Други технологии > Електроенергетика

Подно греење

(1/2) > >>

MKD-Boy:
Поздрав дечки, барав нешто слично низ форумов ама не најдов.

Дали некој е запознаен околу греењето на електрична енергија, поточно подно греење?
Имам видено, на многу места, подно греење за под килим (изработено од некоја фолија/најлон, тенки бакарни жички незнам дали беа лакирани.. дирекно врзани на 220в без додатни електроники... дали некој има идеа/познавање како би можело да се изработи?
Видов сите беа различни димензии, сите дирекно на 220в, пример 1000х500 другото 500х500 третото 400х200.

Hahahaha:
Тоа не е бакарна жица, тоа е (ако не грешам) тантал жица, ја има во сите греачи. Таа жица има своја отпорност и со помош на омов закон пресметуваш колку ќица треба да ставиш за која моќност да ја добиеш. Тие фолиите што служат за изолација незнам каде се наоѓаат ама треба да се отпорни на повисока температура.

GigaWatt:

--- Quote from: Hahahaha on 24.01.2019, Thursday, 00:55:32 ---Тоа не е бакарна жица, тоа е (ако не грешам) тантал жица, ја има во сите греачи.
--- End quote ---

Кантал жица ;). Со „к“, не со „т“ ;). Така ја викаат кај нас. Изгледа прв бренд кој дошол кај нас под кој се продавала оваа грејна жица, бил овој ::) :D.


--- Code: ---https://www.kanthal.com/
--- End code ---

Мислам дека во конкретниот случај станува збор за легура на железо, хром и алуминиум (FeCrAl).


--- Code: ---https://en.wikipedia.org/wiki/Kanthal_%28alloy%29
--- End code ---

Има и други легури. На пример, на светско ниво, овој тип на грејна жица е попознат како „нихром“ жица (легура на никел и хром, NiCr).


--- Code: ---https://en.wikipedia.org/wiki/Nichrome
--- End code ---

Така да, ако бараш нешто online, подобро е да пребаруваш со "nichrome" отколку со "kanthal", повеќе резултати ќе извади ;).

Инаку, колку што знам, MKD-Boy е во право. Жицата е бакарна, не е тоа кантал жица. Зошто? Прво, поевтина е во однос на кантал жицата. Второ, на толку намотки (не знам колку точно се мота, ама не е малку), отпорноста е прилично голема, така да, нема сигурно да предизвикаш краток спој.

Е сега, околу бројот на намотки... не знам... некој (не ми текнува сега кој, колега ли, пријател... навистина не ми текнува... па поради тоа, не знам ни кого да допрашам сега :-\) кој имал изработено вакво подно греење, ми имаше кажано „моташ дур не го покриеш цел тепих“. Е сега, ова и не е баш некој научен метод, ни растојание меѓу намотка, ни димензии на тепих... ништо не ми спомна... ама не се ни заинтересирав тогаш... беше чисто онака, „лаф муабет“. Може да побарам online ако си заинтересиран, не верувам дека ова се применува само кај нас. Верувам дека некаде ќе начекаме и пресметки ;).

LordZi:
Мислам дека негде уште имам вакви греачи, ако ги најдам ќе ставам слики. Едно време беа доста популарни, до толку што секој втор почна да ги прави. Жицата е бакарна лакирана, должината и дијаметарот зависат од димензиите на греачот и го знеаја „мајсторите“ што ги правеа, најверојатно по принципот „абе слушнав од оној...“ ;) Фолијата колку што се сеќавам беше релативно подебела и дупла, заварена помеѓу намотките за да не се допираат.

MKD-Boy:

--- Quote from: Hahahaha on 24.01.2019, Thursday, 00:55:32 ---Тоа не е бакарна жица, тоа е (ако не грешам) тантал жица, ја има во сите греачи. Таа жица има своја отпорност и со помош на омов закон пресметуваш колку ќица треба да ставиш за која моќност да ја добиеш. Тие фолиите што служат за изолација незнам каде се наоѓаат ама треба да се отпорни на повисока температура.

