Други технологии > Електроенергетика

Помош за врзување на електромотор

(1/4) > >>

bicikle:
Сакам да го врзам на една фаза, кој има повеќе инбо, моторов е индустриски трифазен, но е 370 вати е пренаменет и нема потреба од 3 фази, него само една.



Моторот е AEG AD 71 NZ 4

tanatos:
Потребен ти е кондензатор од околу 30 микрофаради за мотор од 370 вати. Поврзувањето е во триаголник. Од поврзувањето на кондензаторот зависи насоката на вртење.

GigaWatt:
Со тоа што, така ќе грее повеќе бидејќи аголот меѓу фазите не е 120 степени, туку 90 степени, но ќе работи ;). А можно е и да не го постигне декларираниот број на вртежи.

bicikle:
Голем кондензатор за малку моќ... Како се семета, ме интересира? ако не е комплицирано?



Вака?

tanatos:
Пресметките се малку комплицирани и зависат од многу фактори (оптоварување на моторот, корисно дејство, ........).
Но во практика за некритична употреба се употребува поедноставување 70-80 мукрофаради на 1 киловат. Односно 7 или 8 микрофаради на 100 вати.
За лесно оптоварени мотори (вентилатори) 5 микрофаради на 100 вати. За тешко оптеретени мотори може да отиде до 11 микрофаради .
Но во твојот случај би почнал со 8 микрофаради на 100 вати, па во зависност од работата на моторот би корегирал плус минус некој микрофарад.

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version