500/12=41.6A . Дали тоа значи дека за 1 час ќе наполни 41Ah доколку напонот на панелот е постојано 12V? Каков панел да се стави?
2. Дали е доволно инвертер 2kW,220VAC ако грејачот на болјерот е 2kW?
3. За колку време ќе ја испразни батеријата при товар од 2kW?

Благодарам  :D

bicikle:
1. 20 тина саати, со тек на време повеќе. Имаш загуби. Акумулаторот не голта све што му се сервира, ако го полниш со 46А ќе го спржиш за 3 дена. Стационарните акумулатори се поиздржливи но со интензивно користење сепак нема да траат долго. Имаат работни саати или полнења и кога ќе ги потрошиш тоа е тоа, треба да ги смениш и не се ефтини. 
2. Како не би го "возел" посројано на максимум инверторот, итреб д земиш нешто појак инвертор, значи 2kw + 30% загуби, најмалце 2600 w, но јас би ти рекок 3kw.  Едино оди во предвид 2kw некој хај енд т.е. високо квалитетен инвертер, во кој најверојатно овие загуби му се пресметани плус има луфта.
3. Па, 2000/12 =166А, несметајќи загуби, сосе загуби грубо земено батеријата ќе држи пола саат. Стационарните батерии ( старите, со новите може е поинаку) препорачано е да се празнат со струја 1/10 од капацитетот, односно ако имаш батерија од 100ah може да ја празниш со 10А... што значи ти требаат 20 вкви акумулатори, што е малце безвеза.
Но, тука се сончевите колектори за вода, кои се далеку попрактични од 20  акумулатори , и на една тараса од 5м ширина најверојатно ќе ти овозможат 60-70% од потребите за топла вода барем 200 дена во годината и тоа на долг период, пошто одржавањето е минимално со што ги прави погодни за топлење вода. Секако тарасата треб да е на југ.
Батериите општо се голем проблем, за било која индустрија, инљку нафташите одамна ќе беа заборавени.
Идеално би било цела вертикала да се усогласите и да инсталирате соларни панели за топла вода. Само тоа е тешко изводливо кај нас.
Има два (еодуша повеќе ) системи на топла вода, едниот ситем е истата вода да врви в панели, и тој систем не би ти го препорачал, а другиот е со бољер со изменувач, односно во бољерот има башка цефки низ кои врви загреан антифриз, кој пак е загреан во панелите и е на некој многу помал притисок за разлика од овие првиве. Овј систем е нешто поскап, но далеку по стабилен, по долготрен и по веродостоен. И ако се зезне нешто ќе истечи само антифризот и тоа е тоа, во спротивно кај првиот систем цел систем е поврзан на градската мрежа за водоснвдувње, значи ќе течи додека не заприш некој вентил. Капак во првиот систем ќе ти се збира 'рѓа, бигор нечистотии, вториов систем еднаш го полниш со антифриз и дестилирана вода и раат си следните 10 години....
Одприлика тие се моите познавања за оваа област.

GigaWatt:

--- Quote from: DS on 20.09.2020, Sunday, 23:28:42 ---Колку е изводливо и дали се исплати? :)
--- End quote ---

Изводливо, да... дали се исплати, не. Барем не со цените на сите посебни делови кои ги спомна (значи со конверзија на енергијата во електрична, па пак во топлинска). Прво, ќе имаш многу загуби, второ, многу скапи се сите делови за изградба на ваков систем (интертер, фотоволтаични панели, акумулатори, итн.). А и животниот век на акумулаторот ќе му го истрошиш за 2, 3 дена. Тие не се наменети да континуирано (половина час, час) влечеш од нив по 100, 150 ампери. Тоа да, ама само при палење на колата, краткотрајно. Така да, сметај дека ќе треба барем 4, 5 такви да ставиш за да се растоварат доволно за да не се оштетат по неколку дена користење.

Скапа инвестиција, во секој случај. Ќе ти се исплати тек по 10, 15 години, а тогаш таман ќе треба да менуваш пак панели. ::)

bicikle:
Башка акумулатори се за овие намени, не се тие за кола, но и тие не се семоќни, и даваат 1/10 од капацитетот. Може да даде и повеќе, ама ќе види зорт ...

LordZi:
Убаво си измислиле луѓето сончеви колектори за топла вода, не треба ни акумулатори, ни инвертори.

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version