--- End quote ---
Не е тантал материјал, а искрено и танталот незнам како би се понашал за вакво нешто 100% сум сигурен дека беше бакарна жица, а дури и мислам дека беше нај обичен дебел најлон конристен..

--- Quote from: GigaWatt on 24.01.2019, Thursday, 07:36:37 ---
--- Quote from: Hahahaha on 24.01.2019, Thursday, 00:55:32 ---Тоа не е бакарна жица, тоа е (ако не грешам) тантал жица, ја има во сите греачи.
--- End quote ---

Кантал жица ;). Со „к“, не со „т“ ;). Така ја викаат кај нас. Изгледа прв бренд кој дошол кај нас под кој се продавала оваа грејна жица, бил овој ::) :D.


--- Code: ---https://www.kanthal.com/
--- End code ---

Мислам дека во конкретниот случај станува збор за легура на железо, хром и алуминиум (FeCrAl).


--- Code: ---https://en.wikipedia.org/wiki/Kanthal_%28alloy%29
--- End code ---

Има и други легури. На пример, на светско ниво, овој тип на грејна жица е попознат како „нихром“ жица (легура на никел и хром, NiCr).


--- Code: ---https://en.wikipedia.org/wiki/Nichrome
--- End code ---

Така да, ако бараш нешто online, подобро е да пребаруваш со "nichrome" отколку со "kanthal", повеќе резултати ќе извади ;).

Инаку, колку што знам, MKD-Boy е во право. Жицата е бакарна, не е тоа кантал жица. Зошто? Прво, поевтина е во однос на кантал жицата. Второ, на толку намотки (не знам колку точно се мота, ама не е малку), отпорноста е прилично голема, така да, нема сигурно да предизвикаш краток спој.

Е сега, околу бројот на намотки... не знам... некој (не ми текнува сега кој, колега ли, пријател... навистина не ми текнува... па поради тоа, не знам ни кого да допрашам сега :-\) кој имал изработено вакво подно греење, ми имаше кажано „моташ дур не го покриеш цел тепих“. Е сега, ова и не е баш некој научен метод, ни растојание меѓу намотка, ни димензии на тепих... ништо не ми спомна... ама не се ни заинтересирав тогаш... беше чисто онака, „лаф муабет“. Може да побарам online ако си заинтересиран, не верувам дека ова се применува само кај нас. Верувам дека некаде ќе начекаме и пресметки ;).

--- End quote ---
Баш така, е сеа водејќи се малце математички... да земиме бакарна жица со пресек од 1мм2 во должина од 1м отпорот некаде му е околу 0,0154-0,0174.. земајки ја вредноста на напонот 220v или (220:0,0154=14,285 или околу 15м жица кога добиената вредност би ја помножил со напонот да речеме 220x14,285=3142,7.... и тн, тука заглавувам со математиката.. ) еве да речеме на должина од 15м жичка од 1 квадрат, не би правела краток спој, но колку ке грее ?!


--- Quote from: LordZi on 24.01.2019, Thursday, 10:45:16 ---Мислам дека негде уште имам вакви греачи, ако ги најдам ќе ставам слики. Едно време беа доста популарни, до толку што секој втор почна да ги прави. Жицата е бакарна лакирана, должината и дијаметарот зависат од димензиите на греачот и го знеаја „мајсторите“ што ги правеа, најверојатно по принципот „абе слушнав од оној...“ ;) Фолијата колку што се сеќавам беше релативно подебела и дупла, заварена помеѓу намотките за да не се допираат.

--- End quote ---
Искрено ми изгледа како да се ставени жичките во обичен дебеч најлон вакумиран, па со некоја си пегла лепен..
 Доколку сум грешка со целото пишано, корегирајте ме :)

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